Приказната за дедото од 101 година кому нема кој да му го честита роденденот е невистина

 

Во пост на Фејсбук се вели дека дедо Душан полни 101 година, но нема кој да му го честита, бидејќи е сам, нема никого.

Па затоа ги повикува луѓето, ако сакаат, да му го честитаат роденденот:

Се викам Душан. Полнам 101 година денес.
Никој не ми честита бидејќи немам никој повеќе.. Сам сум.
Ако сакате…вие можете да ми честитате….?

Под постот се нижат честитки за роденденот на дедо Душан и желби за добро здравје и да прослави уште многу родендени, во стилот на кај нас одомаќинетата честитка да живееш до 101 година и назад.

Меѓутоа, на 18 октомври 2020 година портал објави авторски текст со вистинскиот дедо од фотографијата објавена на постот на Фејзбук, кој слави 101 година. Се вика Душан Тасевски, и е добро познат и драг лик на редакцијата, што порталот посебно го истакнува во текстот.

Фото: 365.com.mk

Порталот накратко ја раскажува и неговата животна приказна: роден во Штип, во времето Првата светска војна, цел живот живеел во Скопје, учествувал во Втората светска војна, по професија авиомеханичар, како голем љубител на авионите, но и на книгите и на убавите жени…

Текстот го истакнува дедо Драган како пример на човек со позитивна мисла и светол дух, со пораката:

Бидете како дедо Драган – сакајте го животот, ќе ве сака и тој вас.

Но, најбитно за оваа рецензија е податокот што е наведен во текстот:

Во меѓувреме, дедо Драган чека неговата правнука да порасне уште некоја годинка, па да почне да ја чува и да ја учи на сè она што тој го научил во овие сто и една (година).

Постот на Фејсбук лаже дека дедо Драган (а не Душан) е сам и дека нема никого да му го честита 101-от роденден. Постот има функција само да собира лајкови и коментари.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција