Не е точно дека Си Ен Ен го редуцирала медиумското покривање на руската инвазија врз Украина

Фото: Принтскрин видео Си Ен Ен

Си Ен Ен ја следи воената инвазија на Русија врз Украина со директно присуство на свои екипи и секој ден пласира информации од терен за состојбата во Украина. Тоа не се промени ниту откако новиот конфликт го вознемири светот. Вистиномер го анализираше известувањето на Си Ен Ен од 10 до 17 октомври (една недела наназад од денот на објавата на Фејсбук) и во базата на интернет информации на Си Ен Ен пронајде 6.501 медиумска содржина за Украина

Си Ен Ен ја следи воената инвазија на Русија врз Украина со директно присуство на свои екипи и секој ден пласира информации од терен за состојбата во Украина. Тоа не се промени ниту откако новиот конфликт го вознемири светот. Вистиномер го анализираше известувањето на Си Ен Ен од 10 до 17 октомври (една недела наназад од денот на објавата на Фејсбук) и во базата на интернет информации на Си Ен Ен пронајде 6.501 медиумска содржина за Украина

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Недела дена Украина на CNN ја спомнуваат само во временска прогноза колку била температурата во Киев.
… Низ вода онака полека …. нежно …. крчка на тивко како жабата во лонецот.
Со оглед на тоа што објавата што ја рецензираме е од 17 октомври, Вистиномер го анализираше известувањето на Си Ен Ен од 10 до 17 октомври (една недела наназад од денот на објавата на Фејсбук) и утврди дека изнесеното во постот е невистина. Секој ден на Си Ен Ен се објавени бројни и детални аналитички, информативни содржини за воената инвазија на Русија врз Украина. Кога ја пребаравме базата на интернет информации објавени на страницата на Си Ен Ен за Украина, пронајдовме 6.501 медиумска содржина.
На 12 октомври годинава, Си Ен Ен објави текст од посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Брисел, каде тој ја коментираше ситуацијата во Газа.
И ние сме во војна и разбираме што значи да страдате од терористички напад. Се сеќавам на првиот ден од војната, толку многу луѓе починаа, беше многу важно да не се биде сам, така што мојата препорака за НАТО лидерите е да одат во Израел и да ги поддржат луѓето, изјави Зеленски, а Си Ен Ен го пренесе неговиот став.

На 11 октомври медиумот има опсежна анализа за поддршката со оружје потребна и за Украина и за Израел. Текст за украинските специјални сили на Крим и нивните напори во контраофанзивата е објавен на 18 октомври.

На 21 октомври има сумарен аналитичен текст за достава на оружје во последната недела за украинската контраофанзива. На 13 октомври има текст за руските сили кои почнаа голем напад во градот Авдиивка во источна Украина со интензивни борби. На Си Ен Ен, како професионален американски медиум со огромни ресурси и покривање на надворешната политика и случувањата во светот, опфатени се и човечките судбини на загинати во Украина од нападите на Русија, меѓу кои и деца. Не заостануваат ни видеоматеријалите кои се ексклузивни на Си Ен Ен кои имаат свои новинари и екипи во Украина.

Така, на 16 октомври годинава има прилог со видеоматеријали со наслов: „Погледнете како украинските сили лансираа напад внатре во окупираниот од Русија Крим“.

На од 17 октомври 2023 година има и видеорепортажа со наслов:„Украинско село се обидува да се справи по разорен руски напад“.

Покрај екстензивното покривање на руската воена инвазија врз Украина, Си Ен Ен на 20 октомври годинава објави детали за финансискиот пакет за национална безбедност од 105 милијарди долари, кој го претстави администрацијата на Бајден, а вклучува воена и хуманитарна помош за конфликтите во Украина и Израел.

САД ќе овозможи тренинг, опрема и оружје за да ѝ помогне на Украина да се брани од руската инвазија и да ја освои повторно својата територија, како и да ги заштити Украинците од руската агресија, објави Си Ен Ен за финансискиот пакет.

Си Ен Ен пишува:
Според Белата Куќа, еве што има во пакетот 61.4 милијарди долари помош за Украина. Од нив 30 милијарди долари за одделот за одбрана за опрема за Украина и надополнување на залихите. Досега САД ѝ даде на Украина одбранбени воздушни системи, муниција, оружје, меѓу другата опрема и 14,4 милијарди долари за континуирана воена, разузнавачка и друга одбранбена поддршка. Ова вклучува инвестиции во одбранбената индустриска база, трошоци за транспорт на персонал и опрема и континуирано и зголемено присуство на трупи на САД во Европа, покрај другите активности и 16.3 милијарди долари за економска, безбедносна и операциска помош. Пакетот вклучува директна буџетска поддршка за Украина, за да помогне да се дадат критични услуги за граѓаните на Украина и да се одржи економијата, како и за инвестиции во инфраструктура и одделување на мин.481 милиони долари за поддршка на Украинците кои доаѓаат во САД преку програмата Сплотување за Украина. Потоа 149 милиони долари за националната администрација за нуклеарна безбедност за одговор и градење на капацитети во случај на несреќи.

Си Ен Ен има објавено и текст со наслов Бајден: Зошто финансирањето на Украина и Израел е битно за САД. Во објавата што ја рецензираме, индиректно се инсинуира дека откако почна конфликтот меѓу Израел и Хамас, САД се свртеле кон тој конфликт, а ја заборавиле Украина, што не е точно. Сето тоа се прави со обвинување на Си Ен Ен, како медиумот да е портпарол на американската влада (тоа е скриениот наратив, дека телевизијата е персонификација на позицијата на Америка кон Украина). Но, Си Ен Ен како независна телевизија со професионално известување, ја следи воената инвазија на Русија врз Украина со директно присуство на свои екипи и секој ден доставува информации од терен за состојбата во Украина. Тоа не се промени ниту откако нов конфликт го вознемири светот, откако Хамас го нападна Израел, по што следеше жесток одговор на израелските власти.

Поради сите горенаведени факти, оваа објава ја оценуваме како невистинита.

 



 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција