Говор на американскиот претседател Џо Бајден изваден од контекст

Фото: Принтскрин видео

Во постот е исечен само еден мал дел од говорот на претседателот на САД, Џо Бајден, без да се овозможи гледачот да види дека Бајден го критикува неприфаќањето на реалноста на изборните резултати, според кои тој е претседател на САД. И со ваквиот тенденциозен приказ се дава лажен контекст на самата изјава во којашто Бајден се осврнува на лажниот наратив кој го следи добар дел од републиканските поддржувачи. Двете реченици се навистина кажани среде говор, но исечен е само делот без контекстот, па се добива лажен впечаток дека Бајден признава изборна загуба и кажува дека Трамп е претседател на САД. Такво нешто не се случило како што е евидентно и од транскриптот на видеото и од самото видео

Во постот е исечен само еден мал дел од говорот на претседателот на САД, Џо Бајден, без да се овозможи гледачот да види дека Бајден го критикува неприфаќањето на реалноста на изборните резултати, според кои тој е претседател на САД. И со ваквиот тенденциозен приказ се дава лажен контекст на самата изјава во којашто Бајден се осврнува на лажниот наратив, кој го следи добар дел од републиканските поддржувачи. Двете реченици се навистина кажани среде говор, но исечен е само делот без контекстот, па се добива лажен впечаток дека Бајден признава изборна загуба и кажува дека Трамп е претседател на САД. Такво нешто не се случило како што е евидентно и од транскриптот на видеото и од самото видео

 

Рецензираме пост на Фејсбук во кој е изваден од контекст говор на претседателот на САД, Џо Бајден, одржан овој месец. Во склоп на постот има и кратко видео во коешто се слуша исечен дел од говорот на Бајден во кој тој вели ,,Јас не сум ваш претседател, Доналд Трамп е уште ваш претседател”. Авторот на постот тврди:

Не е монтажа, во среде говор е кажано.

Но, иако Бајден ова го кажува во својот говор, сепак, говорот е исечен, односно претставен е само еден дел од него и на таков начин добиен е погрешен контекст за тоа што всушност го тврди претседателот на САД. Тој во говорот се осврнува на дел од републиканските поддржувачи во САД, за коишто уште важи наративот дека изборите за претседател се невалидни, наместени, а Доналд Трамп е нивен претседател.

Целото видео од овој конкретен дел од говорот на Бајден може да се погледне овде, а транскриптот од говорот овде.

Иако во постот што го рецензираме се прави неуспешен обид да се претстават двете реченици на Бајден извадени од контекст, како да се негово признание дека тој не е американски претседател, туку дека претседател е Доналд Трамп, вистината е далеку од тоа. Бајден се осврнува на лажниот наратив кој следи добар дел од републиканските поддржувачи дека Трамп сè уште е претседател на САД.

Имаме долг пат пред нас. Станува збор за користење на авторитетите за да се предизвика поткопување на гласачките права, било да станува збор за стари или нови начини. Така, за некои 20 проценти или за половина од републиканците, јас не сум ви претседател, туку Доналд Трамп уште ви е претседател. Како што ние католиците би рекле ,,О, Боже мој, вели Бајден во говорот, по што се прекрстува во католички манир и следува смеење од публиката.

Така што, видливо е дека делот исечен во постот е изваден од контекст. Односно со тоа што е исечен само еден мал дел од говорот, без да се овозможи гледачот да види дека Бајден го критикува неприфаќањето на реалноста на изборните резултати според кои тој е претседател на САД, се дава лажен контекст на самата изјава. Двете реченици се навистина кажани среде говор, но исечен е само делот без контекстот, па се добива лажен впечаток дека Бајден признава изборна загуба и кажува дека Трамп е претседател на САД. Такво нешто не се случило како што е евидентно и од транскриптот на видеото и од самото видео.

Оттука, оценуваме дека не е вистина дека репликата на претседателот на САД, Бајден, ,,јас не сум ваш претседател, Трамп уште е ваш претседател” не е монтажа. Станува збор за класично вадење од контекст на говорот на американскиот претседател, со отстранување на вистинската поента кога тој зборува на темата околу валидноста на изборите и гласачките права во САД.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција