ДУИ: Странските инвестиции да ја постигнат или преминат сумата од 2 милијарди долари
ДУИ ќе се стреми за странските инвестиции да ја постигнат или преминат сума од 2 милијарди долари.
Образложение:
Ветувањето не е јасно дали годишните инвестиции (стандардниот начин на мерење) ќе ја поминат оваа сума или вкупниот број на инвестиции за четири години. Во 2009 во Македонија влегле 145 милиони евра, а во 2010 се 220 милиони евра. Сепак вкупно за половина мандат влегле 522 милиони евра, што значи дека поставената сума нема да може да се постигне.
Линкови:
- Народна банка на РМ. Извештаи за странски ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ. [Пристапено на: 27.05.2011]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар