Не е точно дека после секое „прскање од авиони“ расте бројот на позитивни на ковид

Фото: commons.wikimedia.org

Белата трага што ја оставаат авионите во воздухот се нарекува „контрејл“, односно патека од кондензација. Облаците во форма на линија се произведени од издувните гасови на моторот на авионот и настануваат поради промени во притисокот на воздухот, обично на авиони кои летаат на височина неколку километри над површината на Земјата. Што се однесува до „кемтрејлс“ конспиративните теории, истите досега се повеќепати разоткриени од проверувачите на факти, меѓу кои, чешкиот сервис за проверка на факти, Manipulatori.cz., српскиот сервис Istinomer.rs , како и во повеќе рецензии на „Вистиномер“. Ваквата теорија на заговор е категорично отфрлена од научната заедница

Белата трага што ја оставаат авионите во воздухот се нарекува „контрејл“, односно патека од кондензација. Облаците во форма на линија се произведени од издувните гасови на моторот на авионот и настануваат поради промени во притисокот на воздухот, обично на авиони кои летаат на височина неколку километри над површината на Земјата. Што се однесува до „кемтрејлс“ конспиративните теории, истите досега се повеќепати разоткриени од проверувачите на факти, меѓу кои, чешкиот сервис за проверка на факти, Manipulatori.cz., српскиот сервис Istinomer.rs , како и во повеќе рецензии на „Вистиномер“. Ваквата теорија на заговор е категорично отфрлена од научната заедница

 

 

Рецензираме пост на Фејсбук во којштo преку фотографија од облаци на небото, односно преку една најстандардна, вообичаена фотографија, се промовира теорија на заговор дека некој ги прска граѓаните со отрови. На ваков начин уште еднаш се шири во јавниот дискурс теоријата на заговор за „кемтрејлс“, односно наводни хемиски патеки испуштани од авиони. Ваквата теорија на заговор е категорично отфрлена од научната заедница.

Во постот кој го рецензираме се тврди:

Класичен геоинженеринг, модификација на времето не во насока на заштита на населението туку напротив, во предизвикување поплави, долготрајни суши и екстремни горештини. Оваа слика е од Скопје денес. Скриени се зад многу агенди на ОН, кои овозможуваат непречено заситување на атмосферата со елементи кои подоцна се користат за менаџмент на времето. После секој интензивен кемтрејл имаме и зголемен број на болни од ковид. Обврска ни е да ги прекинеме сите експерименти што се одвиваат над нас, се вели во постот.

Нема никакви докази за наводните хемиски патеки, тие се вообичаени траги кои ги оставаат авионите кои летаат на голема височина под одредени атмосферски услови.

Уште пред пет години (ноември 2016) група од 77 научници објави извештај откако ги прегледа наводните докази дека некои авиони нè прскаат со хемиски супстанци. Од тие 77 научници, 76 изјавија дека не нашле докази за „тајна атмосферска програма од големи размери“. Со други зборови, доказите укажуваат на тоа дека патеките се очекуваниот резултат на авионите што летаат во воздухот.

Белата трага што ја оставаат авионите во воздухот се нарекува „контрејл“, односно патека од кондензација. Облаците во форма на линија се произведени од издувните гасови на моторот на авионот и настануваат поради промени во притисокот на воздухот, обично на авиони кои летаат на височина неколку километри над површината на Земјата. Патеките се составени од вода, во форма на кристали од мраз. Во зависност од температурата и влажноста на воздухот, тие можат да бидат видливи само неколку секунди или минути, или може да опстојуваат со часови и да се шират на неколку километри.

Што се однесува до „кемтрејлс“ конспиративните теории, истите досега се повеќепати разоткриени од проверувачите на факти, меѓу кои, чешкиот сервис за проверка на факти, Manipulatori.cz., српскиот сервис Istinomer.rs , како и во повеќе рецензии на „Вистиномер“.

Згора на тоа, на фотографијата со која се прави обид да се манипулира, нема авион. Фотографирани се природни облаци.

Исто така, ковид-19 постои и е реален, а тоа го потврдуваат секојдневните бројки на заболени луѓе и починати од вирусот. Вирусот беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година, по што беше изолиран и неговиот генетски материјал РНК. Тврдењето во постот дека после секое прскање од авиони се зголемува бројот на заразени од ковид-19 е бесмислено, затоа што вирусот се пренесува на растојание помало од два метри преку капките од носот и устата, преку зборување, кашлање, пеење. Не се прска ковид од авиони.

Според истражувачите од Универзитетот Харвард од САД, кои проучувале вакви заговорнички теории, не е најден „ниту еден веродостоен доказ дека „кемтрејлс“ постои“.

Исто така, во врска со оваа тема „Форбс“ објави студија, според која панел од 76 хемичари и научници од Универзитетот Ирвин, Калифорнија, изјавиле дека никогаш не дошле до докази оти постојат големи програми за хемиско прскање од авиони, со цел да се наштети на здравјето на граѓаните и со цел да се влијае на атмосферата.

Поради сето горенаведено постот го оценуваме како невистинит.

 

 

 

 

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Тој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција