ДУИ: Реформирање на јавните претпријатија надлежни за воздушниот сообраќај, контролата на цивилните летови, патната инфраструктура, поштата и железниците

Особено важна ќе биде трансформацијата и реструктуирањето на претпријатијата кои вршат јавни услуги, со посебен акцент на воздушниот сообраќај и контролата на цивилните летови, како и менаџирањето на управувањето и одржувањето на патната инфраструктура во главните и регионалните патишта. Посебно внимание ќе се посвети на целосното реформирање на компаниите кои управуваат со поштенски и железнички услуги со цел тие да станат функционални, профитабилни, економски одржливи, во служба  на граѓаните, во согласност со Европските стандарди.

Образложение:

Владата ги има дадено под концесија аеродромите во Скопје и Охрид, по што е започнат процесот на реконструкции.

Македонските патишта, железничка инфраструктура и аеродроми се полоши отколку во многу земји во Африка.

За катастрофалната состојба во железничкиот сообраќај имаат пишувано Бизнис и Глобус (пдф, стр. 26). Примери за несреќи, на 15.3.2010 и 29.03.2010 се достапни на веб-сајтот на Министерството за транспорт и врски.

На 06.05.2011 година, во рамки на предизборната кампања, промовирана е само една инвестиција од 10 милиони евра за подобрување на квалитетот на услугите и безбедноста на железниците…

Македонска пошта имала успешна година. На 21.04.11 Директорот на МП, Ејуп Рустеми даде отчет- Вкупните приходи за 2010 се во пораст од 6,6 проценти во однос на претходната 2009 година. Се очекува во текот на 2011 г. да се реновираат и адаптираат главните пошти, а имало и 269 нови вработувања.

Формирана е Агенција за пошти како независно тело, според соодветната Европска директива.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција