Големата кашлица не е виртуелна, исто како што не е виртуелен и ковид-19

Фото: Amanda Mills, USCDCP/Pixnio

Наспроти тврдењето во објавата, пертусисот постои и не е измилен. Според последните информации (22.03.2024) говорат дека бројот на заболени од голема кашлица достигна до 251 случај во државата. Извештајот на Институтот за јавно здравје, покажува дека најмногу заразени има во Скопје, дури 88 отсто од заболените. Не е точно ниту дека ковидот бил виртуелен. Во нашата земја, од почетокот на ковид пандемијата заклучно со 21.03.20224 година, дијагностицирани се 350.520 заболени од ковид-19, а починале 9.971 (заклучно со 19.03.2024),  покажуваат податоците на Ворлдометер. Овие бројки не се само статистика, туку вистински луѓе. Неможно е да се манипулира со толкав број на заразени доколку пертусис и ковид-19 не постоеја

Наспроти тврдењето во објавата, пертусисот постои и не е измилен. Според последните информации (22.03.2024) говорат дека бројот на заболени од голема кашлица достигна до 251 случај во државата. Извештајот на Институтот за јавно здравје, покажува дека најмногу заразени има во Скопје, дури 88 отсто од заболените. Не е точно ниту дека ковидот бил виртуелен. Во нашата земја, од почетокот на ковид пандемијата заклучно со 21.03.20224 година, дијагностицирани се 350.520 заболени од ковид-19, а починале 9.971 (заклучно со 19.03.2024),  покажуваат податоците на Ворлдометер. Овие бројки не се само статистика, туку вистински луѓе. Неможно е да се манипулира со толкав број на заразени доколку пертусис и ковид-19 не постоеја

 

Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека големата кашлица е измислена, односно не постои, дека вакцините се смртоносни и дека зад прогласувањето епидемија од пертусис се крие некаква агенда за одземање на децата.

Виртуелна е кашлицата исто како и виртуелниот ковид. Удираат по вашите деца а родители се кријат како мицки под кошули. Ова е само тест проба да видат дали наредната година ќе премолчите децата кога ќе ви ги одземат, стои во објавата.

Истата е придружена со фотографија на која е прикажано бебе како прима вакцина и врз неа е испишано убиство, а додадени се и ликовите на лекарите Венко Филипче, Александар Петличковски и Драган Даниловски, алудирајќи на нив дека се убијци.

Објавата содржи низа невистини и недокажани работи. Истата се служи со манипулации и лаги, со цел да шири дезинформации во јавноста. Ова е особено опасно и штетно во ситуација кога во државата има епидемија од пертусис или меѓу народот познато како голема кашлица. Имено, ЦЈЗ Скопје прогласи епидемија на голема кашлица на територија на град Скопје на 08.02.2024 година, поради појава на зголемен број случаи со дијагноза на голема кашлица во краток временски период.

Според последните информации на Сител (во моментот кога е пишувана оваа реензија, 22.03.2023), бројот на заболени од голема кашлица достигна до 251 случај во државата. Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, заклучно со 14.03.2023 во државата се регистрирани вкупно 216 случаи на голема кашлица. Најмногу заразени има во Скопје – 190 (88 отсто), 8 лица се од Тетово, 5 лица живеат во Куманово, во Гостивар три и по еден случај е регистриран од Струга, Струмица, Дебар, Крива Паланка, Битола, Кавадарци и Кочани. Од заболените, регистрирани се 36 лица со хоспитализација (16,7 отсто) и тоа 31 (86,1 отсто) од нив на возраст до 4 години.

Ваквите бројки покажуваат дека големата кашлица е реална, а не измислена или виртуелна, како што тврди објавата.

Не е точно ниту дека ковидот бил виртуелен. Коронавирусот беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година. Со оглед на брзиот раст на бројот на заразени и на починати во многу држави, СЗО на 11 март 2020 година прогласи пандемија. Во нашата земја, од почетокот на ковид пандемијата, заклучно со 21.03.20224 година, дијагностицирани се 350.520 заболени од ковид-19, а починале 9.971 (заклучно со 19.03.2024),  покажуваат податоците на Ворлдометер.

На глобално ниво, заклучно со 22.03.2024 година, регистрирани се 704.308.357 заболени лица од ковид-19, а починале 7.007.032, покажуваат податоците на Ворлдометер.

Сите овие бројки не се само статистика, туку вистински луѓе. Неможно е да се манипулира со толкав број на заразени доколку пертусис и ковид-19 не постоеја. Ширењето на вакви теории базирани на немедицински пристап, претставуваат опасност и се штетни за јавното здравје.

Што се однесува до тврдењето во објавата дека вакцините се смртоносни, и тоа не е вистина. Напротив, тие се многу безбедни. На веб-страницата на УНИЦЕФ посветена на вакцинацијата, во делот за прашања и одговори е наведено дека сите вакцини минуваат низ ригорозни безбедносни тестови, вклучително и клинички испитувања, пред да бидат одобрени за јавноста. Земјите регистрираат и дистрибуираат само вакцини кои ги исполнуваат ригорозните стандарди за квалитет и безбедност. Вакцините се исклучително безбедни, а сериозните несакани ефекти се ретки. Речиси сите реакции или непријатности по вакцинацијата се мали и привремени, како што е болка на местото на инјектирање или блага треска. Здравјето на детето е многу поверојатно да биде нарушено поради болест што може да се спречи со вакцина, отколку од вакцина.

Вакцините спасуваат животи. Се проценува дека само вакцините против сипаници спречиле над 21 милион смртни случаи помеѓу 2000 и 2017 година. Вакцините помагаат да се заштити вашето дете од болести кои можат да предизвикаат сериозна штета или смрт, особено кај луѓе со неразвиен имунолошки систем како доенчиња.

Вакцинацијата помага да се стават под контрола над 20 болести како туберкулоза, дифтерија, детска парализа, сипаници, заушки и многу други, кои без вакцините би биле смртоносни за многу луѓе ширум светот. Податоците на Светската здравствена организација (СЗО) покажуваат дека вакцинирањето спречува два до три милиони смртни случаи од болести во светот секоја година.

Големата кашлица или пертусис е акутна заразна болест предизвикана од бактеријата „Бордетела пертусис“. Таа може да предизвика сериозен облик на болест кај сите возрасни групи, но најопасна е за новороденчињата и бебињата во првите два месеца после раѓањето до моментот на примање на првата доза на вакцина против пертусис. Главната карактеристика на болеста е кашлица во напади која може да трае со недели. Покрај кашлицата бактеријата може да предизвика компликации на респираторниот и нервниот систем кои може да остават трајни последици на мозочната функција и невролошкиот развој кај децата.

Компликации од пертусис може да се појават кај сите старосни групи на пациенти. Најтешки и понекогаш смртоносни компликации се јавуваат кај бебињата на возраст до 1 година. 7 од 10 смртни случаи од пертусис се јавуваат кај деца на возраст до 3 месеци. Најчесто се јавува кај бебиња и мали деца кои не се вакцинирани воопшто или имаат некомплетна вакцинација со една или две дози на вакцина од потребните три дози кои се примаат во првата година од животот. Кај доенчињата мозочните компликации може да предизвикаат трајни физички и психички пореметувања во развојот на децата.

Според Светската здравствена организација, пертусисот се пренесува лесно од човек на човек, главно преку капки од кашлање или кивање. Болеста е најопасна за доенчињата и е значајна причина за болест и смрт на оваа возрасна група. Првите симптоми вообичаено се јавуваат од 7 до 10 дена по инфекцијата. Тие вклучуваат блага температура, течење од носот и кашлица. Луѓето со пертусис се најзаразни до третата недела откако ќе започне кашлањето, пишува Дојче веле.

Најдобрата превенција против пертусис е вакцинација против ова високо заразно заболување. Вакцинацијата започнува со навршени 2 месец кај бебињата, а продолжува со вакцини на 4 и 6 месеци, по што следуваат ревакцини на 15-18 месеци и 6-7 години со цел да се одржи заштитата.

Според лекарите кај нас, освен вакцина, нема друго чаре за заштита од голема кашлица.

И Центарот за јавно здравје како превензија од оваа болест ја препорачува вакцинацијата.

За превенција се користи комбинирана Di-Te-Per вакцина која е задолжителна. Децата се вакцинираат со една доза на 2иот, 4иот, 6иот месец од раѓањето, на 18 месеци прва ревакцина и на 7 години втора ревакцина, стои на веб страницата на ЦЈЗ.

Објавата што ја анализираме шири и теорија на заговор за некаква скриени агенди за наводно одземање и убиство на децата, а исто така, со ставање фотографии од доктори за кои се посочува дека се убијци, истите јавно се линчуваат само затоа што апелираат да се спроведува задолжителната имунизација.  Вистиномер веќе пишуваше на оваа тема.

Објавите како оваа што ја рецензираме, кои апелираат до родителите да не ги вакцинираат своите деца затоа што децата ќе им починеле, се многу опасни, како по индивидуалното здравје на невакцинираните деца така и по колективното здравје. Прво ваквите објави не нудат никакви медицински факти и докази со коишто би ги потврдиле изнесените тврдења. Наспроти тоа постојат медицински докази и факти дека вакцините се безбедни и дека со нивната употреба досега се искоренети многу болести. Големата кашлица која сега зема замав кај нас е резултат на недоволната вакцинална покриеност. Ваквите објави се штетни и придонесуваат заразата да се шири од оваа болест која долго време беше неактивна.

Поради сето погоре, можеме да кажеме дека објавата што ја анализираме е неточна.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција