Холандија не се откажува од краварство, но сака да ги намали емисиите на штетни гасови од сточното ѓубриво

Фото: Frauke RietherPixabay

Мерките кон кои се стреми Холандија се насочени кон намалување на емисиите на штетни гасови предизвикани од сточното ѓубриво. Дишењето на луѓето незначително учествува во глобалното затоплување и не е одлучувачки фактор. Ембаргото на Русија кон Холандија за прехранбени производи од млечната индустрија во 2014 година предизвика проблеми, но не помина без помош од ЕУ. Сепак, ембаргото не може да се доведе во корелација со вистинската причина за намалување на бројот на грла во Холандија – а тоа е животната средина и законите на кои се има обврзано Холандија пред ЕУ, а кои ја обврзуваат да ги намали гасовите создадени од сточното ѓубриво

Мерките кон кои се стреми Холандија се насочени кон намалување на емисиите на штетни гасови предизвикани од сточното ѓубриво. Дишењето на луѓето незначително учествува во глобалното затоплување и не е одлучувачки фактор. Ембаргото на Русија кон Холандија за прехранбени производи од млечната индустрија во 2014 година предизвика проблеми, но не помина без помош од ЕУ. Сепак, ембаргото не може да се доведе во корелација со вистинската причина за намалување на бројот на грла во Холандија – а тоа е животната средина и законите на кои се има обврзано Холандија пред ЕУ, а кои ја обврзуваат да ги намали гасовите создадени од сточното ѓубриво

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Холандија: Кравите многу прделе и го загадувале воздухот и ПРДИ(преди)звикувале глобално затоплување, па затоа се откажуваат од краварство!? Ами тогаш што правиме со веганите? Иста храна јадат и ги тера да испуштаат гасови? Па некои дошле до сознание дека и луѓето со дишењето создавале многу гасови и предизвикувале глобално затоплување! Е ај да не дишиме! Барем пола саат. Сите луѓе. Наеднаш да го застаниме здивот за 30 минути. И ќе го решиме проблемот. За стално. Но, се сеќавам дека во врска со Крим, Холандија стави ембарго, санкции за Русија, а Русија беше најголем и тоа огромен увозник на млеко и млечни производи од Холандија. Тогаш иако млекото не беше на листа на санкции, Русија се откажа од купување на млеко и млечни производи од Холандија, најде друг извор на тие продукти во 2014-та, дури Лавров им укажа на западните дебили дека некои производи повеќе никогаш нема да можат да ги продаваат во Русија, и до 2018-та за три и нешто години направи комплетно свое производство на млеко и млечни производи, дури и извезува. Исто од увозник стана голем извозник и на свинско месо. Кина се’ повеќе купува свинско од Русија, а намалува со купување од САД. Е СЕГА ХОЛАНЃАНИТЕ МАЛКУ ГИ БОЛИ, АМА ТОА Е ТОА. Е АКО ДЕ, АКО, НЕКА БОЛИ. ЌЕ ИМ ПОМИНЕ. Сега кравите прделе. Кисело е грозјето. Ум за друг пат.

Прво, причината поради којашто Холандија се обидува да го ограничи бројот на грла е емисијата на амонијак, азотни оксиди кои оштетуваат области на уникатни природни пејзажи познати како „Натура 2000″. Овие хабитати познати како ,,Натура 2000″, Холандија е обврзана да ги заштитува со законите на ЕУ. Според известувањата на Гардијан, за да се постигне ова, потребно ќе биде да се намалат емисиите на локални азотни соединенија меѓу 12 и 70 проценти, како и намалување на 118 милиони животни во Холандија до 2030 година, според проекциите на холандската агенција за оценка на животната средина.

На средината на 2023 година имаше обид за земјоделски договор во Холандија кој беше во фаза на преговори со месеци, а чија цел беше да се дејствува за да се намалат последиците на кризата со азот, бидејќи директивите на ЕУ ја принудуваат земјата значително да ги намали емисиите на азот.

Впрочем, од Холандија се бараше да ги намали токсичните облаци од амонијак создадени од сточното ѓубриво. Лидерите во Холандија мораа да преземат акција брзо, зашто во спротивно земјата можеше да се соочи со парични казни, судски спорови и повеќе затворања на градежни проекти со судски налог.

Заканата за задолжително намалување на добитокот ги вознемири фармерите во Холандија. Кога владата ги објави своите цели, земјоделските организации и фармерите почнаа да дејствуваат. Поворки трактори се тркалаа низ руралните провинции, а фармерите носеа транспаренти ,,Нема земјоделци нема храна”. На автопатите во селата некои демонстранти фрлаа купишта ѓубриво и ги палеа.

Земјоделството во Холандија генерираше извоз во вредност од 80 милијарди евра (86 милијарди долари) само во 2022 година, од кои речиси една четвртина доаѓа од млечни производи, месо и јајца. Властите соочени со гласање на недоверба во парламентот, сигнализираа дека се подготвени да го одложат рокот за намалување на емисиите од 2030 до 2035 година.

Што се однесува на делот од објавата каде се вели дека луѓето со дишење придонесувале за глобалното затоплување, со издишување може да се креираат мали, покачени концентрации на метан и азотен оксид кои придонесуваат за глобалното затоплување, но овие емисии не се добро разбрани и ретко се квантифицирани во глобалните пресметки на стакленички гасови.

Една студија во Обединетото Кралство утврдила дека во Обединетото Кралство проценетата пропорција на метан од човековото дишење е 0.05 проценти и 0,1 процент за нитрооксид.Тоа покажува дека проценетата пропорција на учество на човековото дишење е мала кога станува збор за глобалното затоплување.

Што се однесува на последниот дел од објавата, во кој се тврди дека Русија се откажала од купување млеко од Холандија како одговор на санкциите, постои документ кој потврдува дека во 2014 година имало таква забрана за свинско месо, процесирано месо, риба, пилешко, морски плодови, млеко и млечни производи, овошје зеленчук и јатки. Документот е издаден од Организацијата на Обединетите Нации за храна и земјоделство. Но, во 2014 година како што извести Би Би Си, Европската Унија објави помош за производителите на млечни производи погодени од забраната на Русија за увоз од ЕУ. Помош од 125 милиони евра била дадена за производителите на овошје и зеленчук. Европската комисија тогаш објавила дека ќе ги плати трошоците за чување на путерот и млекото во прав, а помошта се однесувала и на сирењето. Во 2013 година, според Би Би Си, продажбата на сирење за Русија била во вредност од 1 милијарда евра. Најголемите извозници на млечни производи во Русија во 2013 година била Холандија со 301 милиони евра а потоа следувале Финска, Германија и Литванија. Но, банот од Русија кон ЕУ не помина без помош од ЕУ кон погодените земји. И покрај тоа што Русија не увезува од Холандија, таа е светскиот најголем извозник на земјоделски производи после САД. Според националниот завод за статистика на Холандија, извозот на земјоделски производи во 2022 година бил проценет на 122,3 милијарди евра. Сепак, земјоделството и сточарството ја доведоа Холандија во состојба нивоата на нитроген оксид да бидат повисоки отколку што налагаат европските регулативи. Овие емисии ги влошуваат климатските промени и може да му наштетат на биодиверзитетот.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како делумно невистинита. Мерките кон кои се стреми Холандија се насочени кон намалување на емисиите на штетни гасови предизвикани од сточното ѓубриво. Дишењето на луѓето незначително учествува во глобалното затоплување и не е одлучувачки фактор. Ембаргото на Русија кон Холандија за прехранбени производи од млечната индустрија во 2014 година предизвика проблеми, но не помина без помош од ЕУ.  Сепак, ембаргото воопшто не може да се доведува во корелација со вистинската причина за намалување на бројот на грла во Холандија – а тоа е животната средина и законите на кои се има обврзано Холандија пред ЕУ, а кои ја обврзуваат да ги намали гасовите создадени од сточното ѓубриво. Холандија не се откажува од краварство, но емисиите мора да се намалат.

Овој напис е дел од заеднички проект на над 50 организации под водство на Европската мрежа за стандари при проверката на факти за справување со дезинформациите околу европските избори во 2024 година. Повеќе можете да дознаете на elections24.efcsn.com

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција