ПРЕПИШУВАЧИ: Како некритичкото пренесување на српска и руска пропаганда влијае на македонската јавност

Препишување ракописи во Средниот Век. Фото: Libro de los Juegos, 1283 г., Wikimedia Commons, Public Domain.Фото: 2018

Според поголем број истражувања и извештаи, Србија се перципира како еден од моќните сојузници на Русија на Балканот, како држава во која има голем број медиуми кои се под руско влијание/руска сопственост и држава во која многу граѓани имаат позитивно мислење за Русија и руската политика. Во исто време, според повеќе истражувања за голем број граѓани на Македонија, Србија е голем пријател на Македонија. На пример, според истражувањето спроведено од страна на Преспа институтот во февруари 2022 година, 38,6 отсто од граѓаните на Северна Македонија го делат ова мислење

Според поголем број истражувања и извештаи, Србија се перципира како еден од моќните сојузници на Русија на Балканот, како држава во која има голем број медиуми кои се под руско влијание/руска сопственост и држава во која многу граѓани имаат позитивно мислење за Русија и руската политика. Во исто време, според повеќе истражувања за голем број граѓани на Македонија, Србија е голем пријател на Македонија. На пример, според истражувањето спроведено од страна на Преспа институтот во февруари 2022 година, 38,6 отсто од граѓаните на Северна Македонија го делат ова мислење

 

Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за правна држава и човекови права

 

Слични се податоците добиени во истражувањето “Ефектот на дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси во Северна Македонија“ направено во март 2022 година. Според податоците добиени во ова истражување 73 отсто од граѓаните сметаат дека Србија има позитивно влијание на нашата земја.

Не случајно Србија се пројавува и како еден од значајните канали на ширење руско влијание и посебно руска пропаганда во С. Македонија. Македонските медиуми и граѓаните имаат доверба во она што се пренесува во српските медиуми и на српските социјални мрежи и едноставно препишуваат од нив.

 

Леснотија на препишувањето

Зошто токму Србија ја идентификуваме како можен канал за ширење на руската пропаганда во Македонија?

Прво, заради блискоста на јазикот.

Леснотијата со која може да се разбере содржината напишана на српски јазик (посебно од страна на средната и постарата генерација во С. Македонија) овозможува директно консумирање и ширење на содржините од проруски настроените медиуми  во Србија, односно, руските медиуми на српски јазик, како и на ФБ порталите како „Моја Србија, Русија“, или „Мој председник је Владимир ПУТИН“.

Блискоста на јазикот и фактот дека многу граѓани на Македонија го знаат или разбираат, овозможува и директно пренесување на видео пораки/интервјуа од високи руски функционери дадени/пренесени преку српските медиуми со српски превод.

Само како пример,  на порталот А1он/мк е дадено целосното интервју на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров со превод  на српски јазик без никаков превод на македонски.

Напис на македонски со вметнато видео РТРС,
државната телевизија на Република Српска.

Ова го практикуваат и влијателни личности во Македонија со директно пласирање содржини објавени во српските медиуми, преку социјалните мрежи да шират дезинформации, па и директна руска пропаганда. Меѓу нив се и универзитетски професори, кои често се покануваат во телевизиски емисии како експерти во разни области, а нивните објави на социјалните мрежи се пренесуваат и од низа онлајн и од печатени медиуми. Еден таков пример е професорката на државниот Универзитет  Св. Кирил и Методиј, Билјана Ванковска.

Снимка од објава на Фејсбук со која директно се пренесуваат политички ставови од странство (со јасна анти НАТО конотација).

Типичен пример на оваа појава е објавата на Фејсбук од проф. Ванковска со која таа пренеува напис од српскиот медиум B92, кој генерално ги промовира ставовите на српската влада и естаблишмент. Написот на српски јазик, насловен „Украинците решиле целосно да ги уништат Русите – имаат нов план“ нападнатата Украина ја претставува како злосторничка држава, државите и меѓународните институции кои се спротивиле на агресијата како лицемерни, а Русите како наводни жртви на украински геноцид, односно „етничко културно чистење“. Дополнителниот коментар во објавата за палење книги алудира на нацистичките практики, во линија на руското претставувања на Украина како нацистичка.

Снимка од објава на Фејсбук со која се пренесува манипулативен напис од српски провладин медиум

Дури ни во самиот напис од B92 пренесен од Ванковска не се спомнува палење на книги, меѓутоа нејзе очигледно не ја интересира ниту содржината, ниту контекстот, ниту проверката на фактите, туку едноставно користи пропагандни содржини дадени во српските медиуми со цел создавање атмосфера на непријателство кон Украина и Украинците.

Второ, односите на Србија со Косово.

Комплицираните односи на Србија и Косово многу лесно може да се проектираат во С. Македонија на односите меѓу Македонците и Албанците (посебно ако се има предвид јасно изразената ориентација на албанските политичари и функционери од С. Македонија кон Косово и нивното директно учество во отворените прашања на Косово со Србија).

Снимка од објава од 11.12.2022 г. на приватен Фејсбук-профил на Бујар Османи кој веќе не е достапен. Истата ја нема на официјалниот профил.
Слична изјава е постирана и на профилот на Бујар Османи на Твитер

Вакви и слични еднострани изјави  дадени во приватно својство (на приватен ФБ профил) кои не соодветствуваат на официјалната политика на државата дадени од страна на високи државни функционери, може да предизвикаат (во најмала мера) конфузија кај граѓаните и покрај тоа што се спакувани во обвивка на „приватно мислење“.

Имено, односите Србија-Косово се цело време во центарот на рускиот интерес и се значаен дел од руската пропаганда во српските медиуми, што ескалира со последните конфликтни ситуации на Косово.

Српските медиуми интензивно пренесуваат изјави на високи руски функционери поврзани со ова прашање и не ретко овие изјави се прелеваат во македонскиот медиумски простор (повторно без никакви објаснувања, огради, анализи или критички пристап).

На пример во српскиот медиум РТ Балкан (испостава на рускиот државен канал „RT“ односто „Russia Today“) беше пренесена изјавата на портпаролката на руското министерство за надворешни работи Захарова според која:

Мало ко је обратио пажњу на чињеницу да је до недавног заоштравања ситуације на самопроглашеном Косову дошло одмах након тога што је Европска унија одржала самит у Тирани уз учешће држава Западног Балкана, написала је Захарова на Телеграму.

Ево како је било: 6. децембра Европска унија одржава самит у Албанији, усваја Тиранску декларацију у којој подржава жељу ‘Западног Балкана’ да се придружи Европској унији. А у посебном параграфу Тиранске декларације наводи се да су самопроглашено Косово, као и Србија ‘на европском путу’, написала је Захарова.

Два часа подоцна, вест се појавува во македонските медиуми (очигледно препишана, односно верно преведена од српски на македонски од збор до збор):

Малкумина обрнаа внимание на фактот дека неодамнешното влошување на ситуацијата во сепаратистичко Косово се случи веднаш по одржувањето на самитот на ЕУ на кој во Албанија учествуваа земјите од Западен Балкан. Односно како изгледаше: на 6 декември Европската унија одржува самит во Албанија. Усвојува документ – Декларацијата од Тирана, која ги поддржува аспирациите на Западен Балкан за влез во Европската унија. Згора на тоа, во посебен став од Тиранската декларација се наведува дека сепаратистичкото Косово (како и Србија) се „на европскиот пат, напиша Захарова на својот канал на Телеграм.

Ова понатаму се рефлектира и на социјалните мрежи каде што се појавуваат нови „играчи“ кои прават спојка на овие ставови.

Еден таков пример е Зоран Јовановски, кој се претставува како  „интелектуалец, политички аналитичар и политичар“  и инфлуенсер кој го следат над 22 илјади профили на Твитер. Тој се претставува како член на „про-руското лоби во ВМРО-ДПМНЕ“  кому му се дава простор и во ТВ емисии, како и во онлајн емсии на про-руската политичка партија Родина Македонија.

Снимка на објава на Зоран Јовановски во Фејсбук-групата „Про-руски ВМРОвци“ од 23.12.2022 г. Групата моментално има 323 членови

Трето, православието како точка на поврзување.

Прелевањето на руската пропаганда преку Србија во голема мера е поврзано со православието, кое се прикажува како обединувачки вредносен фактор (и покрај историските и денешни проблеми кои постојат меѓу самите православни цркви).

По примерот на повеќе ФБ страни со кои се промовира српско-руското пријателство, почнуваат да се појавуваат и такви кои ја внесуваат Македонија во овој своевиден триаголник.

Некогаш е доволно само едностраното пренесување на одредени информации кои добиваат посебна тежина заради инволвираните индивидуи.

На социјалните мрежи се појавуваат луѓе со голем број следбеници кои ја промовираат идејата за православното поврзување и потребата од меѓусебна поддршка по линијата на православието:

Снимка на твит на Зоран Јовановски од 19.12.2022

Ова само се конкретизира во услови на специфични ситуации како што беше/е односот меѓу Србија и Косово:

Снимка од твит на Зоран Јовановски од 20.12.2022.

 

Обем на препишувањето

Еден од начините за пренесување на  информации пласирани од страна на Русија во српските медиуми во С. Македонија е целосното пренесување на текстот објавен во некој од српските медиуми со евентуална промена на насловот или испуштање на некои делови од оригиналниот текст.

Она што е карактеристично е дека по правило кога се пренесуваат изјави на високи руски функционери препишани од српските медиуми во македонските медиуми воопшто нема врска/линк со медиумот од каде што е преземена информацијата.

Само како пример, на 12.12.2022 година, околу пладне, во српскиот медиум Новости е објавена изјава на портпаролот на Руската Федерација Песков во врска со заострувањето на односите меѓу Косово и Србија од која е издвоено:

За нас је најважније да обезбедимо интересе Срба и, наравно, ми се залажемо да стране уложе напоре мирним путем и да се ова ситуација реши дипломатским путем – наставио је Песков.

Попладнето и вечерта истиот ден, во неколку македонски медиуми е пренесена информацијата за изјавата на Песков, без да се наведе конкретниот извор, меѓутоа со повторување на македонскиот превод на истата фраза:

Најважно за нас е да ги обезбедиме интересите на Србите. Ги поддржуваме мирните напори на страните и решавањето на ситуацијата преку дипломатски средстварече Песков на прес-конференција во Москва.

Најважно за нас е да ги обезбедиме интересите на Србите. Ги поддржуваме мирните напори на страните и решавањето на ситуацијата преку дипломатски средства“, рече Песков на прес-конференција во Москва.

Нам ни е најважно да се обезбедат интересите на Србите. Ги поддржуваме мирољубивите настојувања на страните и решение на ситуацијата по дипломатски пат“, кажа Песков во Москва.

Сличен пример е изјавата на Путин на церемонијата на предавање на акредитиви на новите амбасадори во септември 2022 година.

На интернет страната на РТС е дадена широка информација за настанот:

У оквиру међународног права, ослањајући се пре свега на Резолуцију 1244 Савета безбедности УН, наставићемо да пружамо српским пријатељима свеобухватну подршку у очувању легитимних права и интереса Србије, заштити њеног државног суверенитета и територијалног интегритета, рекао је Путин, а преноси РИА Новости.

Истакао је да Русију и Србију повезују односи стратешког партнерства засновани на традицији пријатељства, културне, духовне и историјске блискости братских народа.

Руски председник је напоменуо и да ће Русија подржати Србију у одбрани њених права и интереса.

Делови од оваа информација се појавуваат во македонските медиуми без никаков навод од каде се преземени и се разбира без никаква натамошна анализа на кажаното

Во рамките на меѓународното право, потпирајќи се, пред сè, на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, ќе продолжиме да им даваме на српските пријатели сеопфатна поддршка во зачувувањето на легитимните права и интереси на Србија, заштитата на нејзиниот државен суверенитет и територијален интегритет, рече Путин, пренесува „РИА новости“

Путин истакна дека Русија и Србија се поврзани со стратешки партнерски односи засновани на традицијата на пријателство, културна, духовна и историска блискост на братските народи.

Тој напомена и дека Русија ќе ја поддржи Србија во одбраната на нејзините права и интереси.

Последен пример за ова е насловот: Целиот свет се менува на подобро, се надевам дека решителноста на Русија ќе го направи светот поправеден (кој се појавува во повеќе македонски медиуми) зад кој следи текст идентичен на текстот :

Путин је истакао да се нада да ће отвореност и одлучност Русије учинити свет праведнијим.

„Свет у коме су сви народи заиста једнаки, где сваки човек има право да поштује, да следи своју традицију, да говори својим матерњим језиком, да поштује претке, где свако има могућност за самоостварење без обзира на услове у којима је одрастао, на своје порекло”, нагласио је председник Русије, пренео је Танјуг.

Потполно идентичниот текст во превод е пренесен во С. Македонија, со тоа што единствено е изоставен податокот дека е преземено од Танјуг:

Путин истакна дека се надева дека отвореноста и решителноста на Русија ќе го направат светот поправеден.

„Свет во кој сите народи се навистина еднакви, каде секој човек има право да ја почитува, да ја следи својата традиција, да зборува на својот мајчин јазик, да ги почитува предците, каде секој има можност за самоостварување без оглед на условите во кои пораснал, на своето потекло“, истакна претседателот на Русија.

 

Влијателни препишувачи

Еден од порталите кој најотворено ја промовира политиката на Путин во С. Македонија, Антропол, често ги користи изјавите на високи руски функционери поврзани со Србија како начин за промоција на „праведната“ и „пријателска“ политика на Русија која „ги почитува правата и интересите на другите држави“, наспроти „Западот“ кој води насилна, агресивна политика.

На пример, на веб-страницата на овој портал се дадени делови од интервју на амбасадорот на Руската Федерација во Србија, Боцан Харченко

За разлика од Западот, кој сака да ја изгради од Србија држава на исто ниво со другите земји кои безусловно ги поддржуваат Вашингтон и Брисел, ние тргнуваме од премисата дека најдобра опција за развој на односите со една земја е таа безусловно да го зачува суверенитетот и да се потпира на нејзините национални интереси. Ова во целост се однесува на Србија.

На страната на Антропол не може да се најде линк кон изворот на оваа изјава, меѓутоа според сличноста, може да се претпостави дека е поврзана со интервјуто на амбасадорот дадено за српскиот весник Политика, или со некоја од неговите претходни изјави дадени за српските медиуми

Боцан-Харченко је за Танјуг рекао да западу није стало до интереса других, чак иако су то земље које су кандидати за чланство у ЕУ, те да не мисли о Србији, њеном народу и могућим последицама увођења санкција.

– Њима је важно да се свака земља придружи њиховом политичком решењу. Русија је навикла на притисак, али разуме да постоји притисак на Србију и не тражи ништа од Србије, јер је познато како се развијају наши односи последњих година, који су на нивоу стратегијске сарадње и партнерства – каже Боцан-Харченко коментаришући захтеве ЕУ, САД и Велике Британије да Србија уведе санкције Русији због војне операције у Украјини.

На ова се надоврзува едностраното пренесување на искази на Владимир Путин поврзани со концептот за човековите права објавени во српските медиуми.

На пример, на порталот Точка се појави дел од изјавата на Путин дадена на состанокот со рускиот Совет за човекови права:

Гледаме дека оваа доктрина се користи за уништување на суверенитетот на државите, за оправдување на западната политичка, финансиска, економска и идеолошка доминација, истакна рускиот претседател.

Истата оваа изјава може да се најде во пошироко претставување на оваа средба во српските медиуми:

Видимо да се доктрина људских права користи за рушење суверенитета земаља, како би се оправдала западна политика, финансијско-економска и идеолошка доминација – нагласио је руски предсједник.

Под закрилата на пренесување вести од српските медиуми, и на овој начин директно се пренесува руската пропаганда. На интернет порталот на дневниот весник Вечер неретко се појавуваат објави од ваков карактер:

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во интервју за Радио-телевизија на Република Српска, зборуваше за санкциите кои Западот и ги наметна на Русија по нивната агресија на Украина и истакна дека тие потешко ја погодиле Европа отколку неговата земја.

Таму сега паѓа животниот стандард, инфлацијата расте…Ја научивме лекцијата. Никогаш повеќе нема да се потпираме на тие луѓе. Нема со нив ни да разговараме. Кога ќе престанат да лудуваат и кога ќе се смират, тогаш ќе видиме што имаат да кажат – изјави Лавров.

Дел од руската пропаганда која се пренесува со препишување од српските медиуми е насочена кон заплашување на населението. Привидот на објективност на информациите се постигнува со избегнување да се даде врската со српските медиуми од кои се презема текстот, а со наведување на наводен директен (руски) извор. Меѓутоа, паѓа во очи апсолутната идентичност на деловите кои се користат и на редоследот на напишаното.

Таков е примерот со пренесениот текст за изјава на министерката за одбрана на Австрија на порталот на Informer- Nezavisne dnevne novine и А1он/мк.

Verovatnost nestanka struje u delovima EU u bliskoj budućnosti je vrlo velika. Pitanje nije hoće li do toga doći, nego kada će doći, rekla je Taner.

Ona je upozorila javnost na pretnju od hakerskih napada na evropske sisteme snabdevanja električnom energijom.

Za Putina su hakerski napadi na energetsku infrastrukturu Zapada sredstvo hibridnog ratovanja. Ne trebamo se pretvarati da je to samo teorija. Moramo se pripremiti za nestanke struje u Austriji i Evropi”, kazala je Taner, naglasivši da se “jedna trećina građana više ne bi mogla snabdevati, najkasnije do četvrtog dana nestanka struje, piše Klajne Cajtung.

Во превод на македонски:

Веројатноста за прекини на струја во делови од Европската унија во блиска иднина е многу голема, тврди австриската министерка за одбрана Клаудија Танер. „Мораме да се подготвиме за прекини на струја во Австрија и Европа, предупреди Танер, пренесува N1.

Министерката Клаудија Танер во интервју за германскиот весник „Велт“ откри дека очекува наскоро да има големи прекини во снабдувањето со електрична енергија на територијата на Европската унија, пишува „Клајн цајтунг“. „Не е прашање дали, прашање е кога“, рече Танер.

Таа нагласи дека ризикот од широко распространети прекини на струја е значително зголемен поради војната во Украина. „За Путин, хакерските напади врз западното снабдување со електрична енергија се средство за хибридна војна. Не треба да се преправаме дека тоа е само теорија. Мораме да се подготвиме за прекини во Австрија и Европа“, рече Танер.

Таа изјави дека една третина од австриското население може да се најде во ситуации да живее без струја до четири дена.

 

Двојните стандарди го поттикнуваат препишувањето

Специфичен облик на влијание кое што се надоврзува на ширењето на руската пропаганда во С. Македонија преку српските медиуми е посебниот однос кој го промовираат кон Србија одредени високи функционери на ЕУ и посебно специјалниот комесар за проширување Оливер Верхеи, кој доаѓа од Унгарија.

Во многу наврати Србија не само што не е казнета заради блискиот однос со Русија и очигледното одбивање да го прифати европскиот приод кон војната во Украина, туку таа бенефицира од тоа и добива многу пореспектибилен однос од страна на ЕУ претставниците.

Ова може да има долгорочно влијание врз градењето на одбранбен став на С. Македонија во однос на влијанието кое доаѓа од страна на Русија, но и на врските со Русија.

Гледањето низ прсти на блискоста на Србија со Русија е многу видливо и секогаш има објаснување и оправдување. На пример, според Вархеи:

Ono što vidimo u Srbiji je da su u veoma teškoj situaciji zbog ranjivosti kada je u pitanju snabdevanje energijom i zbog nesređenog bezbednosnog okvira”, rekao je Varhelji i istakao da je zemlja gotovo potpuno zavisna od ruskog gasa i da je njena vodeća energetska kompanija u većinskom ruskom vlasništvu. (Глас Америке, 25.07.2022)
(Превод: „Она што го гледаме во Србија е  дека се во многу тешка ситуација заради ранливоста кога е во прашање снабдување со енергија и заради несредената безбедносна рамка,“ рече Вархеи и истакна дека земјата е скоро целосно зависна од руски гас и дека нејзината водечка енергетска компанија е со мнозинска руска сопственост.)

 На питање да каже која је позиција Комисије око предлога Европског парламента да Србији буду замрзнути преговори за чланство уколико се не усклади са санкцијама Уније против Русије, Вархељи је рекао да је важно да се разуме политички контекст у Европи. (Политика, 12.10.2022)
(Превод: На прашањето да каже која е позицијата на Комисијата за прелогот на Европскиот парламент за замрзнување на преговорите за членство со Србија доколку не се усклади со санкциите на Унијата против Русија, Вархеи рече дека е важно да се разбере политичкиот контекст во Европа.)

Интересно е дека наместо критика за Србија во однос на руското влијание и блискоста со Русија, тој изјавува дека:

‘Предлог Европског парламента одражава то и мислим да је порука за Србију да нам је потребна као савезник. Србија је земља кандидат која преговара за чланство и ми сматрамо да је Србија један од наших најблискијих савезника’, каже Вархељи.
Унији је ”потребно да се Србија усклади са нама и да буде на нашој страни, треба нам њена помоћ”, додао је Вархељи.
(Превод: „Предлогот на Европскиот парламент го одразува тоа и мислам дека е порака за Србија дека ни е потребна како сојузник. Србија е земја кандидат која  преговара за членство и ние сметаме дека Србија е една од нашите најблиски сојузнички,” вели Вархеи.
На Унијата ѝ е „потребно Србија да се усклади со нас и да биде на наша страна, ни треба нејзината помош“, додаде Вархеи.)

Разликата во обраќањето и во односот кон С. Македонија е многу видлива

-За Северна Македонија ова треба да биде момент за отрезнување, но и за опозицијата. Палењето документи во пленарната сала, туркањето на луѓето на насилство и поттикнувањето омраза не носат ништо, само штета. Постојат многу јасни граници за европскиот начин на водење политика, многу јасни граници за цивилизираната политика, а моја проценка е дека многу од тие црвени линии беа поминати од опозицијата, додаде еврокомесарот.

Ги надминавте границите на политичката култура, ако велите дека сте за европска иднина, сега докажете го тоа…

Наспроти ова, после  состанокот со српската опозиција:

Вархељи је истакао да је проширење Европске уније једна од најзначајнијих тема унутар те организације и да је то питање од виталног значаја за ЕУ, уз одржавање мира и стабилности.
Током састанка чули су се дисонантни тонови представника посланичких група по питању прикључења Србије Европској унији, а постављено је и питање да ли улазак Србије у ЕУ зависи од увођења санкција Русији и признавања лажне државе Косово.

(Превод: Вархеи истакна дека проширувањето на Европската Унија е една од најзначајните теми во рамки на таа организација и дека тоа е прашање од витално значење за ЕУ, заедно со одржување на мирот и стабилнсота.
Во текот на состанокот се слушнаа дисонантни тонови на претставниците на пратеничките групи по прашањето на приклучување на Србија кон Европската Унија, а поставено е и прашање дали влегувањето на Србија во ЕУ зависи од воведувањето санкции на Русија и признавањето на лажната држава Косово.)

По вулгарните навреди кои ги искажува Вучиќ за Курти

Александар Вучић: Терористички олош Аљбин Курти заслужује осуду, изабрали су најгори српски олош са дна каце, Ненада Рашића и Раду Трајковић. За мене су Косово и Метохија највећа српска светиња…
(Превод: Терористичкиот џган Аљбин Курти заслужува осуда, го избрале најлошиот српски џган од дното на кацата, Ненад Рашиќ и Рада Трајковиќ. За мене Косово и Метохија се најголема српска светост…)

Според српски медиум,  Вархеи изјавува:

Потребно је да се сви ангажују и потребна нам је и Србија да буде за столом и лидер Србије који ће седети за столом”, казао је Вархељи.
Додаје да је велика пажња посвећена односима ЕУ и Србије и политици проширења јер једна ствар коју је показала, како каже, агресија Русије на Украјину јесте да једино право дугорочно решење за мир, стабилност, просперитет јесте чланство у Унији.
(Превод: „Потребно е сите да се ангажираат и потребна ни е Србија да биде на масата и лидерот на Србија кој ќе седи  на масата“, рече Вархеи.
Додава дека големо внимание се посветува на односите меѓу ЕУ и Србија во политиката на проширување бидејќи една работа што се покажа, според него, со агресијата на Русија против Украина е дека единствено вистинско долгорочно решение за мир, стабилност и просперитет е членство во Унијата.)

Скоро истовремено, македонски медиум пренесува дека според Вархеи:

ЕУ многу сериозно ги сфаќа сите бугарски грижи и тие сега се дел од преговарачкиот процес. Сега е моментот за одговорни одлуки. Западниот Балкан треба да биде дел од нашата Европска Унија. Заедно ќе бидеме посилни, наведе Вархеји во пресрет на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел.

Во врска со предлогот за посебна резолуција (ноември 2022 година) даден во Европскиот парламент со која се предлага притисок врз Србија во однос на санкциите кон Русија, Вархеји одговара дека брзината на преговорите и финансиската поддршка треба да се базираат на напредокот во темелните поглавја и реалниот напредок на државите.

Овој приод го користат дел од политичарите во Македонија кои се отворени поддржувачи на руската линија, како пратеникот и лидер на партијата Левица, Димитар Апасиев

Бистар политичар така би играл, како Тито. Малтене тоа го прави Вучиќ, игра со сите и затоа Србија и покрај три војни кои што ги водеше сепак е најразвиена на Балканот. Мораме да играме со сите, бидејќи на еден да му згрешиме може до тој степен да ни ја разори државата со што практично ќе престанеме да постоиме – истакнува Апасиев.

Апасиев понатаму ја развива идејата:

Има многу повеќе алтернативи и секој свесен политичар треба да ги игра сите алтернативи. Тоа значи дека и европската алтернатива е една од можностите.

Нашиот став е да не се затвора вратата потполно, но и да не се оди со сè на една карта. Тоа е погубен став, погубен став за нашата надворешна политика. Ни треба реконструкција. Но, тие се обидуваат комплетно да дадат сè, a да не добијат ништо. Тука е и тоа што иритира.

„Има многу алтернативи. Видете го српскиот пример. Го имате Движењето на неврзаните, каде што игра Вучиќ. Ги имате БРИКС, ја имате „Појас и пат“ иницијативата, зближување со други големи светски сили. Има многу алтернативи.

На ова може да се надоврзе воодушевувањето кое влијателни политичари/интелектуалци го покажуваат кон претседателот на Србија во врска со неговиот наводен „цврст“ став кон 3ападот и одбраната на српските интереси:

Снимка од твит од Димитар Апасиев од 29.04.2021
Снимка од објава на Фејсбук од Билјана Ванковска од 11.06.2022.

 

Последици од препишувањето

Како резултат на сето ова може да се издвојат неколку видливи краткорочни и долгорочни последици

  1. Се задава удар на вредносниот систем на развиената западна демократија, кој многу лесно се заменува со вредносниот систем промовиран од страна на Русија преку Србија.
  2. Се релативизира војната во Украина и се создава погодна почва за прифаќање на оправдувањата на Русија за водење на оваа војна.
  3. Се воспоставува лажна врска со поранешната СФРЈ и се искористува југоносталгијата кај дел од населението за оддалечување од ЕУ интегративните процеси.
  4. Се гради атмосфера на непријателство кон Косово и се минира официјалната политика на државата кон Косово и неговата ЕУ иднина.
  5. Се гради психологија на панславистичка врска меѓу народите како заштитен механизам од сите несловенски народи, но и од западните држави како “најголем непријател“ на словенството.

 



 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција