Постот ја замаглува вистината околу сообраќајните правила заради политичка манипулација

Постот што го анализираме е манипулативен, бидејќи му недостига контекст. Прво, во постот не е јасно нагласено дека возилото на брзата помош немало вклучено ротациони светла, па оттука и нема право на никаква предност. Второ, не е јасно дали со полициската придружба бил токму премиерот Заев. И трето, не е објаснето дека возилата со придружба имаат предимство во однос на сите останати возила, односно, дури и Брзата помош да имала вклучено ротациони светла, таа нема право на предимство во однос на возилото со придружба

Постот што го анализираме е манипулативен, бидејќи му недостига контекст. Прво, во постот не е јасно нагласено дека возилото на брзата помош немало вклучено ротациони светла, па оттука и нема право на никаква предност. Второ, не е јасно дали со полициската придружба бил токму премиерот Заев. И трето, не е објаснето дека возилата со придружба имаат предимство во однос на сите останати возила, односно, дури и Брзата помош да имала вклучено ротациони светла, таа нема право на предимство во однос на возилото со придружба

 

Пост на Фејсбук ја доведува во заблуда јавноста дека полицијата запрела возило на Брза помош за да помине премиерот Зоран Заев. И кога ќе го прочитате ваквиот наслов, не може, а да не изреагирате бурно, но кога ќе видите за што точно станува збор, но и кои се правилата во сообраќајот, ќе сфатите дека станува збор за манипулација.

Постот споделува текст со наслов: (ВИДЕО) Полиција сопре возило на Брза помош Заев да помине?!.

Вирално видео се шири на социјалната мрежа Твитер на кое се гледа како полиција сопре возило на Брзата помош за прв да помине Зоран Заев. Сето ова се случува на „Водњанска“ пред влезот на Државна, болница а на твитер профилот на кој е објавено видеото се прашува дали возилото е запрено само за да помине премиерот Заев и неговата свита. Возилото на брзата помош нема пуштено ротациони светла, но сепак е запрено и не може да стигне до комплексот „Мајка Тереза“, се вели во краткиот текст.

Написот се повикува на објава на Твитер, но не ги содржи основните новинарски правила, а тоа е да се провери веста пред да се објави и јавноста точно да се информира. Прво, од текстот е нејасно дали полициските возила го придружувале токму премиерот Зоран Заев. Во автомобилот можеби бил некој друг државен функционер.

Второ, во текстот убаво е наведено дека „возилото на Брзата помош нема пуштено ротациони светла“, и потоа се нагласува „но сепак е запрено“.

Познато е дека ако возилата со право на предимство, како пожарно возило, возило на брза помош или полициско возило, нема пуштено ротациони светла и сирена, тоа е обично возило во сообраќајот. Па, оттука и нема потреба никој да му дава предност. Таков бил случајот опишан во текстот.

Но, дури и Брзата помош да имала вклучено ротациони светла, право на предимство во сообраќајот има возилото со придружба и тоа јасно е наведено во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Во Законот, во членот 139 став 1 јасно и прецизно е опишано кои возила се со право на првенство на минување:

(1) За возила на службата за брза помош, на противпожарната служба, на полицијата и на Армијата на Република Македонија, кога со посебни уреди даваат светлосни и звучни знаци, не се применуваат одредбите на овој закон на обврската за врзување со безбедносен појас (член 23 став (1)), за забрана за користење на мобилен телефон и други уреди (член 24 став (1)), ограничување и начинот на менување на брзината (членови 34 ставови (1) и (2), 35 ставови (1) и (2) и 36 став (1)), за забрана на престигнување и обиколување на колона возила (член 50) и за забрана за пресекување на колона пешаци (член 125 став (1)). Тие возила имаат право на првенство на минување во однос на сите други возила (член 41), освен во однос на возилата под придружба (член 138) и возилата што се движат низ крстосница на која сообраќајот е регулиран со светлосни сообраќајни знаци или со знаци на униформиран полициски службеник, под услов да не ја загрозуваат безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Значи, возилата на брзата помош, на пожарната, на полицијата и на Армијата имаат право на првенство на минување во однос на сите други возила, освен во однос на возилата под придружба.

Во членот 138 од Законот се вели:

(1) Како возила под придружба, во смисла на овој закон, се сметаат возилата на кои им е доделена придружба од возила на полицијата или од воени лица на посебни моторни возила, снабдени со уреди за давање на посебни звучни и светлосни знаци во сина и црвена боја, додека се даваат тие знаци. (2) Возачот кој на пат ќе сретне возило или колона на возила под придружба и возачот кој ќе биде престигнат од возило или колона возила под придружба е должен да го запре своето возило, ноќе наместо долгите светла да употреби соборени светла за осветлување на патот, строго да се придржува кон наредбите што му ги даваат лицата од придружбата и да го продолжи движењето дури откако ќе поминат сите возила под придружба. (3) Возилата под придружба, водејќи сметка за безбедноста на другите учесници во сообраќајот, имаат право на првенство на минување во однос на сите други возила, освен во однос на возилата што се движат на крстосница на која сообраќајот е регулиран со светлосни сообраќајни знаци или со знаци што ги дава полициски службеник.

Оттука, можеме да заклучиме дека постот што го анализираме е манипулативен, бидејќи му недостига контекст. Прво, во постот не е јасно нагласено дека возилото на брзата помош немало вклучено ротациони светла, па оттука и нема право на никаква предност. Второ, не е јасно дали со полициската придружба бил токму премиерот Заев. И трето, не е објаснето дека возилата со придружба имаат предимство во однос на сите останати возила, односно, дури и Брзата помош да имала вклучено ротациони светла, таа нема право на предимство во однос на возилото со придружба.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција