ДУИ: Нормативна рамка за унапредување на жените во сите сфери на животот

Промоција на креирањето на нормативната рамка која се залага за унапредување на жените во сите сфери на животот. ДУИ ќе предложи, во рамките на генералните проекти, а и во партнерство со другите фактори, едукативно-образовни мерки кои ќе создаваат простор, дух на толеранција и општа култура за признавање на улогата на жените во општеството како донесувачи на одлуки.

Образложение:

Нормативната рамка е исполнета, продолжува спроведувањето на националната стратегија против семејно насилство, но според извештајот на ЕУ дискриминаторски обичаи, традиции и стереотипите се широко распространети и ги поткопуваат основните права на жените. Според извештајот на ЕК постигнат е напредок при спроведувањето на Законот за еднакви можности меѓу мажите и жените. Но, за борбата против семејното насилство нема доволно свест кај населението и приод кој е чувствителен кон жртвите. Координатвиното тело за национална стратегија за борба против семејното насилство треба да ги зајакне своите напори во овој поглед. Учеството на жените во политичкиот живот останува ниско на локално ниво.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција