ВМРО-ДПМНЕ: Обнова и конзервација на повеќе фасади во Скопје, Битола, Крушево, Кратово и други градови

Годишно од буџетот на Министерството за култура за оваа намена ќе се обезбедуваат средства за обнова и конзервација на четири до пет фасади во Скопје, Битола, Крушево и во други градови. Со реализацијата на предвидените активности ќе се зачува автентичноста на старата градска архитектура во повеќе градови во нашата земја. Носител: Заводите и музеите во наведените градови. [Рок: 2015 година]

Образложение:

Минстерката за култура Елизабета Канчевска Милевска изјави дека Во првата фаза на овој проект, до крајот на годината ке бидат конзерирани и реставрирани пет објекти во Скопје, Кратово, Прилеп, Битола и Крушево. Објектите ќе добијат автентична нова фасада, обновени балкони, огради и прозорци. По изготвувањето, анализата ќе биде доставена до Владата на РМ, со цел да се утрвди план и динамика за понатамошна заштита, конзервација, реставрација и презентација на фасадите во другите градски јадра. [Ажурирано на: 04.05.2012]

Во првата половина на 2013 година Министерството за култура промовираше шест реконструирани фасади на значајни споменички целини на објекти на градски јадра во Крушево, Скопје, Охрид, Битола и Прилеп. Во тек е интервенција на фасадите од строградски куќи со впечатлива надорешност во Кичево, Гевгелија, Кратово и во Крушево. [Ажурирано на: 12.04.2014]

Во Отчетот за сработеното на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Култура“, за проектот „Обнова и конзервација на повеќе фасади во Скопје, Битола, Крушево, Кратово и во други значајни градски јадра“ е наведено:

Досега е обновена старата градска архитектура во: Охрид, Скопје, Прилеп, Крушево, Битола, Гевгелија, Кратово, Кичево, Гостивар. Проектот продолжува во континуитет и со цел да се заштити богатото културно наследство на Република Македонија. [Ажурирано на: 12.04.2014]

Според тоа, може да се каже дека ветувањето за обнова и конзервација на фасади во повеќе градови е исполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција