Шпанската министерка не отишла на конференција за климатски промени со приватен авион
Според демнатот на шпанското Министерство за еколошка транзиција, со кое го раководи Тереса Рибера, таа на состанокот не патувала со авион, ниту комерцијален ниту институционален. Странските медиуми објавија и видеоматеријали од доаѓањето на Рибера на конференцијата за климатски промени, на кои се гледа дека таа не се прекачила од автомобил на велосипед само 100 метри пред зградата каде се одржувал состанокот, како што невистинито се тврди во постот
Според демантот на шпанското Министерство за еколошка транзиција, со кое го раководи Тереса Рибера, таа на состанокот не патувала со авион, ниту комерцијален, ниту институционален. Странските медиуми објавија и видеоматеријали од доаѓањето на Рибера на конференцијата за климатски промени, на кои се гледа дека таа не се прекачила од автомобил на велосипед само 100 метри пред зградата каде се одржувал состанокот, како што невистинито се тврди во постот
Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:
Кое лицемерие !?Шпанската министерка штотуку пристигна со ПРИВАТЕН авион за да присуствува на конференцијата за климатски промени.А потоа, 100 метри пред локацијата каде се одржува конференцијата, таа излегува од лимузината, зема велосипед и се вози до локацијата додека обезбедувањето ја следи со автомобили.Претстава за народот!
Ги демантираме невистините дека министерката Тереса Рибера патувала со авион. Не патувала со авион на овој состанок, ниту комерцијален, ниту институционален. Ве молиме бидете одговорни со информациите кои ги споделувате, наведуваат од Министерството.
Дополнително, шпанските проверувачи на факти пишуваат дека профилите коишто првично ја споделиле дезинформацијата, биле избришани.
Неколку часа по неговиот вирален твит, еден од корисниците на социјалните мрежи кој тврдеше дека Тереса Рибера отишла во Валадолид со Фалкон авион, призна дека авионот не бил користен од министерката. Малдита зборуваше со министерството за еколошка транзиција за повеќе детали околу тоа кој го користел тој авион ама до објавувањето на текстот, не добивме информации, пишуваат проверувачите на факти на Малдита.
И други проверувачи на факти од Шпанија пишуваат дека Рибера не дошла на состанокот со приватен авион.
Што се однесува на делот од постот за тоа дека министерката се префрлувала од автомобил на велосипед, Њузфранс пишува дека има видеоматеријали на кои се гледа како Тереза Рибера вози на неколку различни локации, што е контрадикторно со изнесеното во постот што го рецензираме дека таа велосипед возела 100 метри, а претходно била во автомобил (во смисла на тоа дека само го возела велосипедот за пред камери).
Поради сите горенаведени факти постот кој го рецензираме го оценуваме како невистинит.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар