Петте најважни исполнети ветувања на ДУИ во 2018

Фото: pixabay/ДУИ

Кои се петте најважни ветувања на Демократската унија за интеграција (ДУИ), според нејзината програма, нa чие исполнување работеше партијата годинава

 

Кои се петте најважни ветувања на Демократската унија за интеграција (ДУИ), според нејзината програма, нa чие исполнување работеше партијата годинава

 

Пишува: Дрилон Салиу

 

Оваа 2018 година, што полека ја оставаме зад нас, беше полна со политички случувања, од кои некои беа резултат на претходно дадените ветувања на политичките партии на парламентарните избори од 11 декември 2016 година. Овде проверуваме кои се петте најважни ветувања, дадени од страна на ДУИ исполнети годинава. Две од петте ветувања, вклучени во оваа листа, се сметаат како исполнети, иако не се влезени во сила или, пак, изискуваат дополнителни активности. Но, со оглед на тоа што поголем дел од работата е завршена, како и со оглед на тоа што за овие ветувања има донесено официјални одлуки или потпишано официјални документи, а и за да не бидат прескокнати ветувања кои се важни, решивме да ги вклучиме овде со назнака дека нивното конечното исполнување ќе следи.

 

1. Постигнат договор со Грција, во тек се уставни измени

Години наназад високи функционери на ДУИ, меѓу кои и лидерот Али Ахмети, ветуваат  решавање на спорот со името, со цел да се отвори интеграцискиот пат на државата во ЕУ и НАТО. По потпишувањето на Договорот со Република Грција и чекорите преземени од страна на Владата за ставање крај на две и пол деценискиот спор со името, ова ветување на ДУИ го ставаме меѓу исполнетите заради веќе потпишаниот договор зап отребите на оваа листа. Сепак, тоа се уште носи оценка во тек“, зашто имплементацијата на Договорот од Преспа е врзана за уставните измени, чие усвојување е во финала фаза во Парламентот и се очекува да заврши следниот месец (јануари 2019 г.)

2. Претседател на Собранието – Албанец

Едно од најважните изборни ветувања на ДУИ, кое е постојано повторувано во речиси во сите изборни циклуси е ветувањето за именување или избор на Албанец на една од клучните позиции во државата. Со изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието на Македонија на 27.04.2017 година, ова ветување на ДУИ го сметаме за исполнето.

 

3. Закон за употреба на јазиците донесен

Години наназад ДУИ во речиси сите изборни кампањи ветуваше закон со кој ќе се унапреди користењето на албанскиот јазик во Македонија и ќе се овозможи негова поширока употреба, а истото е ветено и пред последните парламентарните избори (11.12.2016). По изгласувањето на ваквиот закон во Парламентот, ова ветување на ДУИ го сметаме како исполнето за потребите на оваа листа. Но, со оглед на тоа што указот за законот сè уште не е потпишан и тој не е стапен во сила, оценката за реализацијата на ова ветување засега сè уште останува во тек .

 

4. Основање на државен албански фолклорен ансамбл

Во предизборната програма на ДУИ од пред последните парламентарните избори, во делот “Култура” е дадено ветување за формирање на албански фолклорен ансабмл во Република Македонија. Ова ветување на ДУИ е исполнето. Во март оваа година со Одлука на  Владата е основана национална установа „Ансамбл на албански народни ора и песни во Република Македонија“ – Скопје, како непрофитна установа од областа на културата.

 

5. Чекори кон поголема транспарентност на јавната администрација

Во платформата на ДУИ во делот „Јавна администрација“ (стр.3) како прв приоритет е наведен „Транспарентност на јавната администрација“ со неколку потточки меѓу кои: „Адекватно информирање на јавноста“ и „Објавување на информации од јавен карактер“. Ова ветување на ДУИ,  имајќи ги предвид  реформите во јавната администрација преземени во рамките на Планот „3-6-9“ го оценуваме како исполнетоТранспарентноста, несомнено, е поголема во споредба со претходната власт, но во овој сегмент се потребни дополнителни реформи, за целосна транспарентност и отчетност на сите институции.


ПОГЛЕДНЕТЕ ГО И ОВА:

Избор на НЕИСПОЛНЕТИ ветувања на ДУИ во 2018

Сè уште не е расчистена дивата депонија во ромската населба во Тетово

Не е формиран центар за тестирање на странски јазици и компјутерски вештини

Ни трага од ветените интернет клубови на ДУИ

Нема координативно тело за мониторинг на вработувања во администрацијата

Засега нема да се гради автопат Струга-Tребеништа

Нема координативно тело за мониторинг на вработувања во администрацијата

Не е решен проблемот со дивата депонија во Струга

Системот за наводнување во Дебар не е реконструиран


 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција