ВМРО-ДПМНЕ: Ѕвезди на светската книжевност

Едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“ е проект од исклучителна важност. Една од главните задачи на оваа едиција, која ги содржи најдобрите дела од светската книжевност, е да го посочи континуитетот во светската литература и да укаже на нејзиниот развоен пат, како и унапредување на македонскиот литературен јазик. Преку овој проект, до македонските читатели на едно место ќе бидат достапни сите дела кои ја одбележаа врвната светска книжевна историја. Носител: Министерството за култура. [Рок: 2014 година]

Образложение:

Во Јануари 2014 година беа промовирани нови 60 наслови како дел од проектот „Ѕвезди на светската книжевност“, со што вкупниот број на преведени дела се искачи на 269. Со ветувањето до 2015 година, предвидено е да се промовираат 560 книги.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција