Шолц не глумел дека имало ракетен напад пред да го напушти аеродромот во Тел Авив

Фото: Принтскрин видео

Не може да се каже дека сите медиуми биле ставени во корист на некаква си пропаганда на Нетанјаху, како што тврди објавата. Од видеата јасно се слушаат сирените за воздушен напад и се гледаат ракети (според пишувањата тоа се ракети од противвоздушната одбрана на Израел кои ги одбиле ракетите на Хамас). Обезбедувањето на германскиот канцелар, според безбедносните протоколи морало да го евакуира Шолц. Надвор од логиката на здравиот разум е сите тие, вклучително и луѓето од неговата делегација, како и новинарите кои го придружувале, да глумеле во корист на некаква медиумска пропаганда на Нетанјаху

Не може да се каже дека сите медиуми биле ставени во корист на некаква си пропаганда на Нетанјаху, како што тврди објавата. Од видеата јасно се слушаат сирените за воздушен напад и се гледаат ракети (според пишувањата тоа се ракети од противвоздушната одбрана на Израел кои ги одбиле ракетите на Хамас). Обезбедувањето на германскиот канцелар, според безбедносните протоколи морало да го евакуира Шолц. Надвор од логиката на здравиот разум е сите тие, вклучително и луѓето од неговата делегација, како и новинарите кои го придружувале, да глумеле во корист на некаква медиумска пропаганда на Нетанјаху

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која прави манипулации користејќи ја војната меѓу Израел и Хамас.

При заминување од Телавив на Шулц и германската делегација, се сподели фотографија како лежат на писта, испод авионот.

Наводно пистата била рекетирана од Хамас!

Зошто наводно?

Кога внимателно ќе се погледне сликата се приметува дека во длабочина на друг паркиран авион, патник се качува беез никаков проблем и никаква ракета.

Медиумска пропаганда во корист на Нетанјаху и неговите злочини, стои во објавата што ја анализираме.

Објавата споделува и фотографија од германската делагација како лежи на земја, а во позадина, заокружено со црвено, се гледа човек како стoи пред скали од друг авион, иако е нејасно дали тој само стои, дали се качува или се симнал од авионот. За  ова нема никаква потврда.

Што се однесува до тврдењето дека германскиот канцелар Олаф Шолц и неговата делегација, како и новинарите кои ги придружувале, глумеле нешто во корист на медиумската пропаганда на Нетанјаху, тоа не е точно.

Станува збор за настан од 18 октомври 2023 година, кога Шолц беше во посета на Израел. Според извештаите на светските медиуми, никаде не се спомнува дека Хамас ја ракетирал авионската писта во Тел Авив, па тоа да се користи за некаква си пропаганда, како што тврди објавата. Имено, од она што може да се прочита, но и да се види од видеата кои се споделувани на социјалните мрежи, станува збор за ракетен напад кон Израел, на што одговорила противвоздушната одбрана. Поради ракетниот напад, во Тел Авив се огласиле сирените, а обезбедувањето на германскиот канцелар по протокол морал да го евакуира авионот од безбедносни причини и да го однесе Шолц во засолниште.

Авионот на германскиот канцелар Олаф Шолц мораше да биде евакуиран на израелскиот аеродром Бен Гурион во вторникот вечерта поради ракетни напади. Фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат како помошниците и новинарите кои патувале со германскиот лидер морале набрзина да го напуштат авионот и да се засолнат лежејќи на пистата, додека Шолц наводно бил евакуиран во засолниште, пишува Политико.еу. на18 октомври

Заменик-главниот уредник на германскиот дневен весник „Велт“, Робин Александар, на Х напиша:

Јас лично видов експлозии на небото додека израелската железна купола (систем за противвоздушна одбрана) пресретна два проектила, пренесе Политико.

Како што јави германскиот весник Билд, Шолц и оние кои летале со него, можеле да се качат во авионот неколку минути подоцна, по дополнителна безбедносна проверка.

Непосредно пред поаѓањето имаше воздушен аларм на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив. Канцеларот Олаф Шолц веќе се качи во владиниот авион. Сите патници мораа да излезат од авионот и да легнат на асфалтот. Шолц беше изнесен од авионот за време на воздушниот напад и со автомобил однесен до зградата на аеродромот каде што има засолништа. Канцеларот со свои очи можел да види две експлозии, пишува Билд.

Како што додава весникот, повикувајќи се на свои информации, безбедносната служба потоа го пребарала владиниот авион и го проверила од можни опасности. По дополнителните безбедносни проверки патниците се вратиле во авионот, по што тој тргнал од Тел Авив за Каиро.

Веста за инцидентот на аеродромот во Тел Авив и евакуацијата на германскиот канцелар, ја пренесоа и македонските медиуми.

Според ова, не може да се каже дека сите овие медиуми биле ставени во корист на некаква си пропаганда на Нетанјаху за да се оправдаат неговите постапки. Од видеата јасно се слушаат сирените за воздушен напад и се гледаат ракети (според пишувањата тоа се ракети од противвоздушната одбрана на Израел кои ги одбиле ракетите на Хамас). Обезбедувањето на германскиот канцелар постапило според безбедносните протоколи и морало да го евакуира Шолц. Надвор од логиката на здравиот разум е сите тие, вклучително и луѓето од неговата делегација, како и новинарите кои го придружувале, да глумеле во корист на некаква медиумска пропаганда на Нетанјаху.

Станува збор за објава која манипулира и која се обидува војната меѓу Израел и Хамас  да ја злоупотреби за да шири невистини. Поради сето погоре, објавата што ја анализираме ја оценуваме како неточна.

 

 



 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција