Скопскиот аквадукт исчистен, најавена негова целосна ревитализација

Заев најави акција за целосна заштита и конзервација на Аквадуктот Фото: Принтскрин

 

Во октомври 2016 година во предизборието за предвремените парламентарни избори (11.12.2016), СДСМ ја  обвини тогашната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ за уништување и целосна негрижа за скопскиот аквадукт. Тогаш Роберт Алаѓозовски како претседателот на Комисијата за култура на СДСМ, ја даде следната изјава во која вети:

Скопскиот аквадуктот има историско и културно значење за граѓаните на Република Македонија и може да биде вистинска туристичка атракција.

Новата влада предводена од СДСМ ќе го заштити аквадуктот како културно наследство на Скопје.

Комплетно ќе го рехабилитираме оштетениот аквадукт и просторот околу него, ќе ја исчистиме и уредиме реката, а просторот ќе го заштитиме како културен предел.

Аквадуктот и неговата околина ќе ги претвориме во туристички и културен простор за сите граѓани на Македонија, како и за туристите кои го посетуваат главниот град.

[Извор:Веб-страница на СДСМ, датум: 12.12.2017]

 

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на социјалдемократите ( дадено во кампањата пред вонредните парламентарни избори -декември 2016), дека по доаѓањето на власт ќе го исчистат и целосно ќе го  рехабилитираат Скопскиот аквадукт е во тек. Просторот околу аквадуктот е исчистен,  а како што беше најавено  при  посетата на објектот (25.02.2018) на премиерот Зоран Заев, министерот за култура Роберт Алаѓозовски, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски, во наредниот период ќе има „акција за негова целосна заштита и конзервација’“

Во изјава за медиумите Заев  кажа:

Како што гледате, просторот околу овој бесценет историски објект, кој во изминатите години беше претворен во дива депонија, оставен запустен без никаква грижа, сега е целосно исчистен. Оттука па натаму, продолжуваме со интензивна акција, која треба оваа локација да ја претвори во атрактивна дестинација за граѓаните на Скопје, на Македонија, но и за регионалните и светските туристи.

Министерот Алаѓозовски соопшти дека почнува целосна ревитализација на Скопскиота аквадукт и дека за оваа година се обезбедени околу 18 илјади евра за изработка на проект за конзервација на аквадуктот:

По повеќегодишно институционално запоставување, во 2018 година издвоиме 1.100.000 денари за изработка на Проект за конзервација и реставрација на Скопскиот аквадукт. За оваа наша уникатна знаменитост, подготвени сме да вложиме и повеќе за да го спречиме нејзиното пропаѓање и да го заживееме овој прекрасен дел од градот. Први за конзервација се најзагрозените делови на аквадуктот, а понатамошната реконструкција ќе се одвива внимателно и стручно во неколку фази.

Просторот околу Аквадуктот е исчистен, но со оглед на тоа дека реконструкцијата на објкетот е најавена и допрва треба да реализира, ова изборно ветување на СДСМ  засега (26.02.2018) добива оценка „во тек“.

Во наредниот период  „Вистиномер“ повторно ќе се наврати на ова ветување и ќе провери како се спроведува конзервацијата на  Аквадуктот.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

 

 

l

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција