Стара фотографија од Нов Зеланд прикажана како нова од Охрид

Фото: Твитер принтскрин

Нашата проверка покажа дека фотографијата, на која се гледа тркало од автомобил на паркинг, со прикачена т.н. канџа, првпат се појавила на социјалната мрежа Твитер во 2016 година и дека според описот, истата е направена е во Нов Зеланд, а не во Охрид, како што се тврди во објавата

Нашата проверка покажа дека фотографијата, на која се гледа тркало од автомобил на паркинг, со прикачена т.н. канџа, првпат се појавила на социјалната мрежа Твитер во 2016 година и дека според описот, истата е направена е во Нов Зеланд, а не во Охрид, како што се тврди во објавата

 

 

Пост на Фејсбук преку стара фотографија, која не е направена во С.Македонија, шири лажна вест дека „скопјанец им оставил спомен тркало на охриѓани“. На фотографијата е прикажано тркало од автомобил на кое е прикачена т.н. канџа, поради неплатено паркинг место.

Нашата проверка покажа дека фотографијата првпат се појавила на социјалната мрежа Твитер во 2016 година и дека според описот, истата е направена во Нов Зеланд, а не во Охрид.

Само во Нов Зеланд. Кога ќе ве стегнат, но имате резерва во задниот дел, стои во описот на фотографијата.

Фотографијата може да се најде и на Пинтерест, а доколку ја пребарате на веб-страницата TinEye, за истата ќе пронајдете 162 резултати.

Истата фотографија е објавувана и во Македонија во 2018 година на сајтот Мотика.

Со цел да се увериме дека фогографијата не е направена во Охрид, Вистиномер се обрати и во ЈП „Билјанини извори“ од Охрид, од каде ни изјавија дека во Охрид воопшто не се употребуваат т.н. канџи за автомобили.

Имајќи ги предвид сите овие факти, можеме да заклучиме дека постот што го рецензираме е невистинит.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција