Нема докази дека ковид вакцината има негативно влијание врз машката плодност

Фото: Mohamed HassanPixabay

Наспроти тврдењата во постот нема докази дека вакцините против ковид  ја афектираат плодноста.  Студија од повеќе од 2 илјади жени на возраст од 21 до 45 години и нивните партнери пронајде дека вакцинацијата на кој било од партнерите не ја намалува шансата за успешно забременување. Центарот за контрола и превенција на болести на САД заедно со медицинските професионалци, препорачуваат вакцини против ковид-19 кај двојките што сакаат да имаат деца

Наспроти тврдењата во постот нема докази дека вакцините против ковид  ја афектираат плодноста. Студија од повеќе од 2 илјади жени на возраст од 21 до 45 години и нивните партнери пронајде дека вакцинацијата на кој било од партнерите не ја намалува шансата за успешно забременување. Центарот за контрола и превенција на болести на САД заедно со медицинските професионалци, препорачуваат вакцини против ковид-19 кај двојките што сакаат да имаат деца

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој е споделен принтскрин од наслов од текст на  порталот Епоха  во кој се вели:

Врвен патолог ги советува жените кои сакаат деца да побараат невакцинирани мажи. 

Во самиот пост, пак, пишува:

Стерилизацијата е најмалку што прават преку вакцинирањето. Другите работи се аутизам, смрт и милион различни парализи и синдроми!

Во објавата што ја рецензираме не е споделен линк до текстот на Епоха, но откако го пронајдовме, утврдивме дека во него се вели дека професорот Арне Буркхардт, кој 18 години бил на чело на Институтот за патологија во Реутлинген, на конференција им советувал на жените кои сакаат да имаат деца, да побараат мажи кои не се вакцинирани против ковид-19.

Тврдењата дека вакцинацијата против ковид-19 предизвикува машка неплодност не се поддржани со факти, пишуваат проверувачите на факти на Ројтерс. 

Професорката по епидемиологија на Универзитетот во Бостон за јавно здравје, Амелија Веселинк вели дека:

Нема докази коишто сугерираат дека вакцината против ковид-19 може да предизвика машка неплодност.

Таа е водечки автор на Националниот институт за студии на повеќе од 2 илјади двојки коишто се обидуваат да добијат дете без третман за плодност. Студијата не пронашла никаква поврзаност меѓу вакцинацијата на кој било од двајцата родители и плодноста.

Професорот по урологија Ранјит Рамасами од Универзитетот во Мајами, исто така, тврди дека за ова нема докази и упатува на студија од 2021 година којашто е прегледана од медицинската заедница, а во која тој и други истражувачи евалуирале 45 мажи целосно вакцинирани со мРНК вакцина против ковид-19.

Не е забележан пад во ниту еден од параметрите на спермата, волуменот, концентрацијата или целосниот број на сперматозоиди, вели Рамасами.

Таа додава дека мРНК вакцините се безбедни за општата популација и ефективни во превенцијата на сериозни болести.

Додека нема докази оти вакцината против ковид-19 може негативно да влијае на машката плодност, во медицинскиот свет постојат информации и податоци дека инфекцијата со ковид-19 може да влијае на плодноста, барем краткорочно.

Некои студии покажуваат дека мажите инфицирани со Сарс Ков 2, имаат пад во параметрите на спермата, но со текот на времето параметрите се враќаат во нормала,  вели Рамасами.

На пример, студија објавена во Плодност и стерилитет, покажала намален број на сперматозоиди кај мажи што биле инфицирани со ковид-19 и се опоравиле месеци претходно. Авторите предупредуваат дека треба да се направат дополнителни истражувања за да се утврди дали кај помал број мажи може да има перманентна штета.

Центарот за контрола и превенција на болести на САД заедно со медицинските професионалци, препорачуваат вакцини против ковид-19 кај двојките што сакаат да имаат деца.

Нема докази дека вакцините против ковид-19 ја афектираат плодноста. Студиите покажуваат дека нема разлика меѓу успешноста во забременувањето меѓу жените кои имале антитела од ковид вакцини и тие кои немале. Студија од повеќе од 2 илјади жени на возраст од 21 до 45 години и нивните партнери пронајде дека вакцинацијата на кој било од партнерите не ја афектира шансата за успешно забременување.

Поради сите горенаведени факти постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција