Постот дезинформира дека Столтенберг ќе биде осуден за злодела против човештвото

Фото: nato.int

Наспроти наводи изнесени во описот на видеото споделено во постот, не постојат никакви најави дека Столтенберг ќе биде осуден. Против него нема покренато никакви обвиненија од ниту една држава во светот. Столтенберг, според неговата биографија, има чесна кариера без турбуленции, секогаш бил на високи позиции каде се бараат лица кои немаат криминално минато. Во постот не е јасно наведено кој воопшто го гони за тоа дело. Формулациите употребени во описот на видеото многу наликуваат вокабуларот на Кју анон теоретичарите на заговор, кои постојано говорат за таканаречени злосторства против човештвото и како нивни наводни креатори посочуваат различни личности кои се демократски настроени

Наспроти наводи изнесени во описот на видеото споделено во постот, не постојат никакви најави дека Столтенберг ќе биде осуден. Против него нема покренато никакви обвиненија од ниту една држава во светот. Столтенберг, според неговата биографија, има чесна кариера без турбуленции, секогаш бил на високи позиции каде се бараат лица кои немаат криминално минато. Во постот не е јасно наведено кој воопшто го гони за тоа дело. Формулациите употребени во описот на видеото многу наликуваат вокабуларот на Кју анон теоретичарите на заговор, кои постојано говорат за таканаречени злосторства против човештвото и како нивни наводни креатори посочуваат различни личности кои се демократски настроени

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува видео во кое генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг се обраќа и зборува за тоа дека Финска ќе стане дел од НАТО. Во опис на видеото пишува:

01.04.2023
Финска влегува во НАТО. Овој ќе биде осуден за злодела против човештвото.
НАТО е уништувач на народите на сопствената планета.
Војници без мозок.

Наспроти ваквите наводи изнесени во описот на видеото, не постојат никакви најави дека Столтенберг ќе биде осуден. Против него нема покренато никакви обвиненија од ниту една држава во светот. Всушност, Столтенберг, според неговата биографија, има чесна кариера без турбуленции, секогаш бил на високи позиции каде се бараат лица кои немаат криминално минато.

Столтенберг стана генерален секретар на НАТО во октомври 2014 година, после различна интернационална и домашна кариера. Како поранешен премиер на Норвешка, Столтенберг отсекогаш бил силен поддржувач на голема глобална и трансатлантска кооперација.

Под водство на Столтенберг, НАТО има одговорено на многу предизвици за безбедноста, всушност тој ја има имплементирано најголемата колективна одбрана после Студената војна, зголемувајќи ја подготвеноста на НАТО силите и испраќајќи трупи во источниот дел од Алијансата. Тој верува во одбрана додека се одвива дијалог со Русија. Тој исто така има заговарано за зголемени финансии за одбрана и подобра распределба на одговорностите во Алијансата, со голем фокус на иновација. Исто така, НАТО  во негово време ја засили битката против тероризмот. Тој особено го почитува партнерскиот пристап со кооперацијата на НАТО и ЕУ, која има достигнато невидени размери.

Пред да дојде во НАТО,  тој имал позиција во ОН за борба против климатските промени од 2013 до 2014 година, потоа претседавал со панели на високо ниво во ОН за финансирање на проблемите поврзани со климата и кохерентноста меѓу развојот, хуманитарната помош и политиките за животната средина.

Како премиер на Норвешка, тој ги зголеми буџетите за одбрана и ја трансформираше норвешката армија со нови можности и инвестиции. Столтенберг, исто така, беше премиер за време на терористички напади на 22 јули 2011 година во кои  беа убиени 77 лица во Осло, барајќи како одговор на овие напади да се даде повеќе демократија, поголема отвореност и хуманост, но никогаш тоа да не се прави наивно.

Столтенберг има магистратура по економија на Универзитетот во Осло. По неговото дипломирање во 1987 година, тој работел во Националниот институт за статистика на Норвешка, пред да се приклучи во политиката.

Освен што не е вистина дека Столтенберг ќе биде осуден за злодела против човештвото, во постот не е јасно наведено ниту кој воопшто го гони за тоа дело. Формулациите во постот многу наликуваат вокабуларот на Кју анон теоретичарите на заговор, кои постојано говорат за таканаречени злосторства против човештвото и како нивни наводни креатори ги посочуваат различните политичари кои се демократски настроени.

Не е точно дека НАТО е уништувач на народите на планетата и дека во него има војници без мозок. Тоа е всушност, навреда. НАТО има критериуми како да се стане војник во НАТО. Мора да се биде од националност на земја членка на НАТО, да се биде на возраст меѓу 21 и 60 години, да се има отслужено задолжителниот воен рок во домашната држава, знаење на англиски или француски јазик, итн.

На пример, кога професионалните војници во Северна Македонија ќе бидат примени во националната армија што се случува на конкурси со строги критериуми, тие почнуваат да ѝ служат не само на нашата држава туку и на 29 земји членки на НАТО, стануваат дел од  над 3.2 милиони мажи и жени во униформа кои ѝ служат на Алијансата.

Вистиномер и претходно има дебанкирано лажни наративи за Алијансата, како оној дека е „НАТО приватна војска сите држави во НАТО се окупирани“.

Поради сите горенаведени факти постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција