ВМРО-ДПМНЕ: Изградба на 20 објекти за културна и туристичка понуда

Проектот предвидува изработка и поставување на 20 културно-информативни монтажни објекти (урбана опрема) на фреквентни и атрактивни локации низ целата држава, наменети за продажба на културно-туристички промотивен материјал сувенири, скулптури, антиквитети и други репрезентативни примероци. Монтажните објекти ќе бидат поставени во Скопје, Битола, Тетово, Охрид, Крушево, Преспа, Дојран, Табановце, Богородица и во националните паркови Маврово и Пелистер заради побогата културно-туристичка понуда на Република Македонија. Носител: Министерството за култура. [Рок: 2011 година]

Образложение:

Првите 4 објекти од проектот за иградба на 20 објекти за културна и туристичка понуда, се промовирани на 7 март, 2012 година (по изминување на дадениот рок).

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција