Не е вистина дека Џил Бајден е повторно позитивна на ковид

Тврдењето дека Џил Бајден, Првата дама на САД повторно се заразила со коронавирусот, нема никаква поткрепа, за тоа не се понудени никакви докази. Доколку оваа информација беше вистинска, таа ќе беше објавена во светските мејнстрим медиуми, но тоа не е случај.

Тврдењето дека Џил Бајден, Првата дама на САД, повторно се заразила со коронавирусот, нема никаква поткрепа, за тоа не се понудени никакви докази. Доколку оваа информација беше вистинска, таа ќе беше објавена во светските мејнстрим медиуми, но тоа не е случај

 

 

Објава на социјалната мрежа Фејсбук неточно тврди дека Џил Бајден, сопругата на американскиот претседател Џо Бајден, повторно е заразена со коронавирусот.

18.06.2023

Џил Бајден,4 пати вакцинирана…има ковид,повторно.

Фејсбук објава тврди дека првата дама на Соединетите американски држави, Џил Бајден повторно има ковид-19, иако е четири пати вакцинирана против коронавирусот. Ова не е вистина, сопругата на претседателот на САД не е позитивна на вирусот.

Тврдењето дека таа повторно се заразила со коронавирусот, нема никаква поткрепа, за тоа не се понудени никакви докази. Пребарувањето на Интернет не дава никакви податоци дека Бајден е навистина болна.

Доколку оваа информација беше вистинска, таа требаше да биде објавена во светските мејнстрим медиуми, но тоа не е случај.

Џил Бајден се зарази со коронавирусот лани во август. Таа информација беше јавно и транспарентно објавена и потврдена од ПР службите како и од самата Бајден. На 16 август сите светски медиуми објавија дека првата дама на САД добила позитивен текст за ковид-19 и дека има благи симптоми. Информацијата ја потврди и нејзиниот портпарол.

Откако тестот за ковид-19 беше негативен во понеделникот (15 август 2022), за време на нејзиното редовно тестирање, првата дама почна да развива симптоми слични на настинка доцна во вечерните часови. Повторно беше негативна на брзиот тест за антиген, но ПЦР тестот беше позитивен, рече тогаш Елизабет Александер, нејзиниот директор за комуникации.

Бајден за време на изолацијата го користела лекот Paxlovid, антивирусен лек на „Фајзер“. Според Александер, Бајден ја примила втората бустер доза во април 2022 година. Првата дама е двојно вакцинирана има примено две бустер дози на вакцината.

За време на изолацијата таа престојувала во приватна резиденција во Јужна Каролина и се вратила на службените обврски откако добила два последователни негативни тестови за ковид.

Оттаму, таа на Твитер сподели фотографија од нејзиното домашно милениче и напиша дека е благодарна што го има нејзиното маче додека закрепнува од ковид-19.

Пребарувањето на нејзините социјални мрежи не покажува дека таа повторно е заразена со вирусот. Нема никаква објава којашто би можела да го потврди ова тврдење. Напротив, на нејзините социјални мрежи има објави од нејзините секојдневни активности како прва дама.

Џил Бајден за време на пандемијата беше активен глас кој охрабруваше вакцинација против ковид-19 откако претседателот Џо Бајден ја презеде функцијата. Таа патуваше во 40 држави, во рамките на тие патувања многу настани беа поврзани со ковид и вклучуваа дискусија за вакцини, планови за повторно отворање и важноста на бустерите.

Според сите наведени факти заклучуваме дека тврдењето дека Џил Бајден повторно се заразила со коронавирусот е невистинито.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција