ВМРО-ДПМНЕ: Борба против тероризмот

Јакнењето на системот на национална безбедност, одржувањето на стабилноста во земјата и борбата против тероризмот како глобална закана остануваат наш приоритет и во новиот мандат. Управата за безбедност и контраразузнавање како рамноправен партнер на соодветните служби од други држави, ќе продолжи со интензивна размена на информации за терористички групи и нивните мрежи за поддршка во функција на унапредување на мерките и активностите за откривање на организаторите, извршителите и логистичарите на терористичките активности. [Рок: континуирано]

Образложение:

Со оглед на чувствителноста на темата не сме во можност да навлеземе во понатамошно истражување на ова ветување. Ветувањето се оценува како неконкретно. [Ажурирано на: 22.06.2013]

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција