ДУИ: Спортски активности

Создавање на  услови и капацитети за да се стимулира младината  да се занимава со спортски активности.

Образложение:

Владата започна со проектот за изградба на 145 училишни спортски сали, во 2009 година, а планирано беше да се заврши во 2013. Според Отчетот на коалициониот партнер на ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, до мај 2011 година изградени се 9 спортски сали.

Освен тоа, во Скопје е реконструирана Националната арена „Филип 2 Македонски“, изграден е спортско-рекреативниот центар „Борис Трајковски“, а изградени се низа спортски сали, фудбалски игралишта и тениски низ земјата.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција