„АстраЗенека“ не е кинеска фирма и не е точно дека „умреле сите кои ја примиле оваа вакцина“

Фото: flickr.com / Marco Verch Professional Photographer: CC BY 2.0

„АстраЗенека“ е британско-шведска мултинационална, фармацевтска и биотехнолошка компанија со седиште во Кембриџ, и, оваа компанија нема 45.000, како што се тврди во постот на Фејсбук,  туку 70.600 вработени. Во повеќе земји каде се аплицираше вакцината  „АстраЗенека“ се појавија случаи на несакни ефекти – згрутчување на крвта,  па некои европски држави привремено го запреа вакцинирањето со оваа вакцина. Од компанијата соопштија дека до 8 март во ЕУ и Велика Британија со нивната вакцина против ковид-19 се вакцинирани 17 милиони луѓе и досега биле забележани 15 случаи на длабока венска тромбоза и 22 случаи на белодробна емболија. СЗО смета дека придобивките од вакцината АстраЗенека ги надминуваат нејзините ризици и препорача земјите да продолжат со имунизацијата на населението со оваа вакцина

„АстраЗенека“ е британско-шведска мултинационална, фармацевтска и биотехнолошка компанија со седиште во Кембриџ, и, оваа компанија нема 45.000, како што се тврди во постот на Фејсбук,  туку 70.600 вработени. Во повеќе земји каде се аплицираше вакцината  „АстраЗенека“ се појавија случаи на несакни ефекти – згрутчување на крвта,  па некои европски држави привремено го запреа вакцинирањето со оваа вакцина. Од компанијата соопштија дека до 8 март во ЕУ и Велика Британија со нивната вакцина против ковид-19 се вакцинирани 17 милиони луѓе и досега биле забележани 15 случаи на длабока венска тромбоза и 22 случаи на белодробна емболија. СЗО смета дека придобивките од вакцината АстраЗенека ги надминуваат нејзините ризици и препорача земјите да продолжат со имунизацијата на населението со оваа вакцина

 

 

Објава на Фејсбук шири дезинформации за вакцината „АстраЗенека“, но и за самата фармацевтска компанија, ја манипулира јавноста дека коронавирусот не постои и истовремено агитира против процесот на вакцинација. Во постот, којшто е прилично вирален и во моментот на нашата рецензија има 668 споделувања, се тврди:

Астра зенека, кинеска фирма со 45 000 вработени.

Сите кои ја примија,се мртви.Неколку држави ја прекинаа.

Мајк :ковид е измама,одбивајте вакцини и маски.

Ова е план за масовна депопулација.

Но, сето ова не е точно.

Прво, „АстраЗенека“ не е кинеска фирма, туку британско-шветска мултинационална фармацевтска и биотехнолошка компанија со седиште во Кмебриџ. И, оваа компанија нема 45.000 туку 70.600  вработени  во 2020 година, според податоците објавени во угледниот американски бизнис-магазин „Форбс“, на „Википедија“, а со пребарување на „Гугл“  овие податоци може да се видат и на други веб-страници.

Исто така, не е вистинито ниту тврдењето дека „сите кои ја примиле вакцината се мртви“. Вистина е дека во повеќе земји каде се аплицираше вакцината „Астразенека“ се појавија случаи на несакани ефекти – згрутчување на крвта,  па некои европски држави привремено го запреа вакцинирањето со оваа вакцина. Најпрво Данска на 11 март, па следуваа Норвешка, Исланд, Бугарија, Ирска, Холандија, Германија и Франција. Австрија, Естонија, Летонија, Литванија и Луксембург го прекинаа вакцинирањето со дози од една производствена серија на „АстраЗенека“, додека Италија и Романија го стопираа користењето на друга производствена серија.

Компанијата „АстразЗенека“ излезе со соопштение (14.03.2021), во кое вели дека:

Внимателниот преглед на сите достапни податоци за безбедноста на повеќе од 17 милиони вакцинирани луѓе во ЕУ и Велика Британија со вакцината против ковид-19 на АстраЗенека, не пронајде докази за зголемен ризик од белодробна емболија, за длабока венска тромбоза или тромбоцитопенија кај која било старосна група, пол, серија или во одредена земја.

Досега низ цела ЕУ и Велика Британија се забележани 15 случаи на длабока венска тромбоза и 22 случаи на белодробна емболија меѓу вакцинираните со оваа вакцина, според бројот на случаи кои компанијата ги доби до 8 март.

Од компанијата додаваат дека ова е многу помал број случаи, отколку што би било природно споменатите симптоми да се појават кај волку широка популација, а слично е и со другите регистрирани вакцини против ковид-19.

Светската здравствена организација (СЗО) на 17 март во посебна изјава за безбедноста на вакцината против ковид-19 на производителот АстраЗенека, препорача земјите да продолжат со имунизацијата на населението со оваа вакцина.

СЗО смета дека придобивките од вакцината АстраЗенека ги надминуваат нејзините ризици,  се наведува во изјавата на СЗО.

Во врска со појавата на несакани ефекти и прекинувањето на вакцинацијата со оваа вакцина во повеќе земји, регионалниот директор за Европа на СЗО, Ханс Клуге, во интервју за телевизијата „Телма“ рече дека и Европската агенција за лекови (ЕМА) и СЗО ги разгледуваат случаите, но истовремено нагласи дека „бенефитот од вакцинацијата, вклучувајќи ја и „Астра Зенека“, надалеку ги надминува ризиците“ (од 3,32 до 3,54 минута од видеото).

Стапката на тромбоза или несаканите ефекти кои се забележани кај луѓе кои се вакцинирани се многу, многу пониски од целото население. Во таа насока, ќе следуваат заклучни извештаи, но она што сега мора да за запомни е дека факторот на уништување, кој предизвикува смрт, е самиот вирус, вели Клуге (од 3,58 до 4,30 минута од видеото).

Што значи, неспорно е дека вакцината штити од болеста, особено од тешките форми на ковид-19 и интенцијата за  имунизација на населението никако не оди на иста линија со некаков измислен план за масовна депопулација, како што се тврди во постот што го рецензираме.

А, освен што е насочена против вакцинацијата, оваа манипулативна објава пропагира да не се носат маски и тврди дека ковид -19 е измама. Но, наспроти ова, ставовите на здравствените власти кај нас, како и препораките на Светската здравствена организација (СЗО) јасно сугерираат дека маските се исклучително важни за заштита од коронавирустот и за спречување на ширењето на болеста.

На  веб-страницата на СЗО посветена на ковид-19 има посебна секцијата за маски каде се вели дека:

Маските се клучна мерка за сузбивање на преносот и спасување животи.

Носењето маски се препорачува, бидејќи тие штитат, така што ги блокираат капките од заразеното лице  да стигнат до друго лице и да го инфицираат (за безбедно растојанието се смета два метра).

А, за тоа дека ковид-19 не е измама, туку релна и опасна болест говорат поразителните статистики на новозаболенни и починати од коронавирус. Според СЗО, досега (заклучно со 17 март) се потврдени   120.383.919  случаи на ковид-19 и 2.664.386 починати во светот, а во Македонија се регистрирани 115.222 заболени, а починале 3.388 лица.

Па, имајќи ја предвид целата аргументација оваа Фејсбук објава ја сметаме за дезинформација.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција