Киндер не користи инсекти како состојка во чоколадниот производ „Шокобонс“

Фото: Принтскрин видео

Кога внесувате производ со шелак, не јадете бубачка. Јадете производ кој потекнува од супстанца која се произведува природно и која се користи со години, целосно безбедна, а прехранбената индустрија никогаш не ја криела на опаковките, бидејќи за тоа немало никаква потреба. Проверувачите на факти на Буфале.нет пишуваат дека „да се каже дека јадењето шелак е јадење инсекти, е исто како да се каже дека јадењето мед е јадење пчели“

Кога внесувате производ со шелак, не јадете бубачка. Јадете производ кој потекнува од супстанца која се произведува природно и која се користи со години, целосно безбедна, а прехранбената индустрија никогаш не ја криела на пакувањата, бидејќи за тоа немало никаква потреба. Проверувачите на факти на Буфале.нет пишуваат дека „да се каже дека јадењето шелак е јадење инсекти, е исто како да се каже дека јадењето мед е јадење пчели“

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се наведува:

30.08.2023

Брендот Киндер, германска компанија, сопственик на Schokobons неодамна во својата декларација изјави дека користи инсекти како состојка во овој популарен производ за деца.

Во склоп на објавата се споделува и видеоматеријал на кој додека на екранот шетаат графички дизајнирани бубачки, се покажуваат обвивки од чоколадните производи на Киндер и таму се наведува состојката шелак (schellack) која, наводно, според видеото, треба да докаже дека во овие кондиторски производи има бубачки.

Шелак се користи во слатките производи со години и неговото присуство не е тајна. Клипот следува по низата наративи кои се шират откако комерцијално беше одобрено да се прават производи кои содржат брашно од штурец, а сите производители што ќе го користат тоа брашно во своите производи ќе мора тоа да го наведат на етикетата.

Шелакот не се произведува со помош на телото на инсектот, туку со обновување на секретот што се ослободува од дрвјата, пишуваат проверувачите на факти на Опен.

Со други зборови, ова е производ добиен од инсект, без да се јаде инсектот. Супстанцата се собира од кората на двјата, а потоа се третира и се прочистува. Тоа не е еквивалентно на јадење инсекти.

Се користи без ограничување за површинска обработка на овошје како дињи, јаболки, круши, праски, манго, ананас, авокадо, калинка, папаја, само како средство за обложување во различни видови храна, како јаткасти плодови, гуми за џвакање, украси, филови и други кондиторски производи, мали фини пекарски производи премачкани со чоколадо, производи на база на чоколадо и какао, зрна кафе, грицки од компири и житарки и други додатоци во исхраната, пишува Опен.

Кога внесувате производ со шелак, не јадете бубачка. Јадете производ кој потекнува од супстанца која се произведува природно и која се користи со години, целосно безбедна, а прехранбената индустрија никогаш не ја криела на пакувањата, бидејќи за тоа немало никаква потреба. Проверувачите на факти на Буфале.нет пишуваат:

Да се каже дека јадењето шелак е јадење инсекти, е исто како да се каже дека јадењето мед е јадење пчели.

Користењето на шелак не може да се спореди со конзумација на инсекти. Шелак се користи со години, така што тврдењето изнесено во постот што го рецензираме дека „Киндер неодамна на декларацијата објавил дека користи шелак“, е невистинита. Таа реченична конструкција прозвучува како нешто да требало да биде скриено и дури сега е откриено, што е неточно. За тоа дека шелак се користи со години и тоа не само во кондиторски производи, туку и за други намени, повеќе може да прочитате овде.

Шелак не се раствора во вода и затоа може да придонесе прехранбените производи да траат подолго, затоа што формира обвивка на нив која е отпорна на влага. Цитрусните овошја и авокадото поради оваа причина се третирани со шелак.

Шелак се користи во земјоделието, медицината и други гранки во последните неколку децении што значи дека луѓето често се во контакт со него. Шелак е признаен за безбеден од страна на Агенцијата за храна и
лекови на САД од 1939 година, а се користи и во козметиката.

Поради сите горенаведени факти постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција