Не е точно дека судот во Катар побарал тенисерките да играат во абаја и никаб

Фото: Принтскрин видео

Фотографијата којашто е искористена во постот што го рецензираме не е од тениски турнир во Катар.На веб-страницата на Женската тениска асоцијација објавено е упатство со правила, меѓу другото и за дрес-кодот на учесничките во 2021 година, каде нема споменато ниту абаја, ниту никаб, како пропратни или задолжителни делови од изгледот на тенисерките. Од ова, како и од видео материјалите од минатогодишниот турнир во женски тенис во Доха – Катар, произлегува дека дозволени се и здолништа, исто како и хеланки. Никаде во традиционалните медиуми не се пронаоѓа судска одлука со која на тенисерките им се кажува да носат бурка или никаб или абаја на теренот

Фотографијата којашто е искористена во постот што го рецензираме не е од тениски турнир во Катар. На веб-страницата на Женската тениска асоцијација објавено е упатство со правила, меѓу другото и за дрес-кодот на учесничките во 2021 година, каде нема споменато ниту абаја, ниту никаб, како пропратни или задолжителни делови од изгледот на тенисерките. Од ова, како и од видео материјалите од минатогодишниот турнир во женски тенис во Доха – Катар, произлегува дека дозволени се и здолништа, исто како и хеланки. Никаде во традиционалните медиуми не се пронаоѓа судска одлука со која на тенисерките им се кажува да носат бурка или никаб или абаја на теренот

 

 

Рецензираме пост на Фејсбук во кој се коментира дека на тениски турнир во Доха, Катар, компанијата за спортска опрема „Најк“, изработила спортска опрема односно комплет за играње тенис, во форма на бурка и никаб и дека така ќе мора да се облечат сите кои ќе настапуваат на тениски турнир во Доха.

Имено ова е новиот модел на Најк за женскиот мастерс во Доха. Иначе судот во Катар решил дека полуразголени тенисерки можат да ги охрабрат тамошните жени да се облекуваат како нив и со самото тоа би претставувале опасност по националната безбедност, и затоа побарале вака да се облекуваат тенисерките, се вели во постот што го рецензираме.

Во склоп на постот, објавена е фотографија од жена која носи никаб и игра тенис облечена на таков начин. Со оваа фотографија се прави обид да се илустрира како точно изгледа наводниот модел на спортска опрема што ќе треба да го носат тенисерките во Доха, а изработен наводно од компанијата за спортска опрема „Најк“.

Единствениот тениски турнир за жени кој претстои во наредниот период во Доха – Катар, е овој. Станува збор за турнирот „Катар Тотал Енерџиз Опен“, кој ќе се одржува во Доха, од 20 февруари до 26 февруари 2022 година. Се работи за турнир од Женската тениска асоцијација.

Во 2021 година, кога последен пат е одржан овој турнир, има повеќе видеоматеријали токму од Доха, каде се гледа дека учесничките носеле вообичаена тениска опрема.

На 5 декември 2021 година во Катар има и фотографии од доделување награда каде што тенисерка е облечена во фустан над колената.

На веб-страницата на Женската тениска асоцијација објавено е упатство со правила, меѓу другото и за дрес-кодот на учесничките во 2021 година, каде нема споменато ниту абаја, ниту никаб, како пропратни или задолжителни делови од изгледот на тенисерките.
На страница 128 во упатството, меѓу другото, пишува:

На здолништа, шорцеви или панталони две идентификации од производителот се дозволени не поголеми од 13 квадратни сантиметри во големина. Хеланки или шорцеви може да се носат без здолниште, фустан или шорцеви, сè додека се до под бутините минимум. За фустан се смета комбинација од здолниште и маица разделени кај половината. 

Од ова, како и од видео материјалите од минатогодишниот турнир во женски тенис во Доха – Катар, произлегува дека дозволени се и здолништа, исто како и хеланки.

Никаде во традиционалните медиуми не се пронаоѓа судска одлука со која на тенисерките им се кажува да носат бурка или никаб или абаја на теренот. Фотографијата којашто е искористена во постот што го рецензираме не е од тениски турнир во Катар.

Точно е дека во Катар имаше кампања со која им се сугерираше на експатите и туристите да се облекуваат скромно. На веб-страницата на британската влада пишува дека кога патувате во Катар треба да се облекувате скромно.

Жените треба да ги покриваат рамениците и да избегнуваат да носат мини здолништа. И за жените и за мажите се советува да не носат шорцеви или маички без ракави кога одат во владини институции, трговски центри или болници. Ако не се облекувате скромно, може да бидете замолени да ги напуштите овие локации во Катар или воопшто да не ви биде дозволен влез. Скромното облекување е особено важно за време на светиот месец Рамадан, пишува на веб- страницата.

Меѓутоа, овој дрес код не е наметнат врз тенисерките и не е точно дека судот во Катар побарал од тенисерките да се облекуваат со абаја и бурка и никаб, како што се вели во постот.

Следствено, неточно е и дека на фотографијата е претставен најновиот модел на „Најк“ за женскиот мастерс во Доха.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција