Не е вистина дека се воведува задолжителна вакцинација во ЕУ

Фото: pixabay.com

Резолуцијата 2361 на којашто се повикува објавата, содржи препораки за земјите-членки и Европската Унија за етичките, правните и практичните размислувања за вакцините против ковид-19, вклучувајќи ја и темата за задолжителна вакцинација. Но, во резолуцијата никаде нема член, потчлен или амандман за задолжителна вакцинација. Напротив, во точка 7.3.1 дека граѓаните треба да бидат информирани дека вакцинацијата не е задолжителна. Во објавата се тврди и дека од 1 јули 2022 година, ЕУ го објавила законодавството за задолжителниот ЕУ ковид-19 пасош. И ова не е точно. Регулативата на ЕУ за дигитален сертификат за ковид-19 стапи на сила на 1 јули 2021 година, а не во 2022 година, а пред неколку дена европратениците гласаа за продолжување на користењето на здравствената ковид-19 пропусница до крајот на јуни 2023 година

Резолуцијата 2361 на којашто се повикува објавата, содржи препораки за земјите-членки и Европската Унија за етичките, правните и практичните размислувања за вакцините против ковид-19, вклучувајќи ја и темата за задолжителна вакцинација. Но, во резолуцијата никаде нема член, потчлен или амандман за задолжителна вакцинација. Напротив, во точка 7.3.1 дека граѓаните треба да бидат информирани дека вакцинацијата не е задолжителна. Во објавата се тврди и дека од 1 јули 2022 година, ЕУ го објавила законодавството за задолжителниот ЕУ ковид-19 пасош. И ова не е точно. Регулативата на ЕУ за дигитален сертификат за ковид-19 стапи на сила на 1 јули 2021 година, а не во 2022 година

 

 

Преку Фејсбук објава се тврди дека во Европската Унија ќе се воведе задолжителна вакцинација. Ова е неточна информација и се базира на неколку погрешни факти.

ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ВАКЦИНИ ВО ЕУ ‼️

Секако, знаевме дека и ова ке дојде.. !

  • Европскиот совет ја измени резолуцијата 2361 и повеќе не се противи на задолжителната вакцинација.
  • Од 1 јули 2022 година, ЕУ го објави законодавството за задолжителниот ЕУ COVID 19 пасош…..

На оваа објава е прикачена фотографија од знамето на Европската Унија, а под фотографијата пишува „задолжителната вакцинација за ЕУ се воведе под радар“, со што се алудира дека ЕУ донела ваква одлука нетранспарентно и затскриено.

Ова тврдење се базира на наводна промена на резолуцијата 2361 на Европскиот совет. Такво нешто не постои.

Резолуцијата 2361 беше донесена во јануари 2021 година од Парламентарното собрание на Советот на Европа, а не од Европскиот совет како што се тврди во објавата. Ова е огромна разлика. Советот на Европа е одвоен од Европската унија. Оваа организација се состои од 46 земји-членки, вклучувајќи ги сите членки на Европската унија. Сите земји-членки на Советот на Европа се потписнички на Европската конвенција за човекови права, договор за заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото. Неговата улога е да ги промовира и чува човековите права, демократијата и владеењето на правото низ целиот континент.

Европскиот совет, од друга страна којшто се спомнува во објавата, го сочинуваат шефови на влади на земјите членки на ЕУ, Претседателот на Европскиот совет и Претседателот на Европската комисија. Европскиот совет ги утврдува политиките и приоритетите на ЕУ. Не носи закони и е посебна институција од Советот на Европската Унија.

Резолуцијата 2361 на која што се повикува објавата, содржи препораки за земјите-членки и Европската Унија за етичките, правните и практичните размислувања за вакцините против ковид-19, вклучувајќи ја и темата за задолжителна вакцинација.

Но, во резолуцијата никаде нема член, потчлен или амандман за задолжителна вакцинација. Напротив, во точка 7.3.1 дека граѓаните треба да бидат информирани дека вакцинацијата не е задолжителна.

7.3.1 да се обезбеди граѓаните да бидат информирани дека вакцинацијата не е задолжителна и дека никој не е под политички, социјален или друг притисок да се вакцинира доколку не го сака тоа.

Нема никаков податок дека оваа Резолуција е промената или дека е додаден дел кој што реферира на задолжителна вакцинација.

Освен тоа, како што напишавме погоре, Советот на Европа со седиште во Стразбур не е институција која е дел од Европската Унија и нема фактичка моќ во ЕУ.

Резолуциите одобрени од Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) не се правно обврзувачки за земјите-членки, иако тие носат морален авторитет. За разлика од него, на Европскиот совет, лидерите на ЕУ се состануваат за да утврдат поширока насока/рамка на креирање на политики на ЕУ.

Во објавата се тврди и дека од 1 јули 2022 година, ЕУ го објавила законодавството за задолжителниот ЕУ ковид-19 пасош. И ова не е точно. Регулативата на ЕУ за дигитален сертификат за ковид-19 стапи на сила на 1 јули 2021 година, а не во 2022 година, а пред неколку дена европратениците гласаа за продолжување на користењето на здравствената ковид-19 пропусница до крајот на јуни 2023 година.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција