Бали сено не биле сместени под Триумфалната порта во Париз

Фото: Принтскрин ФБ пост

Фотографијата на која се чини дека се прикажани трактор и бали сено поставени во близина на Триумфалната порта во Париз, не е од протестите на земјоделците, туку е создадена со помош на вештачка интелигенција.Таа беше споделена на Инстаграм од профилот наречен The Trillionaire Life минатата недела. Оригиналната објава, пак, е на инстаграм сметката ifonly.ai, која споделува фотографии генерирани со вештачка интелигенција

Фотографијата на која се чини дека се прикажани трактор и бали сено поставени во близина на Триумфалната порта во Париз, не е од протестите на земјоделците, туку е создадена со помош на вештачка интелигенција.Таа беше споделена на Инстаграм од профилот наречен The Trillionaire Life минатата недела. Оригиналната објава, пак, е на инстаграм сметката ifonly.ai, која споделува фотографии генерирани со вештачка интелигенција

 

Откако Ајфеловата кула во Париз стана мета на лажни вести, поврзани со протестите на француските земјоделци, објави на Фејсбук ја пикираа и Триумфалната порта. Па така, објава на Фејсбук сподели лажна фотографија од ова значајно француско здание, неточно сугерирајќи дека земјоделците во Париз за време на протестите го исполниле просторот околу Триумфалната порта со бали сено. Нашата проверка покажа дека станува збор за фотографија креирана со вештачка интелигенција.

Франција се враќа каде и е местото, вели објавата.

Принтскрин ФБ пост

Во друга објава, фотографијата е споделена со сатиричен коментар, без притоа да се нагласи дека таа е лажна, односно креирана со вештачка интелигенција.

ТРИУМФАЛНО ГУМНО!, стои во објавата.

Лажната фотографија ја најдовме и тука споделена без коментар, односно без објаснување за што станува збор, така што лесно се шири како дезинформација.

Фотографијата на која се чини дека се прикажани трактор и бали сено поставени во близина на Триумфалната порта во Париз, не е од протестите на земјоделците. Всушност, таа е создадена со помош на вештачка интелигенција.

Таа беше споделена на Инстаграм од профилот наречен The Trillionaire Life минатата недела. Оригиналната објава, пак, е на инстаграм сметката ifonly.ai, која споделува фотографии генерирани со вештачка интелигенција.

Се чини дека сметката на infonly.ai е со седиште во Париз и го користи Midjourney како алатка која се употребува за создавање на лажни слики. На сметката дури има и забелешка дека во обид да се спречат какви било „лажни вести“ секој што споделува слики од сметката треба да наведе дека се направени со помош на алатки за вештачка интелигенција.

Оваа серија е генерирана од AI на Midjourney. За да спречите какви било „лажни вести“ поврзани со горенаведените фотографии, ве молиме наведете при споделувањето дека ова не се реални, туку слики генерирани со вештачка интелигенција, стои на објавата на ifonly.ai на Инстаграм.

На сите овие објави им недостига контекст. Во ниту една не е наведено дека фотографијата е креирана со вештачка интелигенција и дека таа не е реална, односно не го прикажува протестот на земјоделците во Париз.

Точно е дека земјоделците во Франција протестираат против предлозите на владата за промени во земјоделскиот сектор во земјата. Земјоделците се вознемирени поради сè што се случува – од плановите за отплата на заемот до значително повисоката стапка на самоубиства кај француските фармери во споредба со општата популација. Цените на житото, исто така, паднаа во земјата, што е еден од многуте други проблеми со кои се соочуваат земјоделците, според француската мрежа Франс 24.

Но, оваа фотографија не прикажува протест на француските земјоделци, особено што ваквата сцена, доколку е вистинска, ќе ја преземеа многу информативни канали. Но, ваква вест не може да се најде никаде.

Подемот на алатките за создавање вештачка интелигенција во изминатите две години придонесе за поплава од лажни слики на различни веб-страници. Неодамна на удар беше и Ајфеловата кула. Фотографија креирана со вештачка интелигенција, со слична сценска позадина како оваа со Триумфалната порта, беше споделувана на социјалните мрежи. Фотографијата беше преземена од истиот инстаграм профил кој е познат по креирањето фотографии со вештачка интелигенција. Вистиномер за ова веќе пишуваше.

Луѓето мора да бидат многу претпазливи кога прелистуваат сајтови како Икс или Фејсбук и да ја третираат секоја фотографија со скептицизам.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека протестите на земјоделците во Франција се реални, но оваа конкретна фотографија од Триумфалната порта опколена со бали сено, е лажна.

 

Овој напис е дел од заеднички проект на над 50 организации под водство на Европската мрежа за стандари при проверката на факти за справување со дезинформациите околу европските избори во 2024 година. Повеќе можете да дознаете на elections24.efcsn.com

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција