ВМРО-ДПМНЕ: Втора и трета фаза на проектот Тетра

Со продолжување со втората и третата фаза од проектот Тетра ќе се постигне 100% покриеност на територијата со дигитален радиосигнал за потребите на полицијата и потенцијал за приклучување на други институции. [Рок: 2012 – 2015]

Образложение:

Во тек е втората фаза на проектот Тетра. Во досегашниот тек на оваа фаза завршена е изградбата на 26 нови базни станици, како и извршено е подобрување на 11 од постоечки станици. [Ажурирано на: 22.04.2013]

Во  текот на 2013 година Република Македонија, беше домаќин на завршниот проект “Дигитален систем за радио комуникации за потребите на полицијата“, или кусо именуван како ТЕТРА 2, финансиски поддржан од Европската унија, а посветена на напредокот кон  максимална покриеност на целата територија на Република Македонија со полициски дигитален радио сигнал.

На 13 февруари 2013 година министерката Гордана Јанкуловска изјави:

„Со завршување на овој и реализација на идниот проект „Интегрирано гранично управување“ – ТЕТРА 3 во рамки на ИПА 2009 програмата очекуваме да се постигне максимална покриеност на целата територија на Република Македонија со полициски дигитален радио сигнал“

Во досегашниот тек  (13.02.2013) завршена е изградбата на 26 нови базни станици, како и извршено е подобрување на 11 од постоечки станици. [Ажурирано на: 06.04.2014]

Во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Безбедност и внатрешни работи“, за проектот „Отврорен регион“ е наведено:

„Завршена е втората фаза од проектот „ТЕТРА‘‘ и постигната е 65 % покриеност на територијата со дигитален радио сигнал за потребите на полицијата и потенцијал за приклучување на други институции. За имплементација на овој проект, консултантот Vialto и МВР се добитници на сребрен медал на светско ниво од Constantinus International“

Имамајќи го предвит сето ова може да се констатира дека ветувањето: „Втора и трета фаза на проектот Тетра“ е делумно исполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција