Стефан Васев од СДСМ не е син на доктор Нино Васев

Фото: Скриншот од дел од дезинформацијата

Не е вистина изнесеното во постот кој го рецензираме, дека Стефан Васев од СДСМ е син на др. Нино Васев, поранешен директор на Клиниката за онкологија. Единствено заедничко им е презимето, но тие не се татко и син, ниту имаат каква било роднинска поврзаност.

Не е вистина изнесеното во постот кој го рецензираме, дека Стефан Васев од СДСМ е син на др. Нино Васев, поранешен директор на Клиниката за онкологија. Единствено заедничко им е презимето, но тие не се татко и син, ниту имаат каква било роднинска поврзаност

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели:

#Следиме спреги на СДСМ со Онкологија! Портпарол на СДСМ е син на бившиот директор на Онкологија, Нино Васев!
Во склоп на објавата се прикажани две фотографии, едната од екс – портпаролот на СДСМ Стефан Васев, и една од поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, доктор Нино Васев.
Меѓутоа, не е вистина изнесеното во постот кој го рецензираме, дека тие двајцата се во роднинска врска. И покрај тоа што презимето им е исто, тие не се татко и син.
Поранешниот портпарол на СДСМ Стефан Васев ова директно го демантираше.

Барам во најкус можен рок да ја повлечете веста, бидејќи објавена е целосна невистина. Оттука, целосно ги отфрлам лажните вести и невистините што се шират на дел од порталите и социјалните мрежи за наводната роднинска поврзаност со доктор Никола Васев. Ниту роднински, ниту на било кој друг начин не сме поврзани со споменатиот доктор Васев. За изнесените лаги барам повлекување на лажната вест, итно објавување на овој демант и извинување поради повреда на мојата чест и углед. Во спротивно ќе ги преземам сите мерки за одговорност согласно законот за граѓанска одговорност. Со почит, Стефан Васев, стои во реакцијата.

Минатата недела на Клиниката за онкологија врз основа на судска наредба, по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, припадници на МВР извршија претреси на Клиниката за онкологија, како и на уште две локации во приватни станови во Скопје.

Притоа беа одземени компјутери, компјутерски податоци и друга документација, кои ќе бидат предмет на анализи и вештачење. Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи известија дека преземаат дејствија во предистражна постапка, поведена врз основа на новинарски текстови поврзани со работата на Клиниката. Проверките се прават со цел обезбедување докази за да се испитаат евентуални обележја на кривично дело.

Демантот на Стефан Васев го објави и сајтот Антропол кому му беше упатен.

Оригиналната вест, која била објавена на Антропол, е избришана. 

Поради сите горенаведени факти, постот кој го рецензираме го оценуваме како невистинит. Екс портпаролот на СДСМ и поранешниот директор на Клиниката за онкологија доктор Нино Васев не се во роднинска врска, туку само имаат исто презиме.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција