Маркетот Теско во Англија не увезува моркови од Чернобил
Маркетот Теско за Фулфект потврдил дека фотографијата е лажна и дека не добиваат никакви производи од зеленчукот и овошјето од Чернобил.
Маркетот Теско за Фулфект потврдил дека фотографијата е лажна и дека не добиваат никакви производи од зеленчукот и овошјето од Чернобил. Станува збор за фотографија која се појавила прв пат на тогашната мрежа Твитер во 2020, при што уште веднаш е нагласено дека станува збор за графички изменета содржина на фотографијата
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија од моркови и се тврди дека тие се продаваат во англискиот супермаркет Теско, а се одгледани во Чернобил. Во објавата пишува:
Tеско – познат супер маркет во Англија увезува супер моркови произведени во Чернобил. Цената е доста поволна 70 денари килограм. Оххх Златна Македонија , со што се исхранувам тука. Носталгија ме фаќа за морков, патлиџан, пипер ….
Меѓутоа, како што пишуваат проверувачите на факти на Фулфект, фотографијата е изменета. Појасна верзија од етикетата е објавена и на неа јасно се гледа дека врз етикетата е работено, за да се скрие вистинската локација на производство. Исто така, текстот на кој пишува Чернобил, не се усогласува со пакувањето, што сугерира дека е подоцна додаден.
Маркетот Теско за Фулфект потврдил дека фотографијата е лажна и дека не добиваат никакви производи од зеленчукот и овошјето од Чернобил. Според Фулфект, референцата за Чернобил е шега.
Тие се повикуваат на твит од 2020 година, во кој авторот на фотографијата напишал коментар дека ,,ова отиде предалеку, иако има луѓе што знаат да ценат добра шега”.
Проверувачите на факти на Ројтерс на 8 јули 2021 година исто така заклучуват во својата рецензија дека станува збор за графички изменета фотографија со цел да се додаде етикетата за морковите произведени во Чернобил, иако тоа не е така.
Нуклеарната централа Чернобил во Украина стана место на најголемата нуклеарна катастрофа во светот откако реактор експлодираше во април 1986 година. Катастрофата која се случи за време на неуспешниот тест во фабриката, принуди десетици илјади луѓе трајно да ја напуштат контаминираната област.
Од супермаркетот Теско и за Ројтерс кажале дека немаат производи од Чернобил ниту пак производители со името Чернобил.
Поради сите горенаведени факти, објавата ја оценуваме како невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар