Не е точно дека 600 илјади Американци годишно умираат од ковид вакцини

Фото: pixabay.com

Постот  дезинформира дека  600 илјади Американци умираат од вакцини против ковид-19 годишно. Странски поверувачи на факти пишуваат дека тврдењата на Џош Стирлинг, на коишто се повикува овој пост, се неточни. Стирлинг ја базира својата анализа на тоа што погрешно ги интерпретира податоците објавени од британската канцеларија за национална статистика и потоа тие само „пластично“ ги пресликува на САД. Самиот факт што некој е вакциниран и починал, не покажува причинско последична врска меѓу настанот на вакцинирање и самата смрт. Како што нагласуваат експертите, има многу причини коишто водат до смртен исход и не се корелирани со вакцината, меѓу кои болести, несреќи итн.

Постот  дезинформира дека 600 илјади Американци умираат од вакцини против ковид-19 годишно. Странски проверувачи на факти пишуваат дека тврдењата на Џош Стирлинг, на коишто се повикува овој пост, се неточни. Стирлинг ја базира својата анализа на тоа што погрешно ги интерпретира податоците објавени од британската канцеларија за национална статистика и потоа тие само „пластично“ ги пресликува на САД. Самиот факт што некој е вакциниран и починал, не покажува причинско- последична врска меѓу настанот на вакцинирање и самата смрт. Како што нагласуваат експертите, има многу причини коишто водат до смртен исход и не се корелирани со вакцината, меѓу кои болести, несреќи итн.

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се вели:

600.000 Американци годишно умираат од вакцини против Ковид, вели врвниот аналитичар за осигурување – поранешниот висок аналитичар на Бернштајн Џош Стерлинг.
Оние кои се вакцинирани против KОВИД-19 имаат просечно 26 проценти повисока стапка на смртност од оние кои одбиваа да се буцат – а бројот на смртни случаи е уште позапрепастувачки кај вакцинираните лица под 50 години, каде што стапката на смртност е 49 проценти повисока од онаа на невакцинираните.
Шокантните бројки се засноваат на владини податоци од сенаторот Рон Џонсон.
Како што пишуваат проверувачите на факти на Асошиејтед прес, тврдењата на Џош Стирлинг се неточни. Не е точно дека 600 илјади Американци умираат од вакцини против ковид-19 годишно. Стирлинг ја базира својата анализа на тоа што погрешно ги интерпретира податоците објавени од британската канцеларија за национална статистика и потоа тие само ги пренесува на САД, хипотетички со зборовите:
Ако ги земете овие бројки и ги аплицирате на САД, тоа ви доаѓа 600 илјади смртни случаи годишно во САД од оваа смртност предизвикана од вакцини.
Податоците покажуваат смртни случаи во Англија распоредени по вакцинален статус и возраст на секое лице. Но, податоците не значат дека вакцината против ковид-19 ја има предизвикано нивната смрт туку само покажуваат дали тоа лице било вакцинирано или не.

Според експертите, ова не е единствената причина поради која што анализата на Стирлинг е неточна.

Директорката за анализа на смртноста, Сара Каул за Асошиејтед прес вели дека иако податоците ги следат стапките на смртност базирано на вакциналниот статус, има повеќе варијабли коишто може да предизвикаат нечиј живот да згасне.

Други важни разлики меѓу вакцинираните и невакцинираните популации може да влијаат на стапката на смртност, особено зашто приоритет за вакцинација имаа клинички поранливи категории луѓе. Кога поголемиот дел од популацијата е вакциниран, најголемиот дел од смртните случаи се случуваат меѓу вакцинирани луѓе, логично. За жал, луѓето може да починат во кое било време, од какви било причини, независно од нивниот вакцинален статус, вели доктор Каул за Асошиејтед Прес.

Спенсер Фокс, асистент професор за епидемиологија и биостатистика на Универзитетот Џорџија вели дека кога луѓето се вакцинирани против ковид-19 станува збор за повозрасни пациенти и дека споредувањето на стапката на смртност меѓу млади и повозрасни пациенти е неспојлива, како да се споредуваат пациенти во нивните 20-ти години и во нивните 70-ти години.

Професорот Фокс за Асошиејтед прес потврдува дека бројката од 600 илјади смртни случаи е хипотетичко пресликување на британските бројки врз САД и дека има многу демографски и вакцинални разлики меѓу регионите, кои, исто така, го прават ова пресликување неосновано. Тој додава дека нема шанса 600 илјади смртни случаи наводно предизвикани од вакцина да поминат недетектирано и непријавено во земјата.

Следствено, не е точно ни изнесеното во постот дека вакцинираните против ковид-19 имаат 26 проценти повисока стапка на смртност од оние кои одбиваат да се боцнат и дека вакцинираните помлади од 50 годiни имаат 49 проценти повисока стапка на смртност од невакцинираните. Самиот факт што некој е вакциниран и починал, не покажува причинско последична врска меѓу настанот на вакцинирање и самата смрт. Како што нагласуваат експертите, има многу причини коишто водат до смртен исход и не се корелирани со вакцината, меѓу кои болести, несреќи итн.

Поради сите горенаведени факти, постот кој го рецензираме го оценуваме како невистинит.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција