ДУИ: Во 2020 година да се зголемат инвестициите во истражување и развој

Во Европската унија во Стратегијата Европа 2020, таргетот на инвестиции во науката (истражување и развој) изнесува 3% од бруто домашниот производ до 2020 година (од буџетот и приватните инвестиции). Демократската унија за интеграција ќе се посвети на реализацијата на оваа цел во Македонија во 2020 година да се зголемат инвестициите во истражување и развој до 3% од бруто домашниот производ. А буџетот за образование да постигне 5% од бруто домашниот производ. [Рок: 2020 година]

Образложение:

Ова ветување е недоследно затоа што се ветува за предолг период на време, до 2020, за која не се знае дали ДУИ ќе биде на власт, имајќи во предвид дека нормално мандатот им завршува во 2015 година.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција