Лага е дека Америка го измислила ковид-19 и предизвикала војна во Украина за да „испоубие народ“

Фото: Pixabay.com

Не е точно дека ковид-19 е измислено биолошко оружје на Американците, како што се тврди во објавата. Патем, коронавируост за првпат се појави во Кина на крајот на декември 2019 година, а не во САД. Освен тоа, не е точно дека Америка „ја вклучила лажната машинерија против Русија“ и дека предизвикала војна во Украина со цел да има атомска војна. Русија ја нападна Украина на 24 февруари годинава. Руските трупи започнаа напад врз Украина по наредба од претседателот Владимир Путин кој најави „специјална воена операција“ и покрај предупредувањата од светските државници дека потегот може да доведе до најголемата војна во Европа од 1945 година

Не е точно дека ковид-19 е измислено биолошко оружје на Американците, како што се тврди во објавата. Патем, коронавирусот за првпат се појави во Кина на крајот на декември 2019 година, а не во САД. Освен тоа, не е точно дека Америка „ја вклучила лажната машинерија против Русија“ и дека предизвикала војна во Украина со цел да има атомска војна. Русија ја нападна Украина на 24 февруари годинава. Руските трупи започнаа напад врз Украина по наредба од претседателот Владимир Путин кој најави „специјална воена операција“ и покрај предупредувањата од светските државници дека потегот може да доведе до најголемата војна во Европа од 1945 година

 

 

Пост на Фејсбук тврди дека Америкаците го измислиле „биолошкиот ковид“ од кој испоумрел народ, но дека тоа не им било доволно, па сега почнале војна во Украина, со цел да предизвикаат атомска војна. Ваквите тврдења не соодветствуваат со реалноста и се надвор од секаква логига.

НА ПСИХОПАТИТЕ МАЛКУ ИМ БЕШЕ БИОЛОШКИОТ КОВИД…

ТОЛКУ НАРОД ИЗУМРЕА…..

СЕГА КОГА ГОЛЕМАТА АМЕРИКА ГО ГУБИТ СВЕТСКАТА МОЌ

СЕ ВКЛУЧИ ГОЛЕМАТА ЛАЖНА МАШИНЕРИЈА ПРОТИВ РУСИЈА

САКААТ АТОМСКА ВОЈНА

УНИШТУВАЊЕ НА ЧОВЕШТВОТО….КОЈА ДОЛНА И ПОДМУКЛА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА …..ВОЈНИТЕ НЕ ГИ ВОДЕТ ВО АМЕРИКА….ТУКУ ГИ ВОДЕТ ПО ДРУГИ ДРЖАВИ….СЕГА ТОЧНО ВО ЕВРОПА…..КОЈА НИЗ ДОСЕГАШНИТЕ НЕЈЗИНИ ВОЈНИ …. ПРЕКУ СВОИТЕ БОМБАРДИРАЊА ДЕЛЕТ

ДЕМОКРАТСКИ РЕЖИМ….ПОГУБИ СВЕТСКИ ЛИДЕРИ……МИЛИЈОНИ ДЕЦА ОСТАНАА БЕЗ РОДИТЕЛИ….МИЛИЈОНИ ЛИЦА ГИ РАСЕЛИЈА ОД РОДНИТЕ ОГНИШТА…..МИЛИЈОНИ НЕБРОЕНИ ТЕШКИ ЗЛОЧИНИ ИЗВРШИЈА!!!, се вели меѓудругото во постот кој го анализираме.

 

Постот содржи невистинити тврдења. Прво, лага е дека ковид-19 е измислено биолошко оружје на Американците, како што се тврди во објавата. Нема никакви докази дека актуелниот коронавирус кој се појави во 2019 година е намерно креиран од некого за да биде искористен како биолошко оружје. Впрочем, оваа пандемија не е прва во светот, човештвото памети и други пандемии предизвикани од вируси и во минатото. Коронавирусот за првпат се појави во Кина на крајот на декември 2019 година, а не во САД. Светската здравствена организација (СЗО) потврди дека генетскиот материјал РНК на вирусот е изолиран на 7 јануари 2020 година. Ова е нов вирус кој претходно не е регистриран кај луѓето.

Во март минатата година СЗО прогласи пандемија на ковид-19.

Ковид-19 или SARS- CoV-2, претставува дефиниран вирус. Tој според својата геномска структура припаѓа на родот бета-корона вируси. Сите хумани бета-корона вируси (SARS-CoV-2, SARS-CoV, и MERS-CoV) имаат слични карактеристики, но имаат разлики во нивната геномска и фенотипска структура, што ја менува патогенезата, односно симптомите и знаците на заболувањето, како и нивната сериозност.

Постојат повеќе извори и научни студии кои докажуваат дека вирусот SARS-CoV-2 e изолиран, но исто така е направено и комплетно секвенционирање на геномот на вирусот. Тоа значи дека комплетниот генетски материјал на вирусот причинител на ова заболување е изолиран од пациент и е докажано неговото постоење, како и неговиот уникатен генетски материјал што тој го содржи.

Понатаму, не е точно дека Америка „ја вклучила лажната машинерија против Русија“ и дека предизвикала војна во Украина со цел да има атомска војна.

Русија ја нападна Украина на 24 февруари годинава. Руските трупи започнаа напад врз Украина по наредба од претседателот Владимир Путин кој најави „специјална воена операција“ и покрај предупредувањата од светските државници дека потегот може да доведе до најголемата војна во Европа од 1945 година.

Донесовме одлука да извршиме специјална воена операција“, рече Путин, во де-факто објавата на војна.

Како што пренесе Дојче Веле, Путин изјави дека станува збор за „демилитаризација и денацификација“ на Украина, повторувајќи ги лажните тврдења дека владата во Киев е контролирана од радикална десниц.

Русија не може да се чувствува сигурно, развиено и да постои под постојаната закана која доаѓа од територијата на модерна Украина, додаде Путин.

На оние кои ќе се обидат да се вмешаат, тој им порача:

Доколку го сторите тоа, ќе се соочите со последици поголеми од било кои со кои сте се соочиле во историјата. Сите релевантни одлуки се донесени. Се надевам дека ме слушате, рече Путин.

Шефицата на Набљудувачката мисија на Канцеларијата на ОН за човекови права во Украина на 10 мај изјави дека од почетокот на војната во таа земја се убиени илјадници повеќе цивили од официјалната бројка од 3.381 жртва.

Работевме на проценки, но сè што можам да кажам досега е дека точниот број на жртви е илјадници поголем од бројот што ви го дадовме. Целосна непозната е Мариупол, каде ни беше тешко целосно да пристапиме и да добиеме валидна информации, рече Матилда Богнер, шеф на набљудувачката мисија на ОН за човекови права во Украина, на брифинг со новинарите во Женева, пренесува „Ројтерс“.

Оттука, тврдењата дека Америка го измислила ковид-19 за да „испоубие народ“ и дека предизвикала војна во Украина, ширејќи лажни вести за Русија, се невистинити и имаат за цел да ја манипулираат јавноста. Факт е дека ковид-19 има животинско потекло и дека првпат се појави во Кина, исто како што е факт дека Путин и објави војна на Украина која трае веќе три месеци и во која загинаа многу цивили. Според тоа, постот што го анализираме го оценуваме како невистинит.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција