Не е точно дека некои серии од вакцините против ковид се „посмртоносни“ од други

Фото: Принтскрин ФБ пост

Постот шири невистини дека има вакцинални серии поврзани со повисока стапка на смртност, дека една од двесте серии содржат смртоносни состојки и дека некои серии се 50 пати полоши од другите. Според странски проверувачи на факти , тврдањата дека во произведените серии на вакцините од ковид-19 има некои смртоносни или проблематични серии, не се поткрепени со докази, а американските здравствени тела немаат идентификувано проблеми со специфичните вакцинални серии.  Еминентни професори и медицински експерти од САД ги отфрлаат тврдењето за смртоносните серии вакцини како невистинити, оценувајќи ги како комплетна фабрикација

 

Постот шири невистини дека има вакцинални серии поврзани со повисока стапка на смртност, дека една од двесте серии содржат смртоносни состојки и дека некои серии се 50 пати полоши од другите. Според странски проверувачи на факти , тврдањата дека во произведените серии на вакцините од ковид-19 има некои смртоносни или проблематични серии, не се поткрепени со докази, а американските здравствени тела немаат идентификувано проблеми со специфичните вакцинални серии.  Еминентни професори и медицински експерти од САД ги отфрлаат тврдењето за смртоносните серии вакцини како невистинити, оценувајќи ги како комплетна фабрикација

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој е споделена лажна информација, според која  зад постоењето на повеќе различни серии од вакцините против ковид-19 од различни производители, всушност се крие фрапантниот податок дека некои од нив се многу смртоносни, а некои малку смртоносни. Притоа се тврди дека има серии на произведени вакцини кои биле пуштени во промет, а кои предизвикуваат голем број на несакани ефекти и кои се фатални за оние кои ќе ги примат. На читателите на постот им се нуди и опцијата – да проверат дали нивната серија вакцина, односно производствената серија од вијалата што ја примиле, е во тие опасни серии кои даваат голем број на несакани ефекти.

Научник од Обединетото Кралство откри анализа на податоци од бомби: следеше серии на Pfizer, Moderna и Janssen, откри: „Некои серии се 50 пати полоши од другите“ 

Апликација „Колку е лоша мојата серија? Им овозможува на луѓето да внесат код за серија и да видат колку смртни случаи, инвалидитети и болести се поврзани со таа серија „1 од 200 множества содржи смртоносни состојки“

Сега има речиси милион извештаи за инјекциите на Ковид… од овој човек дознав дека има 20.200 серии. Тоа ги вклучува сите 3 – Pfizer, Moderna и Janssen. Има направено анализа по број на серија. Една серија има околу 20.000 инјекции, 20.200 броеви. МНОГУ!

Знаеме дека има милијарди од овие веќе нарачани и испорачани. Важно е дека тоа е огромна база на податоци. Тој со текот на времето ги поврзува извештаите за сериозноста на инјекците во текот на речиси една година, се наведува во постот што го рецензираме.

Претставено е и видео од извесен доктор Питер Мек Калоу, кој вели дека кога ќе почине вакциниран човек, семејството не покажува јавнни реакции дека тоа е резултат од вакцината што, според него е показател за „хипноза“. Не се споменува дека можеби смртта на лицата кои почнале после вакцина, не е причински последично поврзана со самата вакцина, туку на пример, со некоја коморбидна состојба или несреќа, па затоа вакцината не може да се обвини за смртниот исход.

Во постот се додава дека на возраст од 25 до 44 години, забележан е пораст од 82 проценти од смртните случаи, така што има многу податоци кои се вознемирувачки, затоа што вакцината се дистрибуира секаде во телото.

Теоријата дека во произведените серии на вакцините од ковид-19 има некои смртоносни или проблематични серии, не е поткрепена со докази, а американските здравствени тела немаат идентификувано проблеми со специфичните вакцинални серии, пишуваат проверувачите на факти на „Франс Прес“.

Здравствените експерти за „Франкс Прес“ изјавуваат дека тврдењето е неосновано, а дека цитираните податоци не се доказ ни показател дека за смртноста е одговорна самата вакцина!

Портпаролката на Центарот за контрола и превенција на болести, Марта Шаран за „АФП“ вели дека ни ЦДЦ ни ВАЕРС не нашле безбедносен сигнал поврзан со конкретна група или серија или лот на ковид вакцина.

Ваерс е дизајниран за брзо да детектира невообичаени или неочекувани несакани ефекти. Ваерс не е дизајниран за да одреди дали несаканите ефекти биле предизвикани од вакцината, вели таа за АФП.

Шаран објаснува деак ако загрижувачки пациент биде откриен преку ВАЕРС, тогаш подетални квантитативни анализи се спроведуваат со подетални системи. Овие анализи може да одредат дали постои статистички значајна асоцијација меѓу вакцината и несаканиот ефект кој е во прашање. Дополнително, во ВАЕРС буквално секој може да доостави пријава, дури и ако таа не е целосна, ако е коинцидентна или не може да се потврди.

Шефот на одделот за вирусологија на Универзитетот во Тексас, Бенџамин Њуман за АФП вели дека овие тврдења кои циркулираат се комплетна фабрикација.

Кога лага како оваа е лесно да се провери, зачудува што воопшто и може да се прошири. Тоа е како да покажувате кон Месечината и да велите дека таа не постои. Само со еден поглед може да видите дека тврдењето е невистинито, изјавил тој.

Њуман  додава дека проверката може да се изврши со пребарување на ВАЕРС.

Најверојатно речиси сите смртни случаи во базата ќе бидат на крајот поврзани со друга причина но проверките одземаат време. Еднствените лот броеви поврзани со повеќе од два проценти од смртните случаи под истрага се верзии од непознати лотови и недостапни лотови. Една третина од случаите што се пријавени, се од такви серии, вели Њуман додавајќи дека тоа не се серии на вакцини туку недостаток на информација за серијата на вакцината каде пријавителот воопшто не ја внел таа информација во системот.

Метју Лоренсен од Универзитетот во Мериленд исто така го отфрла тврдењето за смртоносните серии вакцини како невистинито.

Пораката што се обидуваат да ја искомуницираат е ем неточна, ем извртена. Вакцините против ковид-19 спасуваат животи секој ден и секоја сугестија дека смртоносни серии на ковид вакцини се пуштени во промет, е едноставно неточна, вели тој.

Лоренс потенцира дека 9 смртни случаи како последица на ковид вакцината се потврдени за временски период кога биле администрирани 500 милиони дози во САД.

Таа бројка се појавува и на сајтот на Центарот за контрола и превенција на болести на САД и се вели дека е предизвикана од ретки ама сериозни несакани ефекти кои создале згрутчувања на крвта после Џонсон и Џонсон вакцината. За споредба, во истиот разгледуван временски период, 870 илјади Американци починале како последица од болеста ковид-19.

Повеќепати досега  се дебанкирани неточните тврдења дека вакцините се поделени во серии кои се посмртоносни и поврзани со поголем број на несакани ефекти и смртни случаи.

Фајзеровата вакцина е одобрена и од СЗО и од ЕМА и од американските регулатори за лекови. Таа во сите држави е со ист состав. Во клинички испитувања, 23 илјади луѓе над 12 години ја примија оваа вакцина и клиничките испитувања покажаа дека таа треба да се одобри, што и се случи во САД и тоа „Фајзер“ доби дозвола за трајна употреба. Од 11 декември 2020 година досега милиони луѓе ја примија оваа вакцина.

Надлежните институции во секоја држава ги проверуваат сите до една серии на вакцините за нивната исправност и го контролираат квалитетот, покрај тоа што го прави и самиот производител „Фајзер“.

Овие контроли резултираат со проверки во национални лаборатории, а потоа вакцините добиваат свој сертификат за секоја издадена и прозиведена серија од којшто се гледа дека и националните регулатори во земјите каде се администрира вакцината, ги провериле и ги одобриле дозите за употреба пред да ги администрираат на своето население.

Тука ќе посочиме два примера.

Регулаторот за лекови на Австралија (Тherapeutic Goods Administration). Австралија независно го испитува квалитетот на „Фајзер“ вакцината прво со чекорот на издавање сертификат, а после тоа и со лабораториска проверка и тоа на секоја произведена серија на вакцина „Фајзер“ којашто се администрира во Австралија.

За време на процесот на евалуација за регистрација, регулаторот за лекови на Австралија ги прегледува податоците за да потврди дека производствениот процес е добро контролиран и тоа одредува и колку вакцината ќе биде квалитетна и во идните серии. За да се осигура деак овие стандарди се задоволени, се испитува секоја серија вакцини доставена во Австралија. Пред да биде пуштена во употреба секоја серија мора да ги помине проверките кои се состојат во 2 чекори. Прво се разгледува документацијата што го опишува производствениот процес, како вакцината е направена, тестирана, дистрибуирана и чувана. Потоа се пристапува кон лабораториско тестирање од независна лабораторија која што е признаена од австалискиот регулатор за лекови според однапред утврдени стандарди, објаснуваат од ТГА.

Лабораториското тестирање се состои од низа проверки, вклучително и оние за идентитет, потенција, чистина, контаминација со микроорганизми.

На следниот линк може да се види дека сите досега администрирани вакцини од „Фајзер“ во Австралија, кои биле дистрибуирани во повеќе наврати на различен датум, го поминале ова тестирање и добиле сертификат!

Австралија не е единствената што ги прави овие проверки на секоја серија на вакцини од „Фајзер“ ( и од секој друг производител).

Истиот процес го спроведува и Малезија.

На нивната официјална веб-страница објавени се сите серии вакцини што пристигнале кај нив, заедно со националните сертификати што ги добиле.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е точно наведеното во постот дека има вакцинални серии поврзани со повисока стапка на смртност, дека една од двесте серии содржат смртоносни состојки и дека некои серии се 50 пати полоши од другите.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција