Опасно е тврдењето дека протоколот за ковид-19 ги убива пациентите
Докторка од Романија смета дека официјалниот протокол за лекување на ковид-19 е тоа што ги убава пациентите, па затоа таа користи сопствен протокол, се консултира преку Интернет и така ги лечи пациентите. Според текстот што се споделува на Фејсбук, 100 проценти од нејзините пациенти биле излекувани без најмало лекување во болница. Но, нема никаков доказ дека се работи за толку лица, ниту, пак, дека навистина сите овие лица биле инфицирани со вирусот. Исто така, неточно се тврди дека ковид-19 е пневмонија. Ковид-19 е болеста која што ја предизвикува коронавирусот. Дел од заболените со овој вирус, може да развијат бактериска инфекција, односно пневмонија, но не секој заразен добива ваква компликација. Ставот на докторката дека на пациентите треба да им се дава многу малку кислород иако имаат ниска сатурација, бидејќи тоа може да ги влоши симптомите на болеста, направило хаос во болниците во Романија каде некои пациенти со низок кислород одбивале болничко лекување
Нема никаков доказ дека 100 проценти од пациентите на докторката биле излекувани од ковид-19 без најмало лекување во болница, ниту пак, дека навистина сите овие лица биле инфицирани со вирусот. Исто така, ковид-19 не е пневмонија, туку болеста којашто ја предизвикува коронавирусот. Дел од заболените може да развијат бактериска инфекција, односно пневмонија, но не секој заразен со овој вирус добива ваква компликација. Ставот на докторката дека на пациентите треба да им се дава многу малку кислород, иако имаат ниска сатурација, направило хаос во болниците во Романија, каде што некои пациенти со низок кислород одбивале болничко лекување
Флавија Грожан, пулмологот од Романија која ја разбранува медицинската фела и романската јавност со нејзното одбивање да ги лечи пациентите болни од ковид-19 според официјалните протоколи, доби место и во македонските медиуми.
Фејсбук објава, којашто ги пренесува контроверзните тврдења на оваа докторка, доби голема видливост. За неколку дена над 1.000 корисници на социјалната мрежа го споделиле овој пост, а според коментарите на објавата, многумина поверувале во нејзините тврдења.
Оваа докторка вели дека официјалниот протокол за лекување на ковид-19 е тоа што ги убава пациентите, а овие заклучоци ги базира на нејзиното искуство со како што тврди, лечење на речиси илјада пациенти кои дошле во нејзиниот дом во различни фази на болеста. Притоа, таа вели дека користи сопствен протокол, се консултира преку Интернет и така ги лечи пациентите.
Доктор да каже дека се консултира преку Интернет и така ги лечи пациентите е недозволиво во медицината. Особено затоа што ваквите мислења потоа масовно се шират на интернет просторот.
Притоа, невозможно е да лечела пациенти во различни фази на болеста кои доаѓале во нејзниот дом. Доколку пациенти болни од ковид-19 можеле да стигнат до нејзиниот дом, тогаш тие биле со полесни симптоми, а не со потешки како оние пациенти кои се хоспитализирани и имаат потребна од постојана медицинска помош.
Во текстот се тврди дека 100 проценти од нејзините пациенти биле излекувани без најмало лекување во болница. Но, нема никаков доказ дека се работи за ваквата бројка, ниту, пак, дека навистина сите овие лица биле инфицирани со вирусот.
Ковид е пневмонија – секако нетипична, но пневмонија – и треба да се третира како таква, рече таа.
Ова е неточно. Ковид-19 не е пневмонија. Ковид-19 е болеста којашто ја предизвикува коронавирусот. Бидејќи болеста е предизвикана од вирус, а не од бактерија, СЗО не препорачува користење на антиобиотици како превенција или третман за болеста.
Дел од заболените со овој вирус, може да развијат бактериска инфекција, односно пневмонија како една од можните компликации и таа треба да се лечи со антибиотици. Но, не секој заразен ја добива оваа компликација што значи дека неточно е да се тврди дека ковид-19 е исто што и пневмонија.
Според оваа докторка, на пациентите со над 80% сатурација треба да им се дава многу малку кислород и тврди дека премногу кислород и интубацијата ги влошуваат симптомите на болеста и доведуваат до смрт.
Но, според Националниот институт за здравство, владина агенција во САД задолжена за истражување на биомедицинско и јавно здравје, нормалниот опсег на заситеност на кислород кај пациенти заразени со ковид-10 е 92-96%. Според СЗО, сатурација помала од 90% преставува клиничка итна состојба и бара соодветна болничка интервенција со соодветна доза на кислород.
Ова нејзино контроверзно тврдење, направило хаос во болниците во Романија каде, како што јавуваат романските медиуми, некои пациенти кои биле во критична состојба со ниска сатурација и отежнато дишење, одбивале да бидат третирани со кислород.
Ова е една од причините што таа била повикана од Советот на лекари во Романија, кои ги истражуваат нејзините постапки во врска со третманот којшто го користи на нејзините пациенти, а е различен од оној што го предвидуваат медицинските протоколи во Романија.
Личните убедувања на некои доктори, коишто се косат со официјалните податоци и протоколи усвоени на светско ниво, можат да бидат опасни и да доведат во ризик човечки животи. Ваквите искажани лични мислења, кои се шират на социјалните мрежи, треба да се земат со огромна резерва, бидејќи никој не презема одговорност за ефектите кои ваквите објави можат да ги имаат врз читателите.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар