Стратешките партнери на С. Македонија ни го честитаа празникот Илинден

Фото: vlada.mk

Објавата што ја анализираме, намерно шири лажни вести и ги оцрнува стратешките партнери на С. Македонија, нарекувајќи ги „душмани“, а на сметка на тоа ја глорифицира Русија. Точно е дека Русија ни го честита празникот Илинден, но честитки испратија и амбасадите на САД, Франција и Велика Британија, како и делегацијата на ЕУ во Скопје 

Објавата што ја анализираме, шири дезинформации и ги оцрнува стратешките партнери на С. Македонија, нарекувајќи ги „душмани“, а на сметка на тоа ја глорифицира Русија. Точно е дека Русија ни го честита празникот Илинден, но честитки испратија и амбасадите на САД, Франција и Велика Британија, како и делегацијата на ЕУ во Скопје 

 

 

Рецензираме објава на Фејсбук која шири дезинформација дека Русија ни го честита празникот Илинден, а стратешките партнери не го сториле тоа.

Додека братска Русија ни го честиташе Илинден 🇲🇰,душманите македонски ,т.е. “стратешките партнери” молчат, стои во објавата што ја анализираме.

Во неа е споделен и принтскрин од честитката на руската амбасада во земјава.

Но, не е точно дека стратешките партнери на С. Македонија не ѝ го честитале празникот Илинден. Вистиномер ги пребара објавите на амбасадите на САД, Франција и Велика Британија и на Делегацијата на ЕУ во земјава и видовме дека, не само што ни го честитале празникот, туку и учествувале во државното одбележување на истиот.

САД на пример, упатиле двапати честитки на 2 Август (тука и тука).

Од француската амбасада објавиле фотографии од одбележувањето на 120-годишнината од Илинденското востание во Скопје, Пелинце и Крушево.

Вршителот на должност, г-ѓа Емануел Гардиј, положи венец во Скопје, на свеченоста предводена од Премиерот Димитар Ковачевски, стои во објавата на француската амбасада.

Честитка по повод празникот Илинден упати и британската амбасада во земјава.

На покана на претседателот Стево Пендаровски, британскиот амбасадор Метју Лосон денес во знак на почит положи венец пред Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце за време на чествувањето на 2 Август – Денот на Републиката. Амбасадорот ја посети и куќата каде престојувале офицери од Британската армија во Втората светска војна, за да ги обучат партизаните како да се борат. Петчлената британска мисија ја сочинувале мајор Мостин Дејвис, капетан Френк Томсон, капетан Дагмар и двајца радиотелеграфисти. Честит празник и 120 години од започнувањето на Илинденското востание, стои во објавата на британската амбасада во Скопје.

Честитки по повод празникот пристигнаа и од Делегацијата на ЕУ во Скопје и од евроамбасадорот Дејвид Гир.

Од ова може да се заклучи дека објавата што ја анализираме, шири дезинформации и ги оцрнува стратешките партнери на С. Македонија, нарекувајќи ги „душмани“, а на сметка на тоа ја глорифицира Русија. Точно е дека Русија ни го честита празникот Илинден, но честитки испратија и амбасадите на САД, Франција и Велика Британија, како и Делегацијата на ЕУ во земјава. Поради тоа, објавата ја оценуваме како невистинита.

 

 



 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција