Планетата не гладува за јаглерод диоксид

Фото: EnriquePixabay

Нивото на јаглерод диоксид не е пониско од кога било во историјата, ниту пак, „сме гладни“ за јаглерод диоксид, како што тврди оваа објава на Фејсбук. Исто така, не е точно дека јаглеродниот диоксид е претворен во наводна закана. Климатските промени се фактичка состојба, наша реалност. Според податоците на Climate.gov, секоја година човечките активности предизвикуваат да се ослободува повеќе јаглероден диоксид во атмосферата, отколку што може да се отстрани со природните процеси, што предизвикува количеството на јаглероден диоксид во атмосферата постојано да се зголемува

Нивото на јаглерод диоксид не е пониско од кога било во историјата, ниту пак, „сме гладни“ за јаглерод диоксид, како што тврди оваа објава на Фејсбук. Исто така, не е точно дека јаглеродниот диоксид е претворен во наводна закана. Климатските промени се фактичка состојба, наша реалност. Според податоците на Climate.gov, секоја година човечките активности предизвикуваат да се ослободува повеќе јаглероден диоксид во атмосферата, отколку што може да се отстрани со природните процеси, што предизвикува количеството на јаглероден диоксид во атмосферата постојано да се зголемува

 

 

Објава на Фејсбук споделува видео од извесен Вилијам Хапер, претставен како „професор по физика на Универзитетот Принстон и поранешен директор на Канцеларијата за наука на американското одделение за енергија“ и пренесува негова изјава која гласи:

Не можам да верувам толку корисен гас [CO2] неопходен за живот го претвориле во наводна закана“. Според експертот, напротив, планетата моментално гладува за јаглерод диоксид.

Извадокот пренесен на социјалните мрежи доаѓа од интервју направено на 17 септември 2023 година на телевизискиот канал Скај њуз Австралија. Вилијам Хапер е поканет во шоуто Аутсајдерс да објасни „зошто оние кои го вклучуваат алармот за климатските промени грешат во врска со CO2“ .

Повеќе CO2 е добро за планетата… [За] секое растение, ако му дадете повеќе CO2, па дури и многу повеќе, тоа ќе биде подобро. Неверојатно е што успеаја да го трансформираат овој корисен гас, суштински за животот, во закана“, вели тој меѓудругото во интервјуто.

Почесниот професор на одделот за физика на Универзитетот Принстон, Вилијам Хапер беше советник за клима во Белата куќа помеѓу 2018 и 2019 година, за време на претседателствувањето на Доналд Трамп.

Тој, исто така, беше коосновач на здружението CO2 коалиција, кое има за цел да го документира „значајниот придонес на јаглерод диоксид во нашите животи и во економијата“, пишува АФП.

Како што наведува АФП во својата проверка на факти, СО2 е таканаречен „природен“ гас кој, меѓу другото, учествува во функционирањето на нашето тело. Не се смета за загадувач и не е опасен како таков, но кога неговата концентрација во атмосферата е висока, придонесува за глобалното затоплување на ист начин како и метанот или азотен оксид, кои се и стакленички гасови (GHG).

Влијанието на растенијата од поголемо снабдување со јаглерод диоксид (CO2) беше широко мерено од научниците, особено преку проучување на клучниот процес: фотосинтезата.

Тоа е хемиска реакција која им овозможува на растенијата да користат светлосна енергија од сонцето за да го претворат CO2 во шеќер (гликоза), што е неговата главна форма на храна. Колку повеќе CO2 има, толку повеќе шеќер има и со тоа и раст [за растението], објаснува за АФП, Антоан Мартин, истражувач на CNRS во Институтот за растителни науки во Монпелје. 

Преку овој процес, растенијата го фиксираат јаглеродот од воздухот во нивните лисја, стебла и корени, создавајќи природни јаглеродни мијалници каде што јаглеродот се складира. Затоа, зголемувањето на нивото на CO2 во атмосферата, до одреден степен, може да го стимулира растот на растенијата.

Во 2016 година, студија спроведена од околу триесет истражувачи во осум земји заклучи дека оплодувачките ефекти на СО2 се главна причина за  „постојаното и генерализирано зголемување“ од 1982 до 2015 година на позеленувањето – односно густината на зеленилото.

До пред десет или дури петнаесет години, климатските промени беа прилично корисни и видовме зголемување на биомасата на шумите. Имаше ефект на CO2 благодарение на кој дрвјата растеа побрзо, објаснува за АФП Николас Виови, истражувач во Лабораторијата за климатски и еколошки науки (LSCE–IPSL) и коавтор на студијата.

Како што спомнува Вилијам Хапер во своето интервју, некои земјоделски оранжерии го репродуцираат овој процес со прскање на нивните култури со јаглерод диоксид со цел да се зголеми нивниот принос.

Тоа не значи дека ние моментално сме „гладни“ за CO2. Генерално, „не сме на максимална фотосинтеза, но не сме ниту гладни“, подвлекува Николас Виови во изјава за АФП.

Ако го погледнете последното ледено доба, CO2 беше многу понизок од денес, беше намален до 200 ppm, а продуктивноста беше малку помала, но растенијата добро растеа. Во теорија, ако преминеме од концентрација од 350 ppm на 700 ppm, имаме 40% зголемување на фотосинтезата. Ова се случува на почетокот. Но, доста брзо, во експериментите гледаме дека имаме ограничување што се става во функција и на крајот имаме зголемување од само 10 до 15%, посочува Николас Виови.

Наспроти тврдењата на Вилијам Хапер, според податоците на Climate.gov, (од мај 2023 година), секоја година човечките активности предизвикуваат да се ослободува повеќе јаглероден диоксид во атмосферата отколку што може да се отстрани со природните процеси, што предивикува количеството на јаглероден диоксид во атмосферата да се зголемува. Така што, глобалниот просек на атмосферски јаглерод диоксид имаше нов рекорд во 2022 година, со 417,06 делови на милион, што го крена атмосферскиот јаглероден диоксид за 50 проценти повисоко отколку што бил во прединдустриската револуција.

Иако јаглерод диоксидот се користи во фотосинтезата, од страна на растенијата и во други природни процеси, на ваков начин може да се апсорбираат само половина од количините на јаглеродниот диоксид кои се емитувани годишно. Вишокот што е емитуван од фосилни горива е тој што предизвикува глобално затоплување, пишуваат проверувачите на факти на thecable.ng.

Според интервладиниот панел за климатски промени, тело во рамките на Обединетите нации формирано за да се занимава со науката поврзана со промените на климата, модерниот човек никогаш порано не видел вакви промени на глобалната клима, а некои од тие промени се неповратни и за враќање во првобитната состојба треба да се работи наредните стотици до илјадници години. Научниците со голема доверба велат дека глобалните температури ќе продолжат да растат многу децении во иднина, главно поради емисија на гасови, а еден од нив е јаглерод диоксидот, произведен главно преку човечка активност.

Како што пишуваат проверувачите на факти на Ју Ес Еј Тудеј, глобалните температури и растот на јаглерод диоксидот се поврзани и се зголемуваат од 1880 до денес. Сепак, просечната температура на земјата флуктуира од година во година поради природата на климатските системи. Ова значи дека е можно одредена година да биде поладна отколку претхондата, иако концентрациите на јаглерод диоксид пораснале.

Има јасна корелација меѓу нивоата на јаглероден диоксид и модерното глобално затоплување. Во подолг период јаглерод диоксидот предизвикува глобално затоплување, преку тоа што се намалува можноста топлината да „избега“ нагоре во вселената, пишуваат проверувачите на факти на Ју Ес Еј Тудеј.

Во нивниот текст се додава дека глобално температурите се имаат покачено, исто како што се имаат покачено и нивоата на јаглероден диоксид.

Не можеме да избегаме од едноставната физика, дека зголемувањето на нивото на јаглерод диоксид ќе задржи поголемо количество топлина во пониската атмосфера, што ќе предизвика нагорен тренд во температуритевели Михаел Роман, научник на универзитетот Леикестер.

Проверувачите на факти на Франс Прес пишуваат дека јаглерод диоксидот е покачен, поврзан е со повисоките температури и може да предизвика ризик од екстремни временски прилики.

Моменталните атмосферски концентрации на јаглерод диоксид се околу 419.

Вивек Арора, научник во Канада кој се занимава со интеракциите меѓу јаглеродот и климатските промени, за Франс Прес вели дека 50 проценти од човечките емисии на јаглерод диоксид остануваат во атмосферата.

Останатите се апсорбираат од океаните или земјата. Ако океаните и земјата не ни го имаат дадено овој екосистем и оваа услуга, тогаш моменталната концентрација на јаглерод диоксид би била многу повисока, вели тој.

Делфин Дерјнг, водечки автор за екосистеми, за Франс Прес вели дека повисоките нивоа на јаглероден диоксид не може да не се ставаат во корелација со повисоките температури.

Националната океанска и атмосферска администрација пресмета дека директното влијание врз затоплувањето од страна на човечки продуцираните гасови, се има покачено за 49 проценти меѓу 1990 година и 2021 година. Според агенцијата, две третини од тој топлотен дисбаланс е резултат на јаглерод диоксидот!

И НАСА  и НОАА потврдува дека има раст на јаглеродниот диоксид.

Од сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина оти нивото на јаглерод диоксид е пониско од кога било во историјата, односно дека „сме гладни“ за јаглердо диоксид, како што тврди објавата што ја анализираме. Исто така, не е точно дека јаглеродниот диоксид е претворен во наводна закана. Климатските промени се фактичка состојба, реалност. Според податоците на Climate.gov , секоја година човечките активности предизвикуваат да се ослободува повеќе јаглероден диоксид во атмосферата, отколку што може да се отстрани со природните процеси, што предизвикува количеството на јаглероден диоксид во атмосферата да се зголемува. Поради сето ова, објавата што ја анализираме, ја оценуваме како неточна.

 

Овој напис е дел од заеднички проект на над 50 организации под водство на Европската мрежа за стандари при проверката на факти за справување со дезинформациите околу европските избори во 2024 година. Повеќе можете да дознаете на elections24.efcsn.com

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција