ДУИ: Правична застапеност до ниво на пропорционална застапеност според резултатите од пописот на населението

Демократската Унија за Интеграција има за цел да ја спроведе уставната одредба за правична застапеност до ниво на пропорционална застапеност според резултатите од пописот на населението.

Образложение:

Според извештајот од Агенцијата за државни службеници од 2009 [Пристапено на: 25.05.2011] се гледа дека застапеноста е доста подобрена во бројот на државни службеници. Во стратегијата на АДС за 2010-2012 [Пристапено на: 25.05.2011] се гледа јасно определбата за соодветна и правична застапеност. Но, во јавната администрација која брои околу 120.000 вработени пропорционалната застапеност според пописот на населението е доста тешко да се реализира за краток временски период.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција