Без ниту еден доказ се обвинуваат НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Фото: Принтскрин видео Јутјуб

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди  дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се нуди ниеден доказ. Петкратното убиство кај Смилковско Езеро се случи на 12 април 2012 година. За овој случај, познат кај јавноста како „Монструм“ имаше повторно судење и тој доби судска разрешница. Доживотен затвор добија Алил Демири и браќата Агим и Африм Исмаиловиќ. Хаки Азири беше осуден на казна затвор од девет години, а Фејзи Азири на казна затвор од 15 години. Ослободителна пресуда доби единствено обвинетиот Сами Љута. Во ниту еден момент од судскиот процес не беше истакнато дека осудените биле од Ал Каеда, ИСИС итн

 

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди  дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се нуди ниеден доказ. Петкратното убиство кај Смилковско Езеро се случи на 12 април 2012 година. За овој случај, познат кај јавноста како „Монструм“ имаше повторно судење и тој доби судска разрешница. Доживотен затвор добија Алил Демири и браќата Агим и Африм Исмаиловиќ. Хаки Азири беше осуден на казна затвор од девет години, а Фејзи Азири на казна затвор од 15 години. Ослободителна пресуда доби единствено обвинетиот Сами Љута. Во ниту еден момент од судскиот процес не беше истакнато дека осудените биле од Ал Каеда, ИСИС итн

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

И ИСИС и ал Каеда се чеда на ЦИА баба лажи ама трап не лажи. Ете на овие САТАНИСТИ слуги му се сдсШиптаРска и ДпСнеУдбашка. 
Ако го видите начинот на егзекуцијата Че видите дека е исто со ИСИС ако знаете дека главниот извршител е во Косово и не го екстрадираат Че ви стани јасно дека сатанско НАТО стои зад ова дело како тоа стои сатанско НАТО лесно многу лесно само сетете се КОЈ Е ГАЗДА НА КОСОВО и се Че ви стани јасно и кој го формира ИСИС.
Во склоп на објавата се споделува фотографија од жртвите на петкратното убиство кај Смилковско Езеро, од што се добива и контекстот за што зборува авторот на објавата.
За петкратното убиство кај Смилковско Езеро имаше судска разрешница во случајот познат кај јавноста како „Монструм“. Доживотен затвор добија Алил Демири и браќата Агим и Африм Исмаиловиќ. Со правосилната пресуда потврдена е и казната за Хаки Азири кој беше осуден на казна затвор од девет години, а Фејзи Азири на казна затвор од 15 години. Ослободителна пресуда доби единствено обвинетиот Сами Љута.
Осудените Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се во бегство во Косово, но и покрај распишаните потерници и ветувањата од Приштина тие досега не се екстрадирани во С. Македонија.

Петкратното убиство се случи на 12 април 2012 година кај Смилковското Езеро на Велики Четврток пред христијанскиот празник Велигден, кога беа убиени Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и рибарот Борче Стевковски.

Целиот судски процес „Монструм“ беше јавен и покрај криминалистички експерти, вештаци, имаше и заштитен сведок, како и бројни други сведоци. 

Oбвинителката Фатиме Фетаи рече дека Обвинителството смета дека станува збор за настан кој можел да предизвика повторен конфликт и да доведе до многу невини жртви и случка која ја засилила омразата помеѓу Македонците и Албанците, со оглед на тоа што се работи за одбрани жртви и за настан кој се случил неколку денови пред Велигден.

Веројатно најпрецизно мотивите и евентуално нивните наредбодаватели можат да ги кажат Африм и Алил кога ќе се соочат со домашен суд кога ќе бидат екстрадирани, верувам дека ќе дојде и тој ден. Агим не ја искористи таа можност. Мотивацијата да не се екстрадираат Агим и Африм можеби е и подлабока на што упатува и неоправданата пасивност на косовските власти, но времињата се менуваат и очекувам и тие да бидат донесени пред тој суд да се соочат со правдата и родителите на жртвите, рече Фетаи.

Во ниту еден момент од судскиот процес не беше истакнато дека осудените биле од Ал Каеда, ИСИС итн.

Во објавата што ја рецензираме се истакнува и дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се нуди ниеден доказ.

ЦИА не ги има креирано Ал Каеда и Исис. Оваа теорија на заговор потекнува од Доналд Трамп и е демантирана.

Проблемот со ова тврдење е во тоа што едноставно е невистинито. Го знам ова бидејќи како директор на ЦИА, учествував на секој состанок во периодот кога се влошуваше состојбата во Сирија. Во ниту еден момент на тие состаноци администрацијата не донесе каква било одлука експлицитно или имплицитно да ја поддржи Исламска држава или Ал Каеда во Ирак. Всушност фокусот на политиките беше баш спротивен. Администрацијата се обидуваше да осигури дека било каква помош која ќе биде испратена од САД нема да падне во рацете на екстремистите вклучително Исламска Држава и Алкаеда, изјави Мајкл Морелза Политико.

Во повеќе текстови на Политико тој ги потенцира финансиерите на овие радикални организации.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција