Сериозно обвинување во насловот, бара „дебело“ докажување во текстот

Фото: Принтскрин колаж

Од насловот на текстот не произлегува никаква двојба дека авторот поседува доказ, или докази, дека комуникацијата меѓу поранешниот и сегашниот шеф на ВМРО-ДПМНЕ постои и овозможува постоење на надреденост на Мицкоски кон својот поранешен патрон – Груевски. Само по таков основ, од насловот би се заклучило дека некој од Будимпешта би можел да сугерира одредено однесување на опозицијата. Но, во содржинскиот дел на текстот нема оправдување на насловот, дури, што се вели, нема таков основ ниту „во трагови“!

 

Од насловот на текстот не произлегува никаква двојба дека авторот поседува доказ, или докази, дека комуникацијата меѓу поранешниот и сегашниот шеф на ВМРО-ДПМНЕ постои и овозможува постоење на надреденост на Мицкоски кон својот поранешен патрон – Груевски. Само по таков основ, од насловот би се заклучило дека некој од Будимпешта би можел да сугерира одредено однесување на опозицијата. Но, во содржинскиот дел на текстот нема оправдување на насловот, дури, што се вели, нема таков основ ниту „во трагови“!

 

На порталот „Охрид скај“ деновиве е објавен текст со доста провокативен наслов, а потоа истиот е споделен во пост на Фејсбук. Истиот веднаш го привлекува вниманието на читателите, бидејќи е претставено дека нуди експлицитен доказ за врските меѓу избеганиот експремиер Никола Груевски и политичарот кој го замени на партискиот трон – Христијан Мицкоски. Имено, насловот гласи:

ЕКСКЛУЗИВНО: Груевски барал од Мицковски по секоја цена да ја стопира набавката на вакцини за РСМ

Од ваквиот наслов не произлегува никаква двојба дека авторот поседува доказ, или докази, дека комуникацијата меѓу поранешниот и сегашниот шеф на партијата ВМРО-ДПМНЕ постои и овозможува постоење на надреденост на Мицковски кон својот поранешен патрон – Груевски. Само по таков основ, од насловот би се заклучило дека некој од Будимпешта би можел да сугерира одредено однесување на опозицијата.

Но, во текстот нема оправдување на насловот, дури, што се вели нема таков основ ниту „во трагови“!

Во написот има доста примери за тоа како ВМРО-ДПМНЕ со одредени свои постапки можела да придонесе за ширење на заразата со ковид-19. Тој дел од текстот има меѓунаслов: „Хронологија на забеганост“ и тука се наведени примери за јавни собири организирани од оваа партија есеноска. Потоа, има еден дел од текстот посветен на ситуацијата на пазарот со вакцини, кој пак, не е релевантен за насловот. На крајот доаѓаме до сегментот кој започнува со тоа дека делегација на ВМРО-ДПМНЕ ја посетила Будимпешта и веројатно читателот би рекол – дојдовме до вистинската разрешница!

Арно ама, за експлицитно тврдење: „Груевски барал од Мицковски по секоја цена да ја стопира набавката на вакцини за РСМ“, нема никаква поткрепа во текстот. Во написот е нафрлена само паушална констатација:

Посетата на делегацијата на ВМРО ДПМНЕ во Будимпешта има одредена цел, а тоа е како да се искористи моментумот да се отежни по секоја цена набавката на вакцини за граѓаните на РСМ, а со самото тоа, да се предизвика незадоволство на граѓаните спрема владата предводена од СДСМ и нејзин пад.

За ова не е понуден ниту еден доказ, нема факти кои би го оправдале изнесениот заклучок. Сè се сведува на нечија претпоставка за целта на партиската посета на Будимпешта, што не е доволно за да се испрати таква порака со насловот.

Впрочем, Мицковски по враќањето од Будимпешта рече дека „не се сретнал со Груевски“, а во гостувањето во емисијата „Еден на еден“ во јануари годинава, истакна дека „не се ни слуша со Груевски“.

Па, со оглед на тоа што не е посочен никаков видлив доказ дека токму Груевски дал инструкции да се креира дневна политика на ВМРО-ДПМНЕ, која би била противење на политиката на увоз на вакцини на власта, тврдењето искажано насловот на текстот, односно во постот што се споделува на Фејсбук, го оценуваме како невистинито.

Инаку, низ многу асоцијации можеме да мислиме за контактите меѓу врвот на ВМРО-ДПМНЕ и одбеганиот Никола Груевски, но јавноста е желна за конкретен доказ кога се отвора таа тема.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција