Недолична објава повикува на насилство и ги сатанизира ЕУ и НАТО

Фото: Колаж Clker-Free-Vector-ImagesPixabay - motionstockPixabay

Во оваа манипулативна објава се пласира навредлив, непримерен, пропаганден наратив со кој се сатанизираат НАТО и ЕУ. Наспроти тврдењата во објавата, НАТО не е поврзана со религиозна војска, туку во Алијансата можат да пристапат војници без разлика на верската припадност. Вредностите за кои се залага ЕУ немаат никаква врска со легализација на педофилијата. Напротив, тоа е кривично дело во сите држави на ЕУ. Ваквата пропаганда против Западот и НАТО има за цел нивна дискредитација, се води веќе подолг период, а особено се интензивираше откако тие ја осудија руската инвазија на Украина

Во оваа манипулативна објава се пласира познатиот навредлив, непримерен, пропаганден наратив со кој се сатанизираат НАТО и ЕУ. Наспроти тврдењата во објавата, НАТО не е поврзана со религиозна војска, туку во Алијансата можат да пристапат војници без разлика на верската припадност. Вредностите за кои се залага ЕУ немаат никаква врска со легализација на педофилијата. Напротив, тоа е кривично дело во сите држави на ЕУ. Ваквата пропаганда против Западот и НАТО има за цел нивна дискредитација, се води веќе подолг период, а особено се интензивираше откако тие ја осудија руската инвазија на Украина

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Смрт на сатанско НАТО антихристова војска и на Пе*ерско педофилска ЕУ стратешките партнери од ДпСнеУдбашка и хидромицко ЛА*НАР со неговите ЛОБОТОМИРАНИгласачи.

Освен што објавата содржи говор кој е непримерен, односно навредлив кон група на гласачи на политички партии во Македонија, во оваа објава се потенцираат наводни вредности на ЕУ и НАТО. кои воопшто не кореспондираат со вредностите за кои се залага ЕУ и причините поради коишто постои НАТО, а сè со цел да се сатанизираат. Вакви објави во кои лидерите на НАТО се прогласуваат за „сатанисти“ не се новитет, туку се дел од добро испланирана пропагандна машинерија која го промовира овој наратив за да ја оцрни Алијансата. Во минатото беа злоупотребувани фотографии за да се излаже јавноста дека светски лидери на НАТО се сатанисти, Вистиномер веќе пишуваше за тоа овде.

Кога се вели дека НАТО е „антихристова војска”, тоа е тенденциозно и произволно, не е поткрепено со факти, бидејќи НАТО Алијансата не е поврзана со религиозна војска, туку во НАТО Алијансата можат да пристапат војници без разлика на верската припадност.

На 1 март 2007 година во Брисел, во говорот на поранешниот генерален секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер тој наведува:

Дозволете ми да кажам уште неколку зборови за меѓусебната врска меѓу вредностите и интересите. Трансатлантската заедница е заедница базирана на јудео-христијанската хуманистичка традиција. И сигурно не сум првиот што забележува дека многу од она што НАТО го прави овие денови, е да се ангажира во регионите со претежно муслиманска вера. Во Босна, а потоа и во Косово, НАТО користеше сила да ги заштити невините цивили од кои повеќето беа муслимани. А најголемата воена операција на НАТО денеска се одвива во исламската република Авганистан. Некои набљудувачи, како христијани така муслимани, се имаат прашувано за мотивите на НАТО. Дали агендата на НАТО е обид да се наметнат различни западни вредности во незападни општества? Дали се трудиме да го реформулираме светот според наша слика? Дами и господа, ништо не може да е подалеку од вистината, вели Јап де Хоп Шефер во говорот.

Тој додава:

Да, НАТО е алијанса на западните земји. Да, со исклучок на секуларна муслиманска Турција, НАТО е претежно алијанса на христијански земји. Секој декември НАТО во Брисел е осветлен со голема божиќна елка. Но, вредностите за кои се залага НАТО не се уникатно христијански. Вредностите што ги промовираме и браниме со нашиот ангажман се универзални. Правото на жените да одат во училиште е универзално право. Правото да ја изберете религијата во која ќе верувата и да не треба да се плашите од смртна казна поради изборот, е универзално право. Правото да ја изберете вашата демократска влада на слободни и фер избори е универзално право. Овие се вредностите што ги браниме од Балканот до Авганистан. За нив нема преговори. Но тие не се уникатно западни и не се уникатно христијански. Навистина верувам дека земјите од сите делови на светот и од сите поголеми вери, треба да се способни да се согласат за нив. Тие се вистинската основа за човековиот опстанок во 21 век, вели тој меѓу другото во говорот.

Веќе подолг период се води пропаганда против Западот и НАТО и се сатанизира оваа организација без аргументи. Ова особено се интензивираше откако НАТО  ја осуди руската брутална и непровоцирана воена агресија кон Украина, која е независна и демократска држава и близок НАТО партнер. НАТО и сојузниците продолжуваат да ѝ даваат на Украина поддршка во нејзиното неспорно право на самоодбрана.

Пропагандниот наратив со говор на омраза „пе*ерско педофилска Европска Унија“, исто така, опстојува во интернет просторот со цел дискредитација на ЕУ, иако вредностите за кои се залага ЕУ не може да бидат подалечни од легализација на педофилијата. Напротив, тоа е кривично дело во сите држави на ЕУ.

Според конвенцијата за заштита на правата на децата, во 34 точка се наведува тоа дека владите мора да ги заштитуваат децата од сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба, вклучително и од луѓе кои ги принудуваат децата да имаат секс за пари, или ги фотографираат на неприкладен начин или ги снимаат. Детската порнографија се казнува и е кривично дело во цела Европа. Тоа што во европските држави се дозволува правото на сексуална определба, во објавата што ја рецензираме се користи за говор на омраза против ЛГБТ заедницата и нејзино омаловажување, а згора на тоа, гласачи кои остваруваат свои уставно загарантирани права на слободна политичка определба се навредувани како „лоботомирани“.

Поради сите горенаведени факти, објавата ја оценуваме како невистинита. Во неа на едно место се собрани повеќе невистинити наративи за ЕУ и НАТО, а притоа има говор на омраза, повици за насилство, па дури и смрт.

 



 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција