Не е вистина дека белгиските чоколадни рачиња се поврзани со тиранијата на Леополд

Приказната за овој традиционален десерт во Белгија не е поврзана со Леополд ниту со Брисел. Станува збор за чоколадни карактеристични за друг град во Белгија, а тоа Антверпен. Легендата за овие чоколади вели дека некогаш постоел моќен џин наречен Друон Антигун,  кој ги тероризирал луѓето барајќи патарини за секој што минувал покрај неговото живеалиште крај реката Шелд. Кога некој не можел да плати, џинот им ја отсекувал раката и ја фрлал во реката. Меѓутоа, еден ден, храбар војник по име Силвиус Брабо го победил џинот во битка, а потоа му ја отсекол раката и ја фрлил во реката. Со текот на годините, отсечените раце станаа симбол на градот, прво како колачиња украсени со исечени бадеми, а подоцна како чоколади. Првично, чоколадните раце немале полнење, но од 1982 година постои варијанта со марципан и пралине. Исто така, овие десерти не се само чоколадни односно со црна боја, туку има и кафени и бели

Приказната за овој традиционален десерт во Белгија не е поврзана со Леополд ниту со Брисел. Станува збор за чоколадни карактеристични за друг град во Белгија, а тоа Антверпен. Легендата вели дека некогаш постоел моќен џин наречен Друон Антигун,  кој ги тероризирал луѓето, барајќи патарини за секој што минувал покрај неговото живеалиште крај реката Шелд. Кога некој не можел да плати, џинот им ја отсекувал раката и ја фрлал во реката. Меѓутоа, еден ден храбар војник по име Силвиус Брабо го победил џинот во битка, а потоа му ја отсекол раката и ја фрлил во реката. Со текот на годините, отсечените раце станаа симбол на градот, прво како колачиња украсени со исечени бадеми, а подоцна како чоколади. Првично, чоколадните раце немале полнење, но од 1982 година постои варијанта со марципан и пралине. Исто така, овие десерти не се само чоколадни, односно со црна боја, туку има и кафени и бели

 

 

 

Во објава  на Фејсбук споделена е фотографија од традиционалните чоколади во Белгија во форма на дланки од раце и притоа се тврди дека овој десерт настанал поради тоа што Белгискиот владетел Леополд втори сечел раце на африкански дечиња. Ова не е вистина.

Инаку, во Брисел се продаваат чоколатчиња што се со димензии и лик на детски рачиња.

Како оставштина од кулинарскиот гушт на Леополд, пишува во постот.

Приказната за овој традиционален десерт во Белгија не е поврзана со Леополд ниту со Брисел. Станува збор за чоколадни карактеристични за друг град во Белгија, а тоа Антверпен. Антверпен е престолнина на чоколадата којашто се продава во различни форми и вкусови, а една од најпопуларните е во форма на рака.

Митот за настанувањето на овој десерт нема никаква врска со владеењето на Леополд. Легендата за овие чоколади вели дека некогаш постоел моќен џин наречен Друон Антигун. Џинот ги тероризирал луѓето барајќи патарини за секој што минувал покрај неговото живеалиште крај реката Шелд. Кога некој не можел да плати, џинот им ја отсекувал раката и ја фрлал во реката. Меѓутоа, еден ден, храбар војник по име Силвиус Брабо го победил џинот во битка, а потоа му ја отсекол раката и ја фрлил во реката.

Некои сугерираат дека името Антверпен доаѓа од холандскиот јазик за зборовите hand werpen или „рака фрлање“ (иако за ова се дебатира меѓу етимолозите). Со текот на годините, отсечените раце станаа симбол на градот, прво како колачиња украсени со исечени бадеми, а подоцна како чоколади полнети со пралина или марципан. Надвор од градското собрание на Антверпен, на фонтаната Брабо има дури и статуа на херојот како ја фрла раката на џинот во реката.

Во потрага по кулинарски специјалитет од Антверпен, амстердамскиот еврејски слаткар Џос Хакер го смислил победничкиот дизајн во 1934 година: десерт бисквит во форма на рака. На негова иницијатива, Кралската асоцијација на мајстори слаткари од Антверпен организирала натпревар на кој учествувале 43 членови на здружението на слаткари. Шест учесници имале идеја да дизајнираат десерт бисквит во форма на рака. Двајца од нив ја имале приближно сега познатата форма. Меѓу нив и бисквитот кој го направи Џос Хакер. Тестото се состои од путер, шеќер, јајца, брашно и сечкани бадеми. Првично, чоколадните раце немале полнење, но од 1982 година постои варијанта со марципан и пралине. Исто така, овие десерти не се само чоколадни односно со црна боја, туку има и кафени и бели.

Иако власта на Леополд втори врз тогашната Слободната држава Конго се карактеризирала со злосторства и систематска бруталност, вклучувајќи принудна работа, мачење, убиства, киднапирања и ампутација на рацете на мажи, жени и деца кога не била исполнета квотата за производство на гума, традиционалните чоколади не се поврзани со овие злодела, како што се тврди во објавата.

Имајќи ги предвид сите наведени факти, овој пост го оценуваме како невистинит.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција