Не е точно дека целта на Агенда 2030 е да се чипуваат и убијат 7 милијарди луѓе

Фото: Принтскрин видео

Во видеото нема ништо ни за вакцини, ни за чипување, а камоли за убивање на 7 милијарди луѓе на планетата до 2030 година, како што се тврди во постот. Кога ќе се погледне генералната идеја за Агенда 2030, јасно е дека целта е носење на консолидирани меѓунационални политики и стратегии за зачувување на квалитетот и подолг живот за луѓето во светот. Пандемијата со ковид-19 изби после создавањето на агенда 2030 така што нормално е дека и вакцините и нивната еднаква дистрибуција во светот е дел од афинитетите за подобар живот на сите 

 

Во видеото нема ништо ни за вакцини, ни за чипување, а камоли за убивање на 7 милијарди луѓе на планетата до 2030 година, како што се тврди во постот. Кога ќе се погледне генералната идеја за Агенда 2030, јасно е дека целта е носење на консолидирани меѓунационални политики и стратегии за зачувување на квалитетот и подолг живот за луѓето во светот. Пандемијата со ковид-19 изби после создавањето на агенда 2030 така што нормално е дека и вакцините и нивната еднаква дистрибуција во светот е дел од афинитетите за подобар живот на сите 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели дека до 2030 година Европската Унија има агенда, според која ќе  бидат „чипувни со вакцини и убиени 7 милијарди луѓе постепено“. Авторот на постот прашува: Ќе се борите ли за вашата слобода?

Во склоп на постот споделено е видео во кое говорникот вели:
Ова попладне генералниот секретар и Клаус Шваб, основачот на светскиот економски форум ќе бидат присутни на потпишување на меморандум за разбирање за стратешко партнерство меѓу Обединетите Нации и Светскиот економски форум за подлабока соработка меѓу двете институции и за заедничко спроведување на Агендата 2030.
Во излагањето на видеото нема ништо ни за вакцини, ни за чипување, а камоли за убивање на 7 милијарди луѓе на планетата до 2030 година. Авторот на постот тврди дека потпишувањето на агендата наводно се случило на 11.05.2022 година.
Меѓутоа, ова партнерство меѓу ОН и Светскиот економски форум е потпишано во 2019 година на 13 јуни.
Тогаш пандемијата со коронавирусот не постоеше.
Како што е наведено во официјалното соопштение, партнерството  фоксуот го става на 6 клучни области:, финансирање на агендата 2030, климатски промени, здравство, дигитална соработка, родова еднаквост и охрабрување на жените, образование и вештини.
Како што може да се види од текстот на меморандумот за соработка, целта на партнерството е ОН и Форумот да си помогнат едни на други во делувањето, да делат мрежи, знаења и експертиза за можности, иновации и да создадат услови за поддршка и разбирање на приоритетните проблеми кај своите стејкхолдери. Областите на фокус се финансирање на агендата 2030, климатски промени, здравство, дигитална кооперација, родова еднаквост, образование и вештини.
Здравството е и исход и водич на одржливиот развој и бара мултисекторски, родово одговорен, одговор базирани на права. Партнерството меѓу Форумот и ОН ќе ги поддржи државите да го сфатат универзалниот здравствен досег и да постигнат добро здравство и добросостојба за сите, во контекстот на Агендата 2030. Соработката меѓу ОН и Форумот ќе се фокусира на адресирање на главните закани од здравствена природа, вклучително и антимикробиолошка отпорност, ментално здравје и други проблеми кои бараат силна мултисекторска акција и партнерство, пишува во меморандумот.
Значи, видеото споделено во постот што го рецензираме, не е во контекстот на ковид-19 ниту на вакцинацијата.
Во 2020 година, пак, Светскиот економски форум има објавено дека има ургентна потреба глобалните партнери да соработуваат симултано во менаџирањето на директните последици од кризата предизвикана од ковид-19. За да се подобри состојбата во светот Светскиот економски форум ја почнува иницијативата глобален ресет.
Во агендата 2030 целите се да се стави крај на сиромаштијата и гладот, да се обезбеди сигурност на храната и подобра нутритивност, да се промовира одржлива агрикултура да се обезбедат здрави животи и добросостојба на сите возрасни групи, да се обезбеди квалитетно образование и доживотно учење за сите, да се постигне родова еднаквост, да се обезбеди вода за пиење и санитарни услови за сите, пристап до модерна енергија, економски раст, добра инфраструктура, иновација, да се направат градовите инклузивни и безбедни, да се намали нееднаквоста меѓу земјите, борба против климатските промени, правда за сите итн итн. 

Во делот на обезбедување на здрави животи и добросостојба за сите, во Агендата пишува дека целта е до 2030 година да се намали бројот на починати мајки кои родиле дете на 70 на сто илјади живородени бебиња. Понатаму целта е да се намали смртноста кај новороденчиња и деца помали од 5 години на 12 на илјада родени бебиња. До 2030 наведената цел е да се стави крај на епидемијата на СИДА, туберкулуза, маларија и тропски болести, да се води борба против хепатитисот, болестите што се пренесуваат преку вода, да се намали стапката на прерана смртност со превенција и третман, да се промовира менталното здравје, засилено да се превенира и третира злоупотребата на контролирани супстанци, наркотици, алкохолизам, да се намали бројот на смртни случаи од сообраќајки, да се обезбеди здравствена покриеност, достап до квалитетни здравствени услууги, вакцини и лекови за сите итн итн.

Во постот, наспроти ова, невистинито се тврди дека целта била до 2030 година да се „чипуваат 7 милиојарди луѓе и да се убијат“. Вакцините не убиваат, туку спасуваат животи. Кога ќе се погледне генералната идеја за Агенда 2030, јасно е дека целта е носење на консолидирани меѓунационални политики и стратегии за зачувување на квалитетот и подолг живот за луѓето во светот. Пандемијата со ковид-19 изби после создавањето на агенда 2030 така што нормално е дека и вакцините и нивната еднаква дистрибуција во светот е дел од афинитетите за подобар живот на сите. Освен тоа, невистинито е тврдењето дека Светскиот економски форум може да чипува и убие некого, кога вакцинацијата против ковид-19 е доброволна и пред нејзиното аплицирање се потпишува изјава за согласност. Никој не може да присили некого да се вакцинира, но вакцините спречуваат смртен исход и тешка клиничка слика во поголема мерка споредено со невакцинираните лица. Исто така, „Вистиномер“ веќе пишуваше за тоа дека вакцините не содржат чипови.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина оти целта на Агенда 2030 е „до 2030 година да чипува и да убие седум милијарди луѓе“.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција