ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Се грижиме за инвеститорите“

Во периодот 2011-2015 година, очекуваме да се реализира нов инвестициски циклус кој сериозно ќе ја раздвижи македонската економија: Поедноставените процедури за градење од 21 на 3, односно 4 чекори се прв силен импулс за започнување на нов инвестициски циклус, Почетната цена од 1 евро за квадрат за продажба на државно неизградено градежно земјиште наменето за стопански објекти, куќи, откупно-дистрибутивни центри и хотели и други комерцијални и услужни дејности, е вториот силен импулс за започнување на нов инвестициски циклус, Намалената цена за приватизација на земјиштето за фирмите од 1 до 5 евра по квадратен метар е трет силен импулс за започнување на нов инвестициски циклус. Со приватната сопственост на земјиштето, фирмите ќе можат да ја прошируваат дејноста со доградби, надградби и со други инвестиции, да земат кредит од банка со хипотека на земјиштето итн., Ќе продолжиме со редовна евалуација на фискалните погодности кои ги нудиме на странските инвеститори во ТИРЗ за зацврстување и подобрување на нашата конкурентна положба во однос на земјите од регионот и пошироко, Формирање на централизирано тело за јавно-приватно партнерство со цел воведување на центар за знаење во однос на процесот на доделување и следење на проекти од областа на јавно-приватно партнерство. Во надлежните министерства ќе формираме работни единици за следење и имплементирање на постапките од областа на ЈПП, Ќе креираме интерактивна база на парцели и неискористени индустриски објекти кои ќе им ги понудиме на инвеститорите, со што ќе обезбедиме услови за отпочнување со нивни бизни активности во најкраток рок. [Рок: 2012]

Образложение:

Во отсуство на достапни информации, испратено беше барање до Министерство за економија  за доставување на информација од јавен карактер. Според одговорот кој го добивме “Формирана е посебна работна единица- Одделение, во чија надлежност воглавно е да го развива системот на јавно приватно партнерство преку изготвување предлози за донесување на законски и други акти и нивни измени во областа на јавно приватно партнерство….Постојан и редовен надзор на спроведување на постапките за доделување договори….“.

Што се однесува на делот од ветувањето за почетна цена од 1 евро од квадрат за продажба на неизградено државно градежно земјиште, оваа цена е воведена за земјиште кое се користи за образование.

Во врска со останатиот дел од ветувањето, од Министерството за економија, не доставија информации дали се работи или е веќе остварено.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција