Старо видео манипулира дека жена се онесвестила поради ковид вакцината
Жената што се онесвестува на видеото е Тања Ериксен, шеф во данската агенција за лекови, која на 14 април 2021 година заедно со Сорен Бростром, генералниот директор на данската здравствена управа, држи прес-конференција за да објават дека Данска го запира користењето на вакцината против ковид-19, АстраЗенека. Иако во постот како виновник за оваа непријатна случка индиректно се посочува вакцината против ковид-19, сепак тоа не е вистина. Кога се случил инцидентот (во април 2021), Екриксен воопшто не била вакцинирана против ковид-19
Жената што се онесвестува на видеото е Тања Ериксен, шеф во данската агенција за лекови, која на 14 април 2021 година заедно со Сорен Бростром, генералниот директор на данската здравствена управа, држи прес-конференција за да објават дека Данска го запира користењето на вакцината против ковид-19, АстраЗенека. Иако во постот како виновник за оваа непријатна случка индиректно се посочува вакцината против ковид-19, сепак тоа не е вистина. Кога се случил инцидентот (во април 2021), Екриксен воопшто не била вакцинирана против ковид-19
Видео од жена која се онесвестува на прес-конференција се споделува на социјалната мрежа Фејсбук, при што се манипулира дека онесвестувањето е предизвикано од ковид вакцините. Ова е неточно, а на објавата ѝ недостига контекст.
Каде е ова, која е женава и зошто вака падна(ко тараба), а стручњаци, експерти, вистиномери, фактчекери… ???
Зошто порано не паѓаа вака често, како сега, а стручњаци, експерти, вистиномери, фактчекери… ???
Еве, повелете истражете !!!, пишува во постот.
Инцидентот, снимен во видеоклип од 14 секунди, беше споделен на Фејсбук на почетокот на 2023 година, но видеото е многу постаро. Во самиот текст на објавата се инсинуира дека ова се случило како последица од вакцината против коронавирусот.
Дека таа е пораката што сака да се испрати со споделување на видеото потврдуваат и коментарите под објавата кои велат: „Ваксинајс бустер доза“, „Imunizirana“, „Od mnogu vaksajns ke da e“.
Но, за што всушност станува збор?
Прво, со ова видео манипулира јавноста затоа што истото е од настан што се случил пред речиси две години, односно во април 2021 година. Што значи видеото е старо и не станува за нов инцидент.
Жената што се онесвестува на видеото е Тања Ериксен, шеф на фармаковигиланца во данската агенција за лекови. Таа на видеото држи прес-конференција заедно со Сорен Бростром, генералниот директор на данската здравствена управа, на 14 април 2021 година, за да објават дека Данска го запира користењето на вакцината против ковид-19, АстраЗенека.
Настанот беше привремено прекинат кога Ериксен се онесвести на подиумот.
На социјалната мрежа Твитер, Данската агенција за лекови објави дека Ериксен е „во ред со оглед на околностите“, но била однесена во болница за да биде прегледана.
Vores lægemiddelovervågningschef Tanja Erichsen er besvimet under dagens pressemøde. Hun er ved bevidsthed igen og er efter omstændighederne okay, men hun tager for en sikkerheds skyld en tur med ambulancen til skadestuen for at blive tjekket.
— Lægemiddelstyrelsen (@LMSTdk) April 14, 2021
На 19 април, пет дена по инцидентот, Ерихсен објави фотографија на Твитер и напиша дека добила „тежок удар“ во главата, но дека „сега добро закрепнува“.
Tusind tak til jer alle for omsorg og hilsner – det luner. Det var et hårdt slag mit hoved måtte tage imod, men jeg er heldigvis i god bedring nu. Det har betydet rigtig meget for mig med den store støtte jeg har fået både her på Twitter samt på andre platforme. En KÆMPE tak 😊 pic.twitter.com/EDsNLC6e4F
— Line Michan (@LMSTMichan) April 19, 2021
Иако во постот како виновник за оваа непријатна случка индиректно се посочува имунизацијата против ковид-19, сепак тоа не е вистина. Кога се случил инцидентот (во април 2021), Екриксен воопшто не била вакцинирана против ковид-19, па така нејзиното онесвестување никако не може да е поврзано со вакцината.
Данската веб-страница за проверка на факти Tjek Det, неколку дена по инцидентот, ја цитираше Данската агенција за лекови дека инцидентот не е поврзан со вакцината, бидејќи Ерихсен тогаш (во април 2021) сè уште не примила вакцина против ковид-19.
Покрај сите наведени факти, заклучуваме дека на објавата што ја рецензираме и недостига соодветен контекст за точно и реално да се прикаже ситуацијата. Без соодветниот контекст, и со инсинуирање на нешто што не е вистина, се создава лажна сликата во јавноста и се наведуваат корисниците на социјалните мрежи да поверуваат во нешто што не е вистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар