Произволно се тврди дека САД во Украина работеле на создавање биолошко оружје со ДНК на Руси и Кинези

Фото: Принтскрин видео

Тврдењето дека „САД во биолабораториите во Украина работеле на создавање на биолошко оружје засновано на ДНК на одредена етничка група, односно на Русите и Кинезите“, е сосема произволно и без никакви докази. Департментот за одбрана на САД уште на 10 март 2022 година објави дека Русија и Кина лажно обвинуваат за употреба на биолошко оружје, оттаму се децидни дека нема лаборатории за биолошко оружје на Департментот за одбрана ни во Украина, ни на друго место во светот. Што се однесува до видеоматеријалот во кој Роберт Кенеди вели дека ковид-19 е етнички таргетиран при што се поштедени Евреите и Кинезите, од Американскиот комитет на Евреите сметаат дека ваквиот став е „многу навредлив и исклучително опасен“, а од Лигата против клевети,  посочуваат дека „оваа ксенофобична и антисемитистичка конспирациска теорија за ковид-19 трае три години“

Тврдењето дека „САД во биолабораториите во Украина работеле на создавање на биолошко оружје засновано на ДНК на одредена етничка група, односно на Русите и Кинезите“, е сосема произволно и без никакви докази. Департментот за одбрана на САД уште на 10 март 2022 година објави дека Русија и Кина лажно обвинуваат за употреба на биолошко оружје, оттаму се децидни дека нема лаборатории за биолошко оружје на Департментот за одбрана ни во Украина, ни на друго место во светот. Што се однесува до видеоматеријалот во кој Роберт Кенеди вели дека ковид-19 е етнички таргетиран при што се поштедени Евреите и Кинезите, од Американскиот комитет на Евреите сметаат дека ваквиот став е „многу навредлив и исклучително опасен“, а од Лигата против клевети посочуваат дека „оваа ксенофобична и антисемитистичка конспирациска теорија за ковид-19 трае три години“

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Роберт Кенеди Јуниор тврди дека САД во биолабораториите во Украина работеле на создавање на биолошко оружје засновано на ДНК на одредена етничка група. За почеток работеле со ДНК на Русите и Кинезите.

Во постот е споделен видеоматеријал на кој претставен е Роберт Кенеди како зборува на вечера во Њујорк и вели дека „има аргумент дека ковид-19 етнички таргетира“:

Ковид-19 е таргетиран да напаѓа луѓе од белата раса и Афроамериканци. Луѓето кои се најимуни се Евреите и Кинезите, рече Кенеди додавајќи:

не знаеме дали таргетирањето е намерно или ненамерно.

Тврдењето дека „САД во биолабораториите во Украина работеле на создавање на биолошко оружје засновано на ДНК на одредена етничка група, односно на Русите и Кинезите“, е сосема произволно и без никакви докази.

Департментот за одбрана на САД уште на 10 март 2022 година објави дека Русија и Кина лажно обвинуваат за употреба на биолошко оружје против Русите.

САД не ѝ помагаат на Украина со биолошко оружје во војната против Русија и нема индикации дека биолошко оружје се користи од страна на Украина. Има пет лаборатории за биолошко истражување во Киев. Нивната работа се фокусира на дијагностика, терапевтски пристапи, третмани, превенција и вакцинација, не на воена употреба како што Русија и Кина обвинуваат. Нема лаборатории за биолошко оружје на Департментот за одбрана ни во Украина ни на друго место во светот. Конвенцијата за биолошко оружје забранува развој, производство, трансфер, чување или употреба на биолошки и токсични оружја“, напишаа оттаму.

Владата на САД пишува дека од февруари 2022 година, од целосната инвазија на Русија врз Украина, руските дезинформации и пропаганден екосистем растат и по волумен и по интензитет поврзано со дезинформацијата за „биолошко оружје“. Ова се прави со цел да се оттргне вниманието од руската инвазија врз Украина, да се намали интернационалната поддршка за Украина и да се оправда за војната што ја започна Русија.

Москва продолжува да турка лажни информации за биолошко оружје, без ниеден кредибилен доказ, пишува на сајтот на владата на САД.

Претходно Вистиномер дебанкираше невистинит наратив дека во Украина имало биолаборатории за уништување на словенските народи.

Истражувачот за биолошко оружје и професорка на Кингс Колеџот во Лондон, Филипа Ленцос, за „Франспрес“ изјави дека нема индикации дека овие лаборатории во Украина се користат за да се развие биолошко оружје, туку нивната цел е да превенираат ширење на заразни болести.

Уште во март 2022 година Светската здравствена организација ѝ  препорача на Украина да ги уништи патогените од лабораториите за да се спречи да се прошират и да настанат болести.

Објавите погрешно го толкуваат Договорот меѓу САД и Украина од 2005 година, чија цел е да се спречат биолошките закани, а не да се создаваат. Лабораториите се во сопственост и финансирани од украинската влада. Според Договорот од август 2005 година, украинската и американската влада се согласиле да соработуваат за „да го спречат ширењето на опасни патогени и поврзаната експертиза и да ги минимизираат потенцијалните биолошки закани“.

Во мај 2020 година, Службата за безбедност на Украина објави соопштение во кое ги повикува политичарите да престанат да шират лажни информации за постоење на странски воени биолошки лаборатории во Украина.

 

Вакциналниот скептик Кенеди

Што се однесува до видеоматеријалот споделен во постот и во кој Роберт Кенеди вели дека ковид-19 е етнички таргетиран при што се поштедени Евреите и Кинезите, од Американскиот комитет на Евреите за Си Ен Ен изјавија дека ова е многу навредливо и исклучително опасно.

Секој аспект на неговите коментари рефлектира некои од најантисемитистичките теории на заговор низ историјата и придонесува за денешниот опасен раст на антисемитизмот, рекоа од организацијата за Си Ен Ен.

Кенеди во Твит се обиде да каже дека разговорот на вечерата требало да биде „оф д рекорд“ и дека никогаш не кажал дека „ковид вирусот е таргетиран за да ги поштеди Евреите“. Но, според Њујорк пост, организаторот на настанот Даг Дехерт изјавил дека целата вечера била „он д рекорд“, односно искажаното било достапно за новинарите да го пренесат.

Лигата против клевети, исто така, го критикуваше Кенеди за тоа што го искажа во видеото. Во изјава за Си Ен Ен, оттаму велат дека:

Оваа ксенофобична и антисемитска теорија на заговор за ковид-19 трае три години.

Инаку, според Центарот за контрола и превенција на болести, од почетокот на ковид пандемијата, ризикот да се почине од ковид-19 е двапати повисок кај Латиноамериканци и Афроамериканците. Тие, исто така, имаат повисок ризик од инфекција со коронавирус и имаат ризик за хоспитализација кој е речиси двапати повисок.

Со оглед на генерациите систематско невложување во здравјето на афроамериканските заедници во САД, големите разлики во болеста ковид-19 и смртноста не се изненадувачки, вели за Си Ен Ен доктор Марсела Нунез Смит.

Кенеди долго време е вакцинален скептик кој има промовирано повеќе теории на заговор и во текот на целата пандемија говореше против вакцинацијата.

Поради сите горенаведени факти постот кој го рецензираме го оценуваме како невистинит.

 

 


 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција