Ковид вакцините не предизвикуваат турбокарцином ни кај тие што ги примиле, ни кај нивните семејства

Фото: pixabay.com

Опасно и манипулативно е да се тврди дека има каузалност меѓу вакцините против ковид-19 кои ги примил некој друг, и карциномот кој се развил кај член од неговото семејство. Во објавата што ја рецензираме се тврди дека не мора да примите вакцина, туку е доволно некој во семејството да ја има примено, за да се разболите од рак, што секако е голема невистина и заблуда. Исто така, не постои никаков доказ дека вакцините против ковид-19 се поврзани со предизвикување на карцином кај вакцинираните, или пак, влошување на нивната состојба доколку веќе се болни од карцином

Опасно и манипулативно е да се тврди дека има каузалност меѓу вакцините против ковид-19 кои ги примил некој друг, и карциномот кој се развил кај член од неговото семејство. Во објавата што ја рецензираме се тврди дека не мора да примите вакцина, туку е доволно некој во семејството да ја има примено, за да се разболите од рак, што секако е голема невистина и заблуда. Исто така, не постои никаков доказ дека вакцините против ковид-19 се поврзани со предизвикување на карцином кај вакцинираните, или пак, влошување на нивната состојба доколку веќе се болни од карцином

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува текст во кој се вели дека „турбокарциномите кои се појавуваат во семејствата на вакцинираните се поврзани со самата вакцина и се шират од вакцинираните на невакцинираните”. А во описот на самата објава пишува:

Прочитајте сите што верувавте на науката.

Во споделениот текст се цитира извесен доктор Вилијам Макис, кој вели дека турбо епидемија на рак се шири низ светот меѓу вакцинираните, а дека сега нивните семејства пријавуваат дека и тие добиваат турбо канцер, иако не се вакцинирани. Според докторот Макис, ова е:

Јасен доказ дека самата вакцина е всушност биолошко оружје кое е направено од човек, дизајнирано да избрише голем дел од населението.

Меѓутоа, како што пишуваат проверувачите на факти на Фактчек.орг, не постои никаков доказ дека вакцините против ковид-19 на некаков начин се поврзани со предизвикување на карцином кај вакцинираните, или пак, влошување на нивната состојба доколку веќе се болни од карцином.

Уште поголема небулоза е тврдењето дека постои каузална врска меѓу вакцината и појавата на карцином кај лице од истотото семејство кое воопшто не е вакцинирано, односно дека карциномот се шири од вакцинираните на невакцинираните.

Вакцините против ковид имаат краткотрајни и минливи несакани ефекти, како замор и болка во местото на инјектирањето кои генерално може да се појават и кај лица што имаат карцином и кај оние кои немаат. До денеска нема докази дека вакцините против ковид предизвикуваат рак или водат до влошување на состојбата од карциномот кај луѓе што веќе го имаат.

Досега од ковид во САД починаа 1.1 милиони луѓе. Лицата со карцином кои имаат ковид автоматски имаат и повисок ризик од сериозна болест и смрт, особено оние со одредени видови хематолошки карциноми. Вакцините ги намалуваат овие ризици.

Вакцините против ковид беа тестирани во големи клинички студии кои помогнаа да се утврдат нивните почести несакани ефекти и студиите не покажаа линк меѓу вакцинацијата и појавата на карцином. Системите за мониторирање на безбедноста набљудуваат кои се идните несакани ефекти откако вакцините ќе станат широкораспространети. Иако во овие клинички студии немаше многу вклучени лица со карцином, истражувачите продолжија дополнително да ги мониторираат ефектите кај оваа група на луѓе.

Од почетокот на администрирањето на вакцините против ковид-19 нема докази дека предизвикуваат карцином, или пак, дека водат до прогресија на болеста, вели Санјау Мишра, координатор на конзорциумот за регистар на канцер и истражувач на Универзитетот Браун.

Фајзер, Центарот за контрола и превенција на болести и Агенцијата за храна и лекови на САД, за Лид Сторис изјавија дека нивниот мониторинг не открил каузална врска или безбедносен сигнал поврзан со карцином, а поврзан со вакцините против ковид-19.

Студиите немаат пронајдено поврзаност меѓу вакцинацијата и ризикот од лимфом.

Во 2022 година, во студија беа споредувани историите на вакцинација за 2.461 учесник со лимфом и 2.253 без лимфом. Студијата е спроведена за вакцини против хепатитис А, хепатитис Б, жолта треска и грип и не најде каузална врска меѓу вакцините и зголемен ризик за лимфом кај вакцинираните. Во некои случаи вакцинацијата е каузално поврзана со понизок ризик од лимфом.

Вакцините против ковид-19 не се различни од овие вакцини, и покрај тоа што се во различна класа, додава Мишра.

Големи студии покажаа дека пациентите со канцер имаат висок ризик за компликации од ковид-19.

Центарот за грижа за пациенти со канцер во Онтарио препорачува пациентите со канцер да ги примат сите дози вакцина против ковид-19 што побрзо можат. Слична препорака има и во САД.

Вистиномер и претходно има пишувано дека вакцините против ковид-19 не предизвикуваат канцер. На следниот линк имаме објавено и рецензија за тоа дека спајк протеинот од вакцината против ковид-19 не е поврзан со раст на стапката на канцер.

Опасно и манипулативно е да се тврди дека има каузалност меѓу вакцините против ковид-19 кои ги примил некој друг и карциномот кој се развил кај член од неговото семејство. Во објавата што ја рецензираме, токму се тврди дека не мора да примите вакцина, туку е доволно некој во семејството да ја има примено, за да се разболите од рак, што секако е небулоза.

Никогаш не сум го чул терминот турбоканцер, но јасно е дека некои видови на карциноми се поагресивни од други, независно од возраста, но не е термин во медицинската историја, вели професор Штебинг за Ројтерс.

Доктор Мабот за Ројтерс цитира студија од реномираното медицинско списание Лансет, според која се проценува дека само во првата година од пандемијата со ковид, 100 милиони скрининзи се пропуштени од пациентите, 1.5 милиони лица со карцином се прегледани од доктор и 50 проценти не примиле навремена терапија, а 1 милион имале недијагностициран карцином.

Студија од 2021 дојде до слични сознанија, а организацијата Мек Милан, констатираше дека во 2020 година 50 илјади дијагнози за канцер се пропуштени во Британија меѓу март и август, споредено со пред пандемијата. За истиот период, организацијата процени дека 30 илјади пациенти со карцином го почнале нивниот третман споредено со 2019 година.

Портпаролот на проектот Ваксин Нолиџ, за детекцијата на колоректален карцином во Англија вели дека имало помал број на дијагнози со овој вид канцер за време на пандемијата со ковид-19, потенцијално поради долгото чекање да се дојде до лекар.

За жал, ова значи дека многу од новите дијагнози со канцер подоцна се октриени и потешки се за лекување, а можеле да се откријат порано, вели тој за Ројтерс.

Во сите упатства за користење на вакцините, никаде канцерот не е наведен како несакан ефект. Повеќето луѓе кои се вакцинираат против ковид-19 имаат благи симптоми кои исчезнуваат за ден или два.

Пациентите со малигни хематолошки заболувања во С. Македонија имаат и официјални препораки да се вакцинираат од Клиниката за хематологија.

Од Министерството за здравство велат дека во нашата држава секоја вакцина е одобрена само доколку успешно ги поминала сите три фази на клиничките студии. По одобрување на пазарот, вакцината продолжува внимателно да се следи и проценува со цел да се забележат многу ретки несакани ефекти.

Доктор Марк Шломчик, претседател на Одделот за имунологија на Универзитетот во Питсбург за медицина, вели дека идејата дека вакцините може да предизвикаат канцер се невистинити.

Нема начин вакцината да предизвика рак. Ниту една вакцина, која било, кога сме ја проучувале, или сме ја користеле за да се превенира инфекција, не била поврзана со канцер, вели тој.

Професорот за биологијата на канцерот на Мехари медицинскиот колеџ, Доналд Алцендор за „Ју Ес Еј Тудеј“, вели дека нема основа за тврдењето дека вакцината предизвикува канцер.

Повеќе од 6 милијарди луѓе имаат примено вакцина против ковид-19 ширум светот и инциденцата за канцер не е поврзана со апликацијата на вакцините, вели тој.

И други организации за проверка на факти пишуваат дека појавата на карцином од вакцини против ковид е измислица.

Владата на Австралија, исто така, објави дебанкирање на слични дезинформации во врска со тоа дека вакцините наводно го намалуваат имунитетот кај оние што ги примиле.

Поради сите горенаведени факти, објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција