Стара анализа на босански хемиски институт, претставена како да е на Институтот за хемија

Фото: kunal mukherjee auf Pixabay

Објавата користи податоци од анализа што ја нарачал Националниот кризен штаб на Босна и Херцеговина од Институтот за хемиско инженерство во Тузла пред две години, на 7 април 2022 година, по валканите врнежи во областа Добошница Доње во Босна и Херцеговина. И покрај неговото официјално звучно име, Националниот кризен штаб на БиХ не е официјална институција, туку неформална активистичка група која остро се спротивставува на вакцинацијата и на какви било епидемиолошки мерки, како на пример, носењето заштитни маски за време на ковид пандемијата. Исто така, во непосредна близина на местото каде што е земен примерокот од сахарски песок, постои огромен отворен рудник за јаглен Шикуље, што може да биде едно од објаснувањата зошто концентрациите во примерокот биле толку високи 

Објавата користи податоци од анализа што ја нарачал Националниот кризен штаб на Босна и Херцеговина од Институтот за хемиско инженерство во Тузла пред две години, на 7 април 2022 година, по валканите врнежи во областа Добошница Доње во Босна и Херцеговина. И покрај неговото официјално звучно име, Националниот кризен штаб на БиХ не е официјална институција, туку неформална активистичка група која остро се спротивставува на вакцинацијата и на какви било епидемиолошки мерки, како на пример, носењето заштитни маски за време на ковид пандемијата. Исто така, во непосредна близина на местото каде што е земен примерокот од сахарски песок, постои огромен отворен рудник за јаглен Шикуље, што може да биде едно од објаснувањата зошто концентрациите во примерокот биле толку високи 

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Институтот за хемија го анализираше „песокот“. 
Паѓа од небо, пронајдоа алуминиум, бариум, никел и арсен (метали што ги нема во пустината Сахара!! ) во количини што ги надминуваат дозволените граници и до 700 пати; арсен 44 пати, бариум 660 пати, никел 2500 пати, цинк 64 пати и железо 23 пати повеќе. Дополнително, утврдено е дека примероците во овој сахарски песок содржеле 14,2 mg/kg алуминиум, а „песокот“ содржел 10.342 mg/kg или 728 пати повеќе алуминиум.
Сахарскиот песок игра улога на филтер на воздухот ги врзува засебе сите горе наведени ѓаолштини и заедно со дождот ги мие и обогатува водите со отрови …. На здравје да ние! ГОСПОД ДА ВЕ СРУШИ СИТЕ ДО ЕДЕН ТРУЈАЧИ.

Во објавата е споделена и фотографија од автомобил со траги на него, кои наликуваат на песок, односно кафени наслаги. Проверката на Вистиномер покажа дека оваа дезинформација за наводниот состав на песокот од страна на Институт за хемија, првично потекнува од Словенија и дека првичната верзија на оваа дезинформација се однесувала за наводно направени анализи во Словенија на тамошниот Институт за хемија. Додека да дојде до Македонија, во оваа дезинформација е изоставено дека станува збор наводно, за Институтот за хемија во Словенија кој наводно ги правел анализите.

Како што пишува словенечкиот медиум На длани кој ја разработува истата објава што и ние ја рецензираме, објавата во Словенија ја споделил корисник Петер Гостиќ, по што медиумот побарал одговор од Институтот за хемија во Словенија, дали навистина извршиле таква анализа.

Во врска со наведеното во објавата на Фејсбук профилот на лицето Петер Гостиќ, каде пишува дека Институтот за хемија го анализирал песокот од Сахара и каде понатаму е наведено дека во примероците биле пронајдени одредени компоненти, ве известуваме дека вакви анализи на Институтот за хемија не сме направиле и не планираме да правиме, изјави за ,,На длани” Наташа Јагер Радин, одговорна за односи со јавност на Хемискиот институт во Словенија. 

Во врска со истиот пост и Љубљана инфо споделува демант од Институтот за хемија во Словенија:

Во врска со изнесеното на Фејсбук профилот од лицето П.Г. каде е изнесено дека Институтот за хемија го анализирал сахарскиот песок и каде дополнително се наведуваат количества наводно пронајдени во примероците, ве информираме дека такви анализи воопшто не се направени.

На длани додава дека пустинската прашина која пристигна до поширокото подрачје на Алпите, навистина била присутна и во околината на Словенија. Со присуството на пустинска прашина во атмосферата, концентрацијата на ПМ 10 честичките, исто така, е поголема. Според податоците на веб-страницата Арса, концентрациите на ПМ 10 честичките над граничната вредност од 50 микрограми на метар кубен воздух се зголемени во саботата на речиси сите места каде што се инсталирани автоматски мерни станици.

На длани додава дека во објавата на Фејсбук, се црпат податоци од анализа која ja нарачал Националниот кризен штаб на Босна и Херцеговина од Институтот за хемиско инженерство во Тузла пред две години, на 7 април 2022 година, по валканите врнежи во областа Добошница Доње во Босна и Херцеговина, место со помалку од четири илјади жители. Врнежите во март 2022 година се префрлија над голем дел од Европа, вклучително и Словенија. Сè уште нема одговор што предизвикало толку високи концентрации на метали и полуметали во примерокот од Добошница Доње.

И покрај неговото официјално звучно име, Националниот кризен штаб на БиХ не е официјална институција, туку неформална активистичка група која остро се спротивставува на вакцинацијата и на какви било епидемиолошки мерки, како на пример, носење заштитни маски, за време на пандемијата со ковид-19, пишува Сиол Нет.

Дека станува збор за аномалија, случаен настан или контаминиран примерок можеби смета и движењето на Националниот кризен штаб на БиХ, бидејќи по јуни 2022 година резултатите од анализата практично повеќе не се споменуваат во огромниот број објави на нивните профили на социјалната мрежа Фејсбук, додаваат оттаму.

Исто така, во непосредна близина на местото каде што е земен примерокот од сахарски песок, постои огромен отворен рудник за јаглен Шикуље, што може да биде едно од можните објаснувања зошто концентрациите во примерокот биле толку високи.

Како што веќе пишувавме, сахарската прашина е природен феномен се јавува кога над Сахара се наоѓа циклон, односно вително движење, кое го крева песокот во повисоките слоеви на атмосферата. Ова е честа појава во пролетните месеци. Најголемата концентрација на пустински песок кај нас е во април и мај. Поголемиот дел од Европа во текот на претходните денови беше под влијание на силен антициклон кој не дозволуваше облачноста и дождот да пристигне до нас. Силната јужна струја ни донесе пустински песок од Африка.

Според веб-страницата на Met Office, сахарската прашина е мешавина од песок и прашина од Сахара, огромна пустинска област која го покрива поголемиот дел од Северна Африка. Силните ветрови креваат песок и прашина високо до небото, а кога ќе се подигнат од земјата, облаците од прашина можат да достигнат големи височини и да се пренесат низ светот.

За да падне прашината од небото на земјата, потребен е дожд. Како што паѓаат капките дожд, тие собираат честички од прашина и кога ќе паднат на некоја подлога, по испарувањето оставаат зад себе слој прашина. Ова значи дека сахарската прашина доаѓа на тлото на Европа поради ветрот и е природна, а не вештачка појава.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција